Колку време пред одењето на одмор можам да извадам патничко осигирување? Дали можам сега да одам и да побарам за од 10ти до 18ти Јули?
Најдоцна истиот ден кога сакаш да почне да ти важи осигурувањето. Не може да извадиш на пр. да почне да ти важи од вчера. Инаку може да се направи и онлајн, на пр. Triglav осигурување нуди таква можност.
Скоро сите имаат онлајн Сава, Еуролинк, ..Јас скоро секогаш вака аплицирам, се ти стигнува на email, не се замараш со луѓе и никој не те убедува кој пакет да го земеш. Сега за сега Сава ми е некако поефтина од останатите. Ако некој знае поефтина варјанта нека пише.
Здраво, Незнам дали има ваква тема, но сакав мислење и помош. Планирам да работам странство, е сега еден од условите за докомплетирање на документите е и ,, Патничко осигурување од минимум 4 месеци" Дали некој/а има искуство околу цело ова, и што е најбитно препорака на осигурителна компанија која реално ги покрива сите состојби (кога веќе плаќаш)..
Јас имам вадено ама за три месеци. Преку Кроација. Океј беа, имаат повеќе опции, едната беше обично, другото плус Корона и третото плус изгубен пасош и багаж. Плаќаш од ден и супер е тоа што се смета од денот кога си излегол од државата па кога си се вратил, а не пример од 12.05-12.09. Па така ако се вратиш порано другите денови може да си ги искористиш за една година ако отидеш пак во странство. Мене не ми затреба тогаш, па не знам како оди со покривање.
Работев во подружница на Уника и сите кои заминуваа на работа во странство, практикуваа да извадат осигурување, за секој случај. Дали условот е целосно 4 месеци, 120 денови, или да имаш покритие во тие 4 месеци, бидејќи има опција да извадиш осигурување со колку денови сакаш, во важење од колку месеци сакаш. На пример, да имаш 30 дена во период од 4 месеци, има таква опција.
Како тоа 30 дена во тие 4ри месеци!? П.с јас одам на подолгорочно работење... Незнам што им е трикот на фирмата околу тоа 4ри месечно осигурување
Зависи кај ќе одиш. Може да те биде за џабе, као про форма а реално да си платиш прописно осигурување таму. Ако збориме за здравствено.
Има различни цени, зависи што сакаш да е опфатено и до колкава сума рефундираат. Распрашај се во повеќе осигурителни компании. И ако се најдеш во ситуација да треба да го користиш осигурувањето, најдобро е прво да го контактираш агентот, за да те упати. На многу не му рефундирале средства затоа што болницата во која биле не соработувала со нив. Детално распрашај се Сликите се пример, разгледај на повеќе места
Кој модератор беше до толку замрзнат да спои прашање ,,Патничко осигурување за работа во странство" со тема ,, патничко осигурување" ? Најдов и јас кај да прашувам