Здраво девојки, сакам да прашам, учам и не работам моментално, дечкото престојува во германија, и со негова братучетка ќе одиме кај него на две недели најверојатно, па стрес ми прават контролите на аеродром разбрав од други дека прашувале колку пари носат и можно било да побараат да ги видат, што доколку не носиш пари, некое искуство или можеби совет, и што доколу ме прашаат за тоа, бидејќи одам кај него?
Нека напише писмо ,дека ќе престојувате кај него , дека ќе се грижи за вас . Нека наведе адреса, телефон и така нема да прават проблем
Парите се гаранција дека можеш да се издржуваш себе. Иначе еднаш или два пати каде што сум патувала ме прашале колку пари носам, но не се случило да ми проверуваат. Секако мораш да носиш нешто во себе, за себе, од кај знаеш што би можело да се случи. Јас не би одела без пари никаде, без разлика каде одам. Или ако немаш, нека ти пушти дечко ти некоја сума, па врати му ги кога ќе се видите.
Никој до сега не ме прашал колку пари носам, или па да ме проверува. Ме прашале само каде ќе престојувам, и си имав адреса. Убаво ти пишала членката, нека напише дека ќе престојувате кај него, и дека ќе се грижи за вас.
За пари нема да те проверуваат, а за прашување можат да те прашаат. Некаква гаранција каде одиш и каде сте сместени мора да имаш.
Земи си 2-300 евра со тебе и ако те прашаат колку пари носиш кажи му 300 евра и credit card и нема да имаш проблем.
Никогаш не ме прашале колку пари носам. Само колку време ќе престојувам, со која цел и кај кого ќе бидам сместена. Писмо имајте си испринтано како гаранција дека ќе сте кај него сместени.
А шо треба да пишува во него? Сами ли треба да го испечатиме? Сакам и јас да ми дојдат едни пријатели и затоа ме интерисира.
Сами. Ќе напишиш дека ти, со име,презиме,адреса на живеење, ја преземаш одговорноста за патникот,исто со име презиме, му даваш бесплатен смештај и се што ќе му треба таму. Испринтај го и потпиши се.
па мене ме имаат неколку пати прашано дали носам пари и дали може да ги видат ама ако не носиш кеш, кажи им дека на картичка имаш пари или дека одиш кај дечко ти и дека тој ќе покрива трошоци дури и да не носиш пари, нема да те вратат, не се плаши
Вчера во Минхен на аеродром (не Меминген) задржаа еден турчин што леташе со мене и спомнаа дека ќе го вратат ако не покаже пари, хотелска резервација или гарантно писмо.. Он покажа само 250 евра и картичка. Немаше резервација, а имаше повратен билет ама за следниот месец. Едноставно им беше сомнителен.. Додуша јас дека летав од Анталија, 95% беа турци и некако сите ги задржуваа премногу на пасошка контрола..
Ги чешлаат нив повише, оти остануваат на црно тука. И Албанци исто, дремеме по саат и јаче на пасошка понекад...
Среќа имаше 2 шалтери, ама што дека кога јас секогаш меѓу последните излегувам/влегувам Нека бидат среќни германците.. Да не се турците нема ефтини донери Немаше слободно место за седење во 4 ресторанчиња
Мореее, нека бидат среќни Турциве оти Германците не им ги затвараат дуќаните оти све на црно работат... Али као гласи старата немачка, брат за брат, донер за пари... Колку поевтино, толку поарно...
Еве ги браќата турци моментално во Нуремберг.. Како племе слават.. Кај се најдов и јас тука, ќе ме запука некој