Ве молам за помош и препораки! Се надевам дека е ок да имаме посебна тема за оваа работа, бидејќи знаеме дека во мк не е баш лесно да се најдат добри обувки по ок цени а камоли за проблематични стапала. Зборувам за тие што имаат кокалче, широко стапало, да сте по цел ден на нозе итн итн Во МК сите ми ги препорачуваат Скечерс, како супер избор за проблематични стапала ама искрено нешто посебно не ми се, а не ми се ни доволно удобни. Дајте некоја препорака за анатомски обувки
И јас мислев да ти ги препорачам Скечерс, на изглед може нема да бендисаш ама за носење ги фалат, јас немам, моите дома носат и дете само во нив трча. Инаку за кондура, сандала, балетанка удобно, како во памук ногата, јас имам од Себо си купив кондур-сандала. Мајка ми има балетанки од нив. Поудобно нешто не сум носела. Нозете како во нешто меко да пропагаат, со леснотија се носат, буквално како боса да сум. Кожени се околу 3500 беа ама вредат за парите. На изглед не се нешто посебно ама јас одамна не барам обувка на изглед нешто фенси за секој ден. Погледни на страната, можеби нешто ќе бендисаш. Мене поудобни и од Бјана ми се, а Бјана ми се едни од поудобните модели дури и на штикла тие што ги имам.
Фала за одговорот! Бев спремна да пробам анатомски обувки на медикус, ама ќе дадам предност на Себо (прв пат слушам за нив) Каде имаат продавница? Гледам локација Охрид ми дава. Од Биана имам еден пар високи и признавам ептен се удобни за посебни пригоди тие ги носам. Скечерс до сега имам купено 2 пати и секој пат нешо не ми штима. Уште еднаш фала мнг
На фб ги барај Sebo Shoes и барај ги тие кожните означени се кои се кожени, мене ми се ептен удобни. Искрено не знам салони каде имаат јас два пати од интернет си нарачував. Да се дополнам еве ги моите
Кожните во Себо им се од турската фирма Венус, истите ги имам од сликата.Многу се поудобни од Бјана и 3 години ги носиш со гаранција.Себо се баш во градскиот пазар во Охрид. Има и косовска стрна на фб што продава венус ,ама не знам колку е сигурни.
Мене досега намногу ми помогнаа Nike Air Max Bolt....не верував дека ќе најдам патики во 2024 што немаат смрт, ама еве веќе 2 години ги носам. Да, сега на изглед не се нешто, за излегување зедов нови, ама старите немат попуштено во ништо освен изглед. Единствено што е скинато е малку мрежичката. Друго е здраво и не е ни пред кинење...и плус на вежбање ги носев.