Патување со своите родители на одмор или на прошетка во странство

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Eva22, 20 април 2016.

  1. Eva22

    Eva22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2015
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    сакам да видам дали има луге што уште патуваат со своите родители и дали има некаква разлика дали е срамота ако на 18 години патуваш со нив или нема врска ,и кои се причините
     
  2. ЈеленаЏиш

    ЈеленаЏиш Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    1.883
    Пол:
    Женски
    Зошто би било срамота?
    Последно бевме до Белград заедно со мајка ми и татко ми и супер си поминавме.
    Би одела и почесто некаде, но заради работните обврски и неможноста да се погодиме во исто време на годишен одмор не можеме да организираме ништо засега.
     
    На blackwave, realGirl, joy1 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Eva22

    Eva22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2015
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    дека сме биле возрасни мене лично не ми смета бидејки друштво немам што може да си дозволи да се шета ради финансиски состојби а и поубаво ми е со моите само ми е криво што неможам со дечко никогаш не сум била а имам 19 год на одмор со партнер али има време ,
    Сега за Велигден ке одам на турите за градовите со моите :)
     
    На ЈеленаЏиш му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ЈеленаЏиш

    ЈеленаЏиш Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    1.883
    Пол:
    Женски
    Убаво да си поминете!
    После ќе пишуваш репортажи во темите за патување!

    Имаш време за се, јас првпат на одмор со дечко бев на 20 години, ништо страшно.
    Се во свое време, само, искористи ја можноста да се дружиш со твоите, бесценета е.
    Кога ќе те потиснат обврски од типот, учење, работа, дечко/сопруг, деца ова она, нема да можеш глава да крениш.

    Барем јас едвај наоѓам време во викенд да одам до кај нив, а не па да патувам.
     
    На SuperGirl24, Baby-bubu, duffi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    9.775
    Допаѓања:
    119.706
    Не гледам ништо лошо.
    Јас го обожавам времето поминато со моите.
    И гледам да го искористам максимално.
    Често одиме на прошетка на еден ден на некаде. На ручек или некаде во природа. И онака во последно време секој е на своја страна , па се поретко се гледаме. Обично отпорот према родителите беше во тинејџерските денови.
    Повеќе не е така.
    Последниот пат се најдов увередена дека моите не ме земале со нив.:D Среќа ми се ја јавија на пола пат дека заборавиле нешто , па се вратија по мене.
    Не ни стигнав да се јавам на мм да знае дека жена му е веќе на пат. :rofl:
     
    На blackwave, Bojana.20, Elena69221 и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.157
    Допаѓања:
    10.296
    Пол:
    Машки
    Кога бев дете немав прилика за такво нешто зашто моите едвај крпеа крај со крај...а сега се мислев да ги носам на одмор да ми ги чуваат децата ама си викам подобро јас ќе уживам со дечулињата и онака тие 10 дена ми се еднинствените во годината во кои можам да им посветам внимание 24/7
     
    На MilaP, sanjaeva и elimkd им се допаѓа ова.
  7. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    13.277
    Пол:
    Женски
    Поради обврските околу факултетов и работата никако не можеме да се поклопиме за да отидеме некаде на одмор или на некое патување. Порано многу често знаевме да отидеме некаде макар и на викенд, се до пред 3-4 години кога почнавме секој посебно да си оди на одмор. Но за време на викендите секогаш гледаме да си го надокнадиме времето што сме си го пропуштиле во текот на работните денови. Дефинитивно не е исто патувањето со твоите, со дечко/девојка или со друштвото. Има мноогу голема разлика. :)
     
