Парфем (Патрик Зискинд)

Дискусија во 'Книги' започната од AnaKarenina, 1 ноември 2013.

  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.974
    Пол:
    Женски
    Сместен во Франција во 18 век, Парфем ја раскажува необичната и застрашувачка приказна за Жан Батист Гренуј, еден лик кој колку што е фасцинантен, толку е и одвратен. Самиот роден без никаков мирис, но надарен со невообичаено развиено сетило за мирисање, Гренуј станува опседнат со идејата да создаде совршен парфем што ќе го направи целосно човечен.

    Користејќи ги своите раскажувачки квалитети, како и познавањето на парфемериската технологија и сите детали за истата, Зискинд дава една јасна визуелна слика за мирисите. А брилијантните и детални описи ни даваат извонредна слика на целата убавина, но и мизерија на Франција во предреволуционерната епоха.
    [​IMG]

    Ова толку убаво спакувано книжуле ми правеше друштво изминативе денови, а откако видов дека немаме тема за овој роман, решив да отворам. Забележав дека многумина на форумов ја прочитале, па се надевам дека ќе се вклучите во дискусијава и ќе ги споделите вашите импресии.

    Низ читањето постојано низ глава ми се вртеше прашањето - Дали човекот може да ги промени вродените мани и доблести? Додека ја читав, имав чувство дека во книгава се собрани сите постоечки епитети. Идејата за оваа приказна сама по себе е брилијантна, но фасцинирачки е и начинот на кој е раскажана. Верувам дека ликот на Гренуј оставил длабок впечаток кај сите оние кои ја прочитале книгава, поради тоа што се одликува со одвратност, но истовремено е лик кој предизвикува воодушевување.

    Какви впечатоци ви остави вам оваа книга?
     
    На Mishela и 1209 им се допаѓа ова.
  2. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.374
    Допаѓања:
    54.322
    Драга АнаКаренина, книгата Парфем ја читав пред 7-8 години и навистина ми остави длабок впечаток - на содржината и ден денес се сеќавам со чувство на одвратност. Напишана е прекрасно, со многу впечатливи описи кои не се забораваат, а на сите што сакаат да ја читаат им препорачувам да се подготват за една книга која се вовлекува под кожа!!!
     
  3. sweet-cherry

    sweet-cherry Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    2.231
    Допаѓања:
    17.237
    Пол:
    Женски
    Јас би ја ставила во купот на класици, сметам дека секој треба да ја прочита, и навистина би рекла дека е извонредна книга.Вообичаено не сакам премногу навлегување во описи, но оваа книга некако на поинаков начин се претставени описите и мошне добро ни ја доловуваат бедата на Франција.Поради многуте критики што ги имав читано за книгава очекував малку повеќе да ми предизвика одвратност, но сепак во никој случај нема да ве остави рамнодушни.Фасцинантно е што може еден мирис да направи, и на одличен начин се претсавени мирисите, авторот навлегува во секој детал и напротив не е досадно.Крајот, ме остави во двоумење, не го очекував, и тука го доживеа мојот врв на одвратност.

    И би сакала да споделам еден цитат.
     
    На Hipica и 1209 им се допаѓа ова.
  4. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    3.404
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто никако не се активира темата, а баш книгава е вредна за дискусија.

    Совршено склопена и детално обработена, со главна нишка - парфемот.Тој е оној кој ја поседува моќта, привлекува, а воедно е и опиум за Гренуј.Маестрално дело, со оглед на тоа што опфаќа една неверојатна тематика.Обично и не памтам имиња на писатели, ама доста голем впечаток ми остави со стилот на пишување, така што би прочитала и нешто друго од Зискинд. (y)
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Jane Lane

    Jane Lane Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    312
    Пол:
    Женски
    Додека сум уште под импресии, умствено си верглам за малкуцка извртениот крај на книгава.
    Ја барав со години и на крај испадна на тазе купен Киндл да си ја симнам и да ја прочитам за еден ден.
    Па дали е можно во исто време и да ме изнервира (зашто очекував по некоја стандардна логика за трилери, таткото на последната девојка да го пронајде во Париз и да го суреди по сите стандарди во име на жртвите на психопатот) и да ме остави да паѓам на задница саати откако ја прочитав и да сакам подолго да трае зашто е предобра приказна,на моменти толку реално опишана што се чувствував како навистина да сум таму и мирисите на поганштилакот под нос да ми крчкаат.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    12.060
    Допаѓања:
    160.636
    Пол:
    Женски
    @Jane Lane каква случајност, баш пред два-три дена ја дочитав и сега гледам дека си ја активирала темата после неколку години :D
    И јас ја ставам книгава во препорачливи must-read за секого. Приказна која никого не би оставила рамнодушен, пренесена со прекрасен стил и речник на опишување до најмали детали, што те внесува целосно во истата. :bow:
     
    На Jane Lane му/ѝ се допаѓа ова.