Ја отварам темата за сите оние кои патувале и кои сакаат да раскажуваат за местата кои ги посетиле, нивни доживувања, импресии.. Темата не е за да кажете само каде сте биле и колку дена и да наброите некои работи како во Омилени дестинации или Патувања, туку е нешто многу поразлично ( се надевам дека коментарите на Пирана ќе бидат преместени тука и ќе можеме да уживаме и соживуваме во напишаното )
Ќе се потрудам да ви доловам некои интересни моменти и доживувања од мојот одмор во Бугарија, потчно во Несебар и Сончев брег. Бев пред 2 години, со автобус тргнав од Кочани, кај 10 навечер, повратна карта беше околу 40 евра колку што паметам.. и само што стигнавме до Делчево ете го автобусот почна да чади, се расипа. Баксуз невиден. Околу 20 минути чекавме да се среди и ајде почна патешествието. На граница повеќе се задржавме кај нас него ли на бугарската и продолживме уште околу 12 саати пат, на неколку саати се правеше 10мин пауза отприлика. Стигнавме утрото кај 10, автобусот не остави во Несебар пред еден хотел и само што почнавме да излегуваме од автобусот и да си ги бараме куферите, се насобраа луѓе полно околу нас и сите ни нудеа смештај, што значи не ни морате да барате и тропате од врата на врата. И тргнавме по еден дедо, кој си живеел со бабичката и неколку соби од станот кај што седеле тие ги издавале. Беше ептен блиску до патот и градот, па веднаш прифативме, плус и уморни од патувањето не ни се шеташе да бараме друго. Внатре беше во ред за спиење, си имавме една соба со кревети фрижидер и тераса, вц делевме заедничко сите, нивната кујна ни беше на располагање, се погодија фини луѓето, плаќавме 45 евра од вечер. Во Несебар е многу убав стариот град да се посети, навистина има полно стари убави градби зачувани, има продавници за сувенири, облека, кој мене ме асоцира малку на старата чаршија кај нас, инаку во тој дел од градот е поскапо. Во градот ќе видите многу слаткарници, да не зборувам па слатките какви се... абе мераци обавезно да пробате, имаат пристапни цени. За храна по маркетит, сендвичарите, пицерии по улица се доста ефтини нешто како кај нас може и поефтино и храната е слична со нашата. Плажата и водата таму не се нешто посебно, но да кажам дека водата не беше толку лоша колку што ми кажуваа, дека била многу матна, нечиста.. Нема врска ! Вода како вода, не е тиркизно плава и прозирна ама е нормална штознам. Нема друго посебно што ми го задржа вниманието на Несебар, ама затоа Сончев Брег си надомести. Ако сте појдени за журки, дружење и авантури обавезно во Сончев Брег да одите. Полно е со дискотеки, кафичи, стално има некои органзатори кои нудат карти со која ти е испланирана цела вечер е тоа не се пропушта ! Земавме, една карта беше ми се чини 10 или 15 евра ама се исплатеше. Ни дадоа на сите бели маици и не носеа од журка на журка.. На секое влегување во секоја дискотека ни даваа шотови на врата, прво почнавме со пена парти и се насобравме бајаги луѓе па кога не носеа до други места одевме со знамиња сите распеани се глупираат, па 2 автобуси не превезуваа на друго место. Луѓе сретнав од Италија, Германија, Русија, Украина и секако македонци имаше полно. Секоја вечер во дискотеките и по плоштадот е полно, ви даваат гратис влезници, па си одите секаде.. Музика има од секаков вид, дури пуштаа и македонски забавни, па кога ќе слушнеа дека сме од Македонија ее па ајде Слаткар, па Тони Зен, лудница Луѓето се весели и пријатни, но ги има и оние патриоти.. и кога те прашат од кај си, а ти Македонија и само ќе направат некоја фаца, али не обрнувајте внимание, уживајте си. Има и забавен парк, ауу луѓе што се качив на едно како тркало ли што ли беше незнам, абе никогаш во живот веќе таква работа јок. Само што почна тоа да врти па подзастанува и таман си мислев ајде бегам од тука тоа пак, не да ми се преврте цел желудник, цревата мислам ми се заплеткаа.. И ајде заврши мојот кошмар, па се мислев на едно бетер да се качам, многу беше примамливо, ама не се предадов на желбата дека тек тогаш ќе си цркнев. После си заминавме на плажа си најдовме друштво си пеевме си пиевме, уживанција. Има за шетање тука повеќе од Несебар и продавници е полно може и да си купите нешто има ефтини работи. Друго што видов интересно, во нешто како фото студио имаат полно костуми, за принцези, пирати во кој сакаш си се облакаш те сликаат и позадина имаа соодветна за костумот и демек си во тоа време па слика имаш нели, ама скапичко беше па си ги зачував парите, само се изнагледав. Несебар и Сончев Брег се многу блиску ние одевме и пеш по плажата преку ден, а и навечер се враќавме пеш во 4-5 сабајле, не е страшно, никој не те замара, а и ти нема да обрнуваш внимание на оние што префрлуваат и си одиш раат. Имаат и една река која е измеѓу двата града и се влева во морето е од реката едната страна на плажата таму кај што се влева е за нудисти и интересен е делот таму ( не ради нудистите да се разбереме, туку реката ) Инаку автобус имаат често и се ефтини како кај нас околу 20 денари ми се чини беше, за 5мин си од едниот до другиот град. За враќање накај дома ќе ви кажат од агенцијата каде треба да одите за да си чекирате место и да ви кажат дали за денот кога сакате назад има слободно и ве собираат пак од таму кај што ве оставиле и во глобала тоа е.. Убаво ми пројде одморот, па препорачувам, јас за 13 дена потрошив околу 300 евра се на се.