  8. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    680
    Допаѓања:
    639
    Пол:
    Женски
    Sega si vo taa vozrast koga em si uste mlada/mala a od druga strana i dovolno vozrasna da ne moras sekade da si so roditelite, no nemas potreba od grizi veruvaj. Ke ti bide mnogu zal da propustis patuvanje samo od sram deka si so tvoite ili drugite sto ke pomislat ili kazat.
    Jas vo srednoskolskite denovi na odmor odev so drustvo vo ohrid a posle pak i so moite na more, posle edno vreme odev samo so moite zatoa sto so decko mi nemozevme od finansiski pricini, i duri na dvaeset i nekoja godina pocnav oficijalno da odam so decko mi vo stranstvo na odmor. Ne smetam deka nesto sum propustila, baska i so moite toa sekogas mi bese odmor vo prava smisla, sekogas neli oni plakaat so nisto ne se zamaras a koga odis sam e podrugo :) plus spomenite od patuvanjata so moite se neprocenlivi.
    Mene pak, mi e preterano koga maloletni odat sami na odmor so deckovcite, pa davaat roditeli izjavi pred notar deka gi pustaat ako odat nadvor od mk, ama tuka se krivi i roditelite sto gi pustaat, tuku toa e druga tema veke.
     
    На buba4e89, Роберт 7 и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  9. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    7.805
    Пол:
    Женски
    Не е срамота, плус ти ќе бидеш во корист. Не водиш сметка за храна и пари, зошто тоа ќе го прават твоите родители. Ако си добро и послушно дете може и да ти купат нешто.
    За тие што одат на одмор со дечковци, а се малолетни, изгледа воопшто не ги загрижува тоа што ќе кажат другите зошто се заостанати, ама не се тие криви, родителите се. Исто не можам да сфатам како некоја едно со еден на одмор, другото со друг, па вика после никој не сака сериозно со мене. Епа како ќе сака кога ги менуваш така да речам јавно ...
    Никогаш не би одела со дечко на одмор, подобро со моите ќе си одам
     
    На Bojana.20 и toogood им се допаѓа ова.
  10. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.974
    Пол:
    Женски
    Јас баш би сакала да истерам еден фамилијарен одмор со моите, не се сеќавам кога последен пат сме биле некаде заедно. Јас на една страна, сестра ми на друга, они на трета, секој со свои обврски, па и ретко се гледаме. Ми се чини пред две лета бевме заедно во викендичката една недела, со кучето и желката, цела фамилија :D И искрено супер си поминав, ако се тргне на страна тоа што качив некое кило, зашто мајка ми не излезе од кујна :lol: Семејните одмори секогаш ни биле интересни и забавни, имам многу убави спомени, па ако утре ми речат сите четворица да идеме негде, ич нема да се бунам :)
     
    На blackwave, Bozica1980, Bojana.20 и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Gerbera

    Gerbera Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2016
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    769
    Многу уживам во моментите/деновите кога сите сме на куп. Голема приврзаност чувствувам кон семејството и на моменти мислам дека дури им досадувам. Најубавите одмори ми биле оние со семејството. Со друштво било океј, но не се мери со слободата што ја имаш при семејните одмори. Друштво, како друштво, млади како млади, де ќе се закачиш за нешто, завист, гребаторство, па и по некоја мала интрига, не дека е идеално. Со своите си свој, слободен и комотен. Ова барем за мене важи.
    Само да ми се живи и здрави што подолго за да си делиме што повеќе такви моменти. [​IMG]
     
    На Bojana.20, toogood и duffi им се допаѓа ова.
  12. girlwithdream

    girlwithdream Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2015
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Не е срамота јас бев со моите сега во Париз и супер се чуствував по безбедно и се они се ангажираат да најдат да видиме се мене ми беше убаво одамна не сум била со нив никаде и плус не се фаќаш никогаш за џеб знаеш дека има кој да плати. Некако поубаво ми беше со нив одколку со другарки
     
    На Bojana.20 и toogood им се допаѓа ова.
  13. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.687
    Допаѓања:
    10.870
    Пол:
    Женски
    Јас кога бев тинејџерка не сакав ни под разно, срамота ова она.. Глупаво дете:rofl:

    Некаде пред 5-6 години почнавме да си одиме заедно цела фамилија при крај на лето на неколку дена заедно сите и ни остана традиција. Тоа се едни од најубавите моменти и баш се одмарам, се зезаме со браќата, денски шетаме со мајка ми по бутици и пиеме кафиња, готвиме, јас правам салатки и после пијам ракија со мажите :rofl: Навечер излегуваме со браќата по кафичи, па после на плажа со гитарата и пивце. Јас и верена си отидов со моите пак на неколку дена. За ништо не би ја сменила оваа традиција. Здравје да одиме натаму и во проширен состав, неколку дена сите на куп на патување можат да се организираат, а вредат премногу.:l:

    Така да не се мисли оди и помини си најубаво.
     
