Пасивна куќа

Дискусија во 'Дом' започната од Marcesa, 22 мај 2015.

  1. Marcesa

    Marcesa Нов член

    Се зачлени на:
    22 мај 2015
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Сте слушнале ли за овој тип на објекти и што претставуваат? Мислите ли дека ги има кај нас?
     
  2. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Тоа се екононмични градби, односно термо системи.





    passiv-house-pr-12.jpg



    [​IMG]
    Концептот на пасивни куќи претставува највисок денешен енергетски стандард со ветување за намалување на потрошувачката на енергија за греење на објекти дури до неверојатни 90%.

    Климатските услови во нашата земја се такви да во зима ни е неопходно греење, во лето е потребно ладење. Сето ова води кон голема потрошувачка на енергија и токму заради таа важна причина треба да се размислува за ефикасно користење на енергијата. Ова прашање треба да се разгледува уште на почетокот на проектирањето на згради, куќи, бидејќи тогаш најлесно може да се согледаат битните елементи.

    Широката примена на дизајнот на пасивни куќи ќе има драматично влијание врз зачувување на енергијата. Прашањето е: Како можеме најдобро да направиме енергетските потреби на нашите згради или куќи, да бидат во согласност со оние на животна средина и на нашите паричници?

    Пасивните куќи се многу добро изолирани, речиси не пропуштаат воздух, првенствено се загреваат со пасивните сончеви зраци и со внатрешнта топлина од луѓето, електричната опрема, итн. Во ваквите ситуациии, енергетските загуби се минимизирани. Дополнително затоплување се обезбедува од страна на исклучително мали извори (грејни тела).
    Пасивната куќа е сеопфатен систем кој работи со природни ресурси, ефикасно ја користи бесплатната сончева енергија и не се потпира на активните системи за да ја постигне сканата позиицја на “нулта” енергија. Со високите перформанси на тројно застаклени прозори (прозор со добра изолација), изолација на сите површини кои не дозволуваат бегање на топлината, избалансироно обновување на енергијата со помош на вентилацијата се постигнува намалување на потрошувачката на енергија и емисија на јаглерод.

    Посебно внимание се посветува на т.н “пасивна соларна изведба” или “пасивни згради” каде сончевото зрачење се искористува за намалување на потребите за греење во грејната сезона, како и за осветлување на просториите. Од аспект на помала потрошувачка на енергија, зградата треба да биде во покомпактна форма, т.е зборот на надворешните површини да биде што помал. Поголемата страна треба да биде завртена кон југ и исто така таа страна да има поголеми стаклени површини. Преку стаклените површини на јужната страна навлегува сончевото зрачење и истовремено топлина примаат ѕидовите, подот ,таванот и сите останати предмети кои потоа ја оддаваат таа акумулирана топлина.[​IMG]

    Доколку во тој предел се јавува интензивен ветер, се препорачува засадување на зимзелени дрва на одредена далечина на северната страна со што се ублажува струењето и има помали топлински загуби.

    Концептот на пасивна сончева изведба можеби не одговара за локација во Македонија во летниот период со високи температури. Но постојат многу различни мерки да се намали влијанието на тие сончеви зраци во тој период. Една од нив е поставување на ролетни на надворешната страна на прозорот, продолжен покрив или мала стреа над прозорците на јужната страна кои би го спречиле силното сончево зрачење во лето, а во зима поради нискиот агол тоа ќе биде искористено.

    Истражувањето градење на науката кулминираше во развојот на планирање пакет пасивни куќи (PHPP) кои детални проекти за топлина, загубата на топлина, и првична употреба на енергија за поединечни градежни параметри. Најновата верзија на PHPP се исто така и проектите за ладење, ладење на товари и латентни ладења. Базирани на повратни информации од многу детални податоци за логирани згради, софтверот постојано се усовршува и вклучува ажурирани пресметки за различни клими низ светот.

    Може и овде повеке да се прочита

    http://energetskaefikasnost.info/pasivna-kuka/
     
    На mecence987 и kjukli им се допаѓа ова.
  3. Marcesa

    Marcesa Нов член

    Се зачлени на:
    22 мај 2015
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Прв пат го сретнав скоро овој термин и баш ме заинтересира. Најпрво мислев дека се работи за куќа во која никој не живее или не се употребува, ама после разбрав колкав комфор може да понудат. Сега не знам дали кај нас има некоја веќе изградена куќа од овој вид. Да каже некој, да сподели ако знае придобивки од живеење во ваков објект?
     
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.750
    Допаѓања:
    80.961
    Пол:
    Женски
    Има кај нас неколку такви објекти - деловни и индивидуални семејни, јас знам за неколку и исто така уште се градат и тоа многу ме радува. :)
    Во иднина би требало уште повеќе да се популаризираат кај нас, низ светот веќе некое време се апсолутен хит.

    Придобивките од пасивните објекти се како да ви кажам, благодет. Огромна е разликата кога се споредува живеењето во да речеме стандардна просторија и просторија од овој систем. Штета што финансиски секој не би можел да си го дозволи ова, но јас тврдам дека е исплатлива инвестиција за цел живот, а вложените средства се враќаат по одредено време преку потрошувачката на енергија, која повторно не може да се спореди со онаа во обичниве објекти.
     
  5. Marcesa

    Marcesa Нов член

    Се зачлени на:
    22 мај 2015
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Ги поистоветуваат со стандард на живеење и добро е тоа што и веќе постоечка куќа може да се прилагоди и да стане пасивна куќа. А цените биле 250-300Е поскапи од веќе постоечките цени по м2. Тука најдов интересни информации http://energetskaefikasnost.info/pasivna-kuka/
     
  6. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Во странство (ЕУ) е доста скапа инвестиција така да дури после 15 години се враќа инвестицијата но можеби кај нас заради поевтините градежни материјали и работната рака многу побргу би се вратила инвестицијата.
     
  7. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.128
    Допаѓања:
    282.327
    Мојов веќе 15 год. е во оваа бранша, иако не во изградбата на куќи, но татко му 30 год. имал градежна фирма која била специјализирана за градење куќи па е запознаен и со овој модел.
    Јас не се разбирам многу, што сум слушала негови коментари дека е скапо, непрактично и нездраво.

    Постојат посебни правила како треба куќата да биде изградена(што е прескапо) а потоа на таков посебен вид на куќа ваков вид на скапа инвестиција да биде вградена.
    Овие куќи се склони на мувла така да шпарање на материјал не е воопшто препорачливо. Мора стварно да биде изградена според највисоките стандарди.

    Прозорец да не смееш да отвориш од страв дека цела енергија ќе ти избега.
    Филтрите треба често да се менуваат што истотака не е ефтино.
    Он рече за себе никогаш не би изградил ваква куќа:?:.

    Едит- прилагодувањето на постоечка куќа во пасив куќа според неговото искуство секогаш се покажало како неуспешно.
     
    Последна измена: 25 мај 2015
    На Giovanna и XMaN им се допаѓа ова.
  8. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    И јас прочитав кратко но изгледа е комплицирана изведба, многу лесно се греши со што можат да настанат здравствени последици а одржувањето на целиот систем е скапо.
     
  9. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.128
    Допаѓања:
    282.327
    Стандардните куќи се изградени од цигла која ја зема влажноста од воздухот во домот и ја транспортита надвор.
    Ова не е дозволено кај пасив куќите. Од старт мора посебна изолација, материјал за да не пропушта воздух. Посебно внимание се обрнува во делот кај вратите и прозорците.Тука не смее 99% успех оти цел принцип паѓа во вода.
    Мора 100% вистински материјал, стручна работна рака и секако квалификувани лица кои сето тоа ќе го дизајнираат и водат.
    Затоа и е огромната скепса и неуспехот при обидот постоечка куќа да се прилагоди
    Втората инвестиција е инсталацијата. Грубо кажано 40 000 евра.
    Да не заборавиме дека не функционира само од себе. Потребна е електрична енергија, само помало количество.

