Гледам мнг луѓе во странство посебно Америка имаат повеќе извори на пари и пасивен приход.Па ме интересира како е ситуацијата кај нас. Мнг сиромашни земји ги немаат опциите што останатите ги имаат за пасивен приход па некако некои успеваат...Дали пари од кирија од станот што го издавате, или нудите курсеви некои обуки, дали инвестирате, купувате акциии, анкети, инфлуенсери сте, недај боже сте дел од мултилевел маркетинг итн Да дискутираме додатна заработка која не ви одзема толку време за разлика од вашата секојдневна работа и е убав извор на пари... Јас моментално размислувам на оваа тема, бидејќи пари не ми стигаат од мојата плата
Убава тема, ама штета што никој не одговорил. Размислував за оваа опција и се распрашував, анализирав. Ако немаш знаење, ако не се вложиш, не можеш апсолутно ништо да постигнеш ни со многу труд, а не со малку. Делува како да е лесно, ама не е. Пример, познавам јутјубери кои со години снимале материјали без да ги монетизираат. Значи снимале 4-5 години, па дури потоа стигнале до некоја мала заработка на која плаќаат даноци во своите земји. И за продажба на фотографии велат дека има голема конкуренција, а за купување акции ти треба знаење. Еве мој бивши купуваше акции, ама мајка му беше финансиски директор и го упатуваше како да инвестира. За да купиш недвижен имот и да го издаваш ти требаат пари. Исто, следам доста јутјубери, значи гревчиња, се мачат со прегледи, по 200-300 прегледи на видео. Преголема конкуренција има на јутјубот.
Еве јас да си кажам лично за себе. Јас имам два пасивни приходи и многу се вложив во истите за да стасам до истите, и треба мноогу труд и инвестирање во себе. Едниот пасивен приход ми е што држам часови германски на страна од мојата главна работа а вториот ми е тоа што сум content writer. Така што не можам да дадам конкретен совет за пасивни приходи но мислам дека сите пробуваат да ги практикуваат па и да работат по две работи за да стигнат повеќе пари. Мој совет би било да вложите во нешто што ве инвестира, да учите можеби јазик или уште некоја друга вештина којашто во моментов е актуелна и се бара па и покрај тоа да извадите плус пари.
Ова не спаѓа во пасивни приходи. Под пасивен приход пример спаѓа издавање апартмани, не вложуваш многу време во истото. Или продажба на веќе снимен курс.
Ако не вложуваш многу време = малку пари. Колку часови ќе дадеш толку ќе ти зависи висината на заработката. Passive income is about creating a consistent stream of income without you having to do a lot of work to get it.
Двете. Колку време помина до создавање пасивни приходи? За јазикот сигурно години, додека го совладаш. Во суштина делува како лесно, но воопшто не е лесно.
Германски учев скоро 7 години активно пред да дојдам до тука кадешто сум. Не викам дека на секого би му требале толку години но за да го зборуваш скоро како човек што живее таму, годините се толку. На некого можеби помалце или повеќе ќе му одземат. Инаку не е воопшто лесно, мачно, тешко и трнливо е ама тоа е. Еден ден ќе ти се исплати ако се вложуваш. Инаку content writing се занимавам скоро година дена, и за тоа треба многу буткање, барање клиенти и слично.
Добро тоа content writer гледам по многу огласи кај нас го има и како што читам на форумот, имало измами. Веројатно си работиш за странци? Тоа се текстови на одредени теми каде перфектно мораш да го познаваш јазикот?
Mи текна за камата од орочени пари во банка. Тоа може да биде пасивен приход. Еден мој поранешен колега, имаше пари во банка(заработени од печалба, не од македонска плата), немаше идеја да инвестира во бизнис, си ја реновираше куќата, си купи опрема за работа и кажуваше дека на три месеци си вади солидна камата, која му го дополнува буџетот. Е сега, за да вадиш таква камата, сигурно треба човек да има голема сума пари, што реално ретко кој може да си овозможи, освен ако не работел во странство. Ако некој има вакво искуство, нека пише.
Не ти се исплаќа, на годишно ниво имаш 3-4 посто камата а имаш повеќе од 4 посто инфлација со кризиве во денешницава, друго беше во минатото
Овој пример беше од пред 10 години, а човекот работеше на Блиски Исток, сигурно имал илјадници евра во банка. И не знам дали пример ако има некој орочен депозит и може да отиде на 3 месеци да каже „Дај ми ја само каматата?“. Еве нека е и некоја смешна сума, макар да платиш сметка за мобилен, дали е можно така, да ги бара на 3 месеци тие пари или мора да помине календарска година?
Ја сакам у иднина да рентам 2 стана, и акции да си купам здравје кога ќе иам поише пари. Мислам доста ќе се.
Ако не се лажам, 3 4 проценти се каматите.А да вади на некплку месеци камата, тешко тоа.Банка нема да ти даде на месец, ѕуку на година. Јас акции, станови, во образование би инвестирал како до сега.
Да ти одговорам дали може месечно да се вади каматата - зависи дали договорот за депозит е со или без капитализација. Постои и договор со месечна исплата на камата ама генерално има помала стапка на камата, а и такви на фиксен период од 12,24,36 месеци итн. со повисока камата, ама ако го разорочиш пред истекот на периодот во договорот ја губиш цела камата. И нормално што подолг е периодот на орочување, поголема е и каматата.
Засега издавам еден стан. Во иднина (не толку блиска) планирам да земам уште еден или пак апартман во Охрид/Грчка и тој да го издавам, за туристи секако. Освен рентање, друга опција за пасивен приход не гледам.