Патување без туристичка виза во Шенген зона

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Mazegin, 2 април 2025.

  1. Mazegin

    Mazegin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    1.345
    Читав по темиве за престој во Шенген зона каде што дозволен временски период е 90 дена, но немаше тема за процедура без туристичка виза која е препорачана да се има (или јас така разбрав)
    Имено, планираме да останеме два месеца во Бугарија кај пријател, има апартмани и хотел. Дали би ни правеле проблем на граница при излез? Без туристичка виза сме, ќе имаме повратен билет како доказ дека ќе се враќаме во МК. Дали треба да не пријават во полиција и слично?
    Некој со слично искуство нека пишува. Сакаме да избегнеме гњаважа на границите.
     
  2. Romina

    Romina Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2011
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    202
    Доколку престојуваш помалку од вкупно 90 дена во последните 6 месеци, не треба виза за во Европска Унија. Доколку сакате да останете некаде два месеци, треба да водите сметка околу тоа да немате повеќе од 90 дена поминати во ЕУ во последните 180 дена. Конкретно во Бугарија немам престојувано и не можам да ти идговорам на другото прашање.
     
    На Mazegin му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.635
    Допаѓања:
    184.469
    Мислам дека каде и да престојуваш мора да бидеш пријавен како странец. И во мк кога иде странец мора да биде пријавен и одјавен од полиција, нема тоа никаква врска со виза.
    Не за Бугарија, ама во друга ЕУ земја јас сум пријавувала престој на странец.
     
    На JoyJoy и Anaroz1 им се допаѓа ова.
  4. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.231
    Допаѓања:
    4.282
    Задолжително треба да ве пријават како странци. Доколку престојувате во хотел, пријавувањето во службата за странци/полиција го прават одговорните во хотелот (сопственикот, менаџерот, директорот... - затоа и бараат во хотелот на рецепција пасоши). На заминување порано даваа дел од картонот за странци како доказ дека сте престојувале во тој и тој хотел или стан. Тој лист се става во пасош и се предава на излегување од државата. Сега дека е компјутеризирано, можеби оди преку интернет автоматски па можеби не даваат картони, но прашајте ги вашите пријатели или во најблиската полициска станица уште веднаш, или ден два по вашето доаѓање.

    Ова истото важи и во Македонија, дома роднини да ви дојдат од Србија, Грција, Бугарија... ако не се мк државјани, треба да се пријават во полиција на шалтер каде ви даваат картонче. Во хотелите се прави автоматски, приватно треба сами да одите. Е сега тоа во пракса ретко се прави ако престојуваат неколку дена само, но законската обврска постои и на граница ако сакаат службените лица можат да се фатат за тоа.

    Инаку за туристички престој во шенген-зоната (вклучувајќи посета на пријатели, роднини) виза не е потребна доколку престојувате најмногу 90 дена, во период од 180 дена. Ако во изминатите 180 дена сте биле да речеме 10 дена во Грција или да речеме Хрватска (двете се членки на шенген зоната), тогаш ви преостануваат 70 дена и тн.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Malo mace

    Malo mace Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2021
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Ај вака да прашам престој во Шенген зона од 20 Април до 15 Мај ,потоа да кажеме влез од 1 Септември па сакаме 3 месеца дали има шанси вакво нешто
     
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.414
    Допаѓања:
    37.369
    Пол:
    Женски
    Не. За период од 180 дена треба да имате 90 дена престој. А вие ќе имате повеќе. Тие 180 дена започнуваат од денот кога прв пат сте влегле во ЕУ. А тоа е во април. Тоа се 26 дена. Вие имате право уште на 64 дена престој.