    На Bojana.20, Waka-waka, toogood и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. s&s

    s&s Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2015
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    1.066
    Пол:
    Женски
    Во моментов, ако би требало да бирам меѓу одмор со друштво и одмор со мајка ми, дефинитивно би го одбрала второво :) далеку сум од дома и многу ми фали... Се' би дала за барем еден викенд со неа некаде :)
     
    На elimkd, Bojana.20, Waka-waka и 2 други им се допаѓа ова.
  15. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.283
    Koga odam doma, toa e za mene e odmor. Se trudam polovina den da sedam so svekrva mi i polovina so majka mi.
    Ubavo mi pominuva vremeto.
    Slednoto leto ke ja zemam majka mi kaj mene na odmor i potoa site ke zamineme vo Mk da go proslavime rodendenot na svekrva mi.
    i toa e nekoj vid zaednicki odmor.
    Kratko ni e zaednickoto vreme, gledam max. da izvadam.
     
  16. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.523
    Допаѓања:
    29.007
    Пол:
    Женски
    Тоа ни е веќе традиција, мислам и да се омажам ќе ја продолжам ! :D
    Секоја година идам со моите добри 10-14 дена , каде што сакаат они , сестра ми е тука , уживам! Е тоа ми е прав одмор, уште повеќе мислам дека не зближи тоа . Дома не дека нема блискост, ама повеќе нервози прават кавги. Вака релаксирано , кој што сака си тера :) После си продолжувам со момакот :)
     
    На s&s и butterfly* им се допаѓа ова.
  17. Ketchup

    Ketchup a cup full of holy spirit Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    4.959
    Допаѓања:
    37.336
    Мене искренo пoубaвo ми е сo мoите. Акo oдaм сo друштвo, требa дa мислaм кaкo дa ги трoшaм пaрите, пa зa oвa ќе имa, зa oнa ќе немa, a сo пaри ич не ми oди. Вaкa сo нив некaкo пoслoбoден сум. А, искренo и сo мoите дoстa дoбрo се слoжувaм и знaм декa и сo нив мнoгу дoбрo би си пoминaл. Слoбoдaтa кoјa јa имaм сo друштвoтo, скoрo истaтa јa имaм и сo нив, тaкa дa не гледaм никaкoв прoблем.
     
    На Bojana.20 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.677
    Допаѓања:
    2.919
    На прошетка да, во некој близок град (Софија, Солун, Ќустендил) колку нафта да стават, но на одмор не. На одмор сакам да сум си со друштво. Што сакам си правам, парите каде сакам си ги трошам и тн. Помина времето кога идев со нив на одмор. Сега си одам сам со своја кола.
     
  19. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.741
    Допаѓања:
    110.613
    Еднодневни „екскурзии“ многу често правам со мајка ми низ мкд и надвор.
    Често одиме во село заедно, Крушево и слични места, дали на еден ден или за викенд.
    На одмор порано со моите, градевме куќа, не бевме во можност да одиме, ова лето прв пат моите одеа на одмор, јас веќе имав од претходно закажано во тој период па не ојдов. Летово ако пак планираат да закажат во период кога јас имам закажано (јас закажувам месец, два унапред, тие недела пред да тргнат), пак нема да одам, ако не - воопшто не ми смета ако одам со нив.
     
  20. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    21.972
    Пол:
    Женски
    Се во свое време,како мали со родителите,после фамилијарни со деца пак со родителите,ама заради чување на децата:rofl:
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.