Пат од популарна до омразена: Chappell Roan (тиктокификација на дебатен клуб)

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од theowndemon, 12 октомври 2024 во 21:17.

  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.998
    Допаѓања:
    159.321
    Пол:
    Женски
    Едноставно ме смрзи да ги отворам темиве и форматот не функционираше и многу теми станаа застарени дур дојдат на ред. Па денес отворив страната да видам шо идеи имаше и видов „пат од популарна до омразена“ и се шо ми текна е CHAPPELL ROAN! Одличен пример за лице на темава и воедно нешто шо е актуелно. Некои дури велат дека е speed run кон крај на кариера и дека треба сите славни да имат PR тренинг. Други велат дека е освежително да се види некој славен кој е едноставно човек, дури и со сите маани и дека уствари тоа шо првично го бараше од своите фанови - е валидно и едноставно мислиме дека ни следва само оти сме фаној.

    Пред да стигниме до Чапел, да видиме нешто поопшто за темата „од популарна до омразена“.
    • Дали огромна и брзо стекната популарност мора да заврши неславно?
    • Што придонесува кон тоа?
    • Зошто фановите имаат тенденција да ги држат славните на поголемо ниво и имаат за нив поголеми очекувања?
    • Како влијаат парасоцијалните врски?
    • Кога голема популарност завршува неславно?
    • Дали брзо стекнување на популарност е важен фактор?
    Сега малку „историја“ или да не речам, chronically online girlie drama.

    [​IMG]

    Се почна кога Chappell Roan во доста емотивно видео, без скрипта, зборува за како сака повеќе приватност и бара од фановите да ја почитуваат таа нејзина приватност. Како пејач/уметник има бавен старт, но во последната година особено откако ја објавува ''Good Luck Babe'' скоро преку ноќ станува многу популарна. Лично, ја обожавам нејзината музика и неа како личност.

    И откако некои си го сфатија „лично“ се створа chain event на работи кои доколку првично не ја фатија надолу, немаше да бидат толку со голем ефект. :D Шо не носи до следната ситуација:

    Каде возвраќа на навреда/пцовка од фотограф ама веднаш вината за „разгалена“, „нежна“, „настанок на diva“ почнува и се држи против неа како несоодветно однесување.
    После иди интервју каде не сака да заземи официјално страна во Американскиот избор за прецедател шо се држи против неа дека иако моменталната гарнитура имала проблеми, не е нешто шо треба да го збора и да носи луѓе на „другата страна“. Тука реплицира повторно импулсивно и емотивно во тик ток (шо е шема со неа, иако реално насловот е click bait и се става вина на неа иако нема зошто).
    https://www.youtube.com/shorts/XA_EC4zl5DY
    (не можи од shorts да се стави како видео па мора вака како линк)
    И последниот „скандал“ е откажан концерт ради лични причини, во последен момент.

    Така да од многу сакана личност, која беше на врвот, постојано сите во интернет простор зборуваат дали „брза“ кон крајот на својата кариера?

    Темава е дел од "Тиктокификација на дебатен клуб".

    Ќе биди активна барем 2 недели (или доколку темата е генерално активна и има нови информации за истата иако мислам или бар се надевам дека оваа конкретно стивнува). Ве молам одете во темата за договори доколку има моментални актуелни теми да бидат отворени, за одма да ги отвориме зошто на претходниот начин многу теми застаруваа дур стигаа на ред па нема смисла.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.998
    Допаѓања:
    159.321
    Пол:
    Женски
    За мене, Чапел е она што го викаат „a breath of fresh air“ баш поради недостатокот на media/PR тренинг. Башка шо ѝ ја сакам музиката, мене и како личност (т.е. она што го пласира) ми е интересна и воедно I stand by womens rights, but especially by womens wrongs ИАКО сметам дека моментално не е та крива за н и ш т о. :devil:

    Шо ми е интересно е дека не е единствен пример која од екстремна слава станува екстремно неславна, без разлика дали е за добри или лоши причини. Ама ја земав неа како пример само зошто е можеби најскорешен екстремен случај. Друг случај кој одма ми паѓа на ум е Iggy Azalea, а нејзината драма почна со „фејк акцент кога рапува“. Шо према мене, кога гледам наназад, е стварно банална причина за почеток на hate train иако имаше и други полегитимни контроверзии покасно во (кратката) кариера. Од тука, мислам дека брзо стекната популарност = поголеми шанси за завршување неславно. И то е пред се зошто иди наеднаш, не се спремни, не се тренирани и немаат време да реагираат. И со Иги и со Чапел, тие доста долго време се трудеа да станат славни. Ама стануваат славни „преку ноќ“. И тоа, нормално, е компликација. Едно е кога постепено растиш и како што растиш можиш да си дозволиш одредени работи и подобро да ја свариш ситуацијата, за разлика кога иди наеднаш.