    Е сега да се искалкулира колку години живот ти треба за да повратиш парите кои си ги дал за да живееш во реактор ...до тогаш ќе ти цркне гарант неколку пати цела инсталација.
     
    На Dust, XMaN, Abeja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.945
    Допаѓања:
    10.080
    Мене ова ми изгледа попрактично за индустриски објекти и затворени типови животински фарми каде што е потребно загревање иако и тоа би го ставила под знак прашалник затоа што има и многу други алтернативи, ама во вакво нешто да живеам не би сакала. Мислам дека супер може да се заштеди енергија со соодветна изолација и со евентуално поставување на сончеви колектори и онака последно кога читав имаа доста голем напредок и подобрување на фотокелиите.
    Башка грејна сезона е неколку месеци, а каде е електричната енергија што се троши за се останато.
     
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.750
    Допаѓања:
    80.961
    Пол:
    Женски
    Дека е нездраво, не би се согласила. Не може да биде нездрав систем што користи обновливи природни ресурси. Конвенционалните извори на енергија се користат минимално во споредба со овие погоре.
    Воздухот секогаш е свеж и пријатен во лето, во зима никогаш не е сув и загушлив. Потрошувачката на енергија е дваесетина пати помала од вообичаено, се заштедува многу, многу голем дел од енергијата.
    Најмногу треба да се внимава на изолацијата, да се употребат квалитетни изолациони материјали внатре и надвор, со чија помош ќе успее да се извлече максимумот кој го нуди овој систем.
    И споредено со обичен објект во кој има вклучено вакви изолации, повторно пасивниот има значително помала потрошувачка на енергија.

    А за скапо - во секој случај. Грубо отприлика испаѓа околу 30-40% поскапо од обична градба, но сепак е инвестиција која ќе почне да ти се враќа постепено, неколку години по имплементирањето.
    Ова го кажувам од сопствено искуство.

    Изведбата на овој систем на веќе постоечки објект би била „плукни-залепи“ и според мое видување, би било многу работа за речиси никаков резултат. Најдобро е да се спроведе и испроектира од самиот старт на изведба на објектот, за да се извлече максимумот од се`.
    Според мене е навистина благодет да се живее или работи во ваков објект.
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  12. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.128
    Допаѓања:
    282.327
    Делот нездрав беше поради фактот дека постои прилично комплексен систем од цевки во кој се депонираат бактерии, маснотии при транспортот на конденсирана вода....
     
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.750
    Допаѓања:
    80.961
    Пол:
    Женски
    Затоа тука се филтрите. :)
     
  14. shverkova

    shverkova Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2011
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    70
    Самиот систем на градба е со специјални цигли како према надвор,така и помеѓу преградните ѕидови како и самата меѓукатна конструкција(подот односно таванот) и затоа во Македонија и скоро да не се гради пошто цената е скапа.Според ЕУ нормите вакава инвестиција се враќа од10-12 години.Ви пракам слика од преграден блок кој се корист за внатрешни ѕидови[​IMG] enr cig.jpg
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  15. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.128
    Допаѓања:
    282.327
    Поради тоа во првиот пост ги споменав трошковите за филтри, плус контроли и проверка.

    Вечер може ќе имаме гостин кој има проектирано ваков вид на пасивни куќи.
    За да не биде расипан телефон со информациите кои ми ги кажува мојов, ќе го прашам директно за подетални информаци и мислење стекнато врз основа на 20 години искуство како архитект, градежен инжињер и статичар.
     
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.750
    Допаѓања:
    80.961
    Пол:
    Женски
    Во ред тоа, но мислењето ти беше така напишано, што сфатив дека системов го сметаш за нездрав, а реално навистина е спротивно на тоа.
    Се се изведува на високо ниво, нема ништо чкарт што би допринело да се загрози и природата и просторот на живеење, нуди многу лагодности и проблемите како влага, мувла и сл. се сведени на точка нула со употребата на соодветни изолации, премази и материјали во фасадните и преградните ѕидови и мкк - подови/плафони.

    Поверојатно е да се појави влага во традиционална конструкција отколку тука.
     
    На Marcesa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.128
    Допаѓања:
    282.327
    Се сложувам со тебе.
    Теоретски е сето тоа така и барем на почетокот функционира на истиот начин.
    Но и покрај високата инвестиција, најквалитетни материјали и редовни одржување сепак праксата и теоријата не се поклопуваат секогаш, или барем не без константни тековни спрепки.

    Многу куќи останале недоизградени и само фушарски обид баш поради оние 100% кои финансиски и технички е тешко да се достигнат за да се постигне нивото на исплатливост.

    Пренесов само разговори помеѓу лица кои се запознаени и подетално се занимавале со оваа тематика и извлекле свое мислење кое му било пренесено на мојов после долгогодишно работно искуство.
    Претпоставувам дека дури ни во германија каде се следат посебни стандарди и материјали праксата откажува после определен временски рок штом истите оние кои се занимаваат со проектирање на овие домови не би ги избрале за себе.
     
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.750
    Допаѓања:
    80.961
    Пол:
    Женски
    Ама ако одиме така, тогаш принципот теорија vs. пракса важи за сите типови на објекти и за се општо.
    Сложен е процесот и сметам дека за негова успешна имплементација треба многу познавања и искуство, т.е. квалитет, а не квантитет.

    И баш ме чуди последниов пасус Дани, затоа што нашиот соработник и ментор е Германец со децении искуство во оваа област и од него научивме се што знаеме. И сите такви како него со кои се консултиравме, препорачуваа вакви зелени објекти, повеќето од нив веќе имаа или беа во изведба на сопствени.
    Дали во меѓувреме нешто се сменило на полошо или подобро не знам, но јас останувам активен навивач за пасивните системи. :lol:

    П.С. Споделувај се што знаеш, мене многу ме интересира оваа област, сакам да прочитам различни искуства и гледишта.
     
  19. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Од тоа што прочитав на интернет лесно се фаќа мувла и ако се згреши во некоја поединост може да има здравствени последици. Во северна европа имаат проблем со цевките што одат во земја додека во централна немаат, има многу фактори што треба да се земат во предвид а изгледа не е лесно да не промакне некоја важна поединост.

    Како теорија е одлично ама и тоа малку што прочитав не ме убеди дека е исплатливо не само и финансиски туку и здравствено.

    Сепак интересна тема и мене ме интересира да дознаам нешто ново од тие што имаат директно или индиректно искуство.
     
    Последна измена: 25 мај 2015
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  20. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.128
    Допаѓања:
    282.327
    Од другата фракција се овие изгледа:rofl:.

    Баш му читам на мојов муабетиве и реакцијата беше дека сите зборат само за предностите, а она што не им одговара го игнорираат, посебно инжињерите:rofl:.

    Јас лично не би можела да замислам да не можам да отворам прозорец(посебно кујна и веце :tmi:), да отворам врата кон балкон, да си изнесам постелнина да ми се луфтира или да го почуствувам мирисот од дрвата во градината.


    Плус мене овие куќи ми личат на реактор. Стерилно, безживотно...мојов ги вика за дегенерирани академски граѓани и бирократи:rofl:.
    Но сето тоа ствар на вкус.

    Кај мене е најголемата скепса исплатливоста.
    Со западноевропски цени на материјал, систем, имплементација, филтри дури ни тука не е исплатливо и не се сите убедени во ефикасноста.
    А доколку сето тоа се сака да се постигне во македонија би било прескапо претпоставувам бидејќи во ваков вид на проекти кратење од квалитет на материјал или набавување поефтин систем за инсталација не би го достигнало посакуваните 100%. Компетентноста друга ствар и обидите за заработка преку продавање на илузии на нов пазар.
     
    На Annath, okcenzi и awl им се допаѓа ова.