    Исто тука иди тоа дека славните ги гледаме како безгрешни. Градиме парасоцијални врски и само зошто нивната работа е јавна сметаме дека мора да чуваат туѓ мир, дека мора да се пример и да се однесуваат како маскоти, а не како луѓе. Реалноста останува дека тие се сепак луѓе. И тие се луѓе како нас. И ние грешиме. Не сме безгрешни. Тогаш зошто славните ги држиме на ниво повисоко? Башка не одбрале сите да се популарни. Едноставно одбрале да прат то шо сакат како глума, пеење и слично.

    Поконкретно за ситуациите на Чапел. Исто мислам дека видео каде зборува како сака приватноста да ѝ е почитувана. И толку луѓе ова го сфатија лично шо дури е алармантно. How does that affect you sweetie? Сите сакаме приватност. Само зошто таа реши да прај музика, не значи дека нема право на таа приватност. Никому не ја должи таа приватност. Порано славните имаа сериозен проблем со папараци и тоа е во последни години колку-толку регулирано. И ќе си речиш научивме нешто од тоа ама не. Сакам да кажам, ова, исто како со Иги ситуацијата, е многу глупа причина за почеток на ''hate train''. Дури и мислам ако во моментот не беше омразена, реагирањето на навреда никој немаше да го сфати трагично. Ама мислам дека секогаш кога ќе ја прашаа за Трамп и Камала - секогаш ќе беше проблем. Ама ај бар некој би мислел дека то е полегитимна причина за некој да стани омразен (иако јас не гледам проблем ПАК да одбие да кажи или да охрабри да се гласа за некој трет, да се размисли добро и секој да одбери како мисли и према своите верувања). Реално и низ музиката и низ интервјуата е многу јасно што таа застапува па беше страшно смешно кога мислеа сите дека би гласала за Трамп.

    Е сега шо мислам дека е проблемот со неа како не тренирана славна особа која има свој тик ток. :D Импулсивно реагира. На апсолутно се. Сите видеа каде се смета дека таа е проблем, е видео каде е вознемирена, нервоза и импулсивно прај видео да се олесни. Шо го прат многу луѓе на тик ток. И пак тие луѓе неа ја ставаат на скалило погоре од себе и очекуваат таа да не смеј така да реагира. И кога добива отпор, прај ново видео каде е уште повеќе нервоза, повеќе вознемира и поимпулсивно реагира. :wasntme: :D Шо го продлабочва проблемот.

    Е сега дали мислам дека ова е крај за нејзина кариера? И да и не. Мислам дека како и со сите - се ова ќе спадни и пак ќе си продолжи да прај bangers. Едино мислам дека е ризик каде има сериозна шанса да преќини да вади музика само за да добие на приватност. Мислам дека е од личности кои има реални шанси да го напрат то. Би била тажна во таа ситуација. Ама е најдобро решение.

    Рандом видеа од убај луѓенца шо подобро објаснуваат ситуацијата со малку напрскани нивни мислења:




     
    На staycalm и FriendOfDorothy им се допаѓа ова.
  3. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.254
    Допаѓања:
    40.367
    Знаеш како, 21 век сме, има и интернет и се, знае во која индустрија работи и кои проблеми идат со неа...
    Никој не ја терал позната да сака да биде...
    И тек е на почеток на некоја кариера.

    А уште не е ни толку популарна па да видела што се стварно вистински проблеми.
    Не е она едина, па да бара некој специјален третман, особено па што го очекува од луѓе со лабилни емоции кои живеат за парасоцијални квази односи и воспевања на рандом пејачи и глумци кои само на слика ги виделе.

    Ете, си проба, си виде дека не може да издржи, нека си се откаже од некоја успешна светска кариера со турнеи и Греми и ово оно.
    Нека си снима песни само за на ЈуТуб и нека пее по локални барови.
    И тоа е за луѓе.
     
    На andromedae, SummerGirl, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.998
    Допаѓања:
    159.321
    Пол:
    Женски
    Па глеј, и Кристина Грими почна така и пееше на The Voice оти талентирана. Ама пошто уште беше YT девојка и немаше доволно начини и средства да се заштити пред да стани славнаславна заврши како шо заврши. А продолжи и да пеј на талент шоу зошто многу луѓе ја открија баш на Јутуб и јбг некогаш и на јутуб само ако постираш станваш популарен. Уште ја тажам на стари ковери.
    Чапел и да реши само на Јутуб да клава, веќе има огромен фоловинг за и то да застани незабележано. Един ризик со неа мислам е ако целосно преќини да прај музика. Шо би било штета, пошто очигледно сака и ја бива. И то пробвам да го доловам. Штета е некој креативно да не се изразва и то да го споделва за уживање на другите само зошто тие другите немаат осет за приватност.

    Сакам да кажам, само оти некој одбрал да прај музика за заработка - ја должи само музиката на публиката. Не приватниот живот. Ако некој реши да прај филм - го должи само филмот. Не приватниот живот. Ако реши да е инфлуенсер и да профитира на приватниот живот е веќе скроз друга проблематика. Често аплаудираме на славни кои си ја штитат приватноста, а на други се лутиме. Во глас на mommy Wanda:
    [​IMG]
    Рани 2000ти уште поќе границите беа блендирани со папараци културата и како то се одрази на многу славни. Еден пример Бритни Спирс, та не заслужи да е сликана и снимана во најранливи моменти и приватноста да ѝ е нарушена со секој чекор само зошто од дете ја растеле да биди ѕвезда и покасно чак и да решила своеволно дека сака да се занимава со музика. Додуша и денес папараците се заменети со парасоцијални врски и држење на славните на нечовечки високо ниво. Не треба да чекаме и сега да има нова Бритни за наново да ја учиме та лекција.

    Не е то дека Чапел е "посебна" и дека заслужва специјален третман. Туку дека то шо го бара треба да се подразбира да го имаат сите славни, зошто е човечно. Генерално зато мислам дека ова е банална причина за почеток на hate train. А е интересно дека ова пребрзо станување славен знај доста често да оди со вртење на самите фанови против тој славен и како после чак и да е ситница се прај поголема од шо е.

    Друг пример на кој можам да се сетам е Тимоти Шаламеј. Има мимс дека најголеми хејтери негови се уствари неговите фанови кои буквално му бараат маана во најмали ситници и дека "не бил веќе како порано".

    Ама вакви примери има мал милион (со поголеми и помали "последици"), еден од тие примери веќе ја спомнав Иги. Нејзиниот пад од слава почна со хејт дека не пеела на истиот австралијански акцент на кои зборува и дека праела апропријација на култура со рапувањето.

    Некни касно видов едитот, има материјал и во Mr Beast ама не сум расположена за него. :D
     
    На staycalm, CameliaMiller и FriendOfDorothy им се допаѓа ова.
  5. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.790
    Допаѓања:
    122.422
    Пол:
    Женски
    Од една страна, Чапел има право да си ја цени приватноста и да бара почит за истата. Од друга страна, малку се преценува себеси.
    Не е толку позната колку што си мисли. Уште има луѓе кои прашуваат од каде никна.
    И нормално е кога им е „ново откритие“ да се интересираат која е она и што прави.
    Луѓето бараат да дознаат колку некоја фаца е слична со нив во нешто. Со нешто да се поврзат.
    Па, така таа фаца постојано си добива фанови кои ѝ овозможуваат да заработува. Е, сега има нездрави фанови и од нив треба да си се штити.
    Но, Чапел наместо да се жали, треба да си го најде балансот. Сака да пее, епа со тоа оди и неизбежно пратење на нејзините потези. За слава мора да остава впечаток.
    За политиката скроз е во право. Не е должна да поддржува ни една страна.
     
  6. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    634
    Допаѓања:
    2.574
    Иги Азелија го имаше овој ,,пат". Каде е денес и што прави? :DПомнам дека кога се појави, немаше име кое не правеше со неа колаборации (Бритни, Рита Ора, Џенифер Лопез), а и првиот албум ѝ беше топ. После имаше некои испади помнам, денес ваљда рапува во двор.

    Не ми е нешто позната Chappell Roan, не ги следам драмите околу неа. Ама и заебана е нивната индустрија, ради една фацијална експресија можат да те канселираат. Па тука ќе следат драми, приказни, теории на заговор и свашта. Во Македонија на пример, Панчо ДНК изјавува дека има кошмари од носењето танга бикини на рандом девојки пошто биле свињи, си продолжува лагано со тезги и концерти. Во Америка ќе чистеше тоалети. Мада Америка е друга крајност, можеш да го јадеш и за глупост.
     
  7. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.998
    Допаѓања:
    159.321
    Пол:
    Женски
    Едно време официјални преќина музика да прај некоја година, па се вратила ама толкав флоп било шо неодамна ко ја барав конкретно дознав. Сега мислам пак е повлечена.
     
    На FriendOfDorothy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    634
    Допаѓања:
    2.574
    Инаку истото се дешава со Кејти Пери периодов. Албумот ѝ е најлошо рангиран албум во 2020-тиве, многу негативни критики, особено поради соработката со Dr. Luke кој се тужеше и беше обвинет од Кеша за сексуално вознемирување.
    Кејти Пери проба да направи камбек со ,,WOMAN’S WORLD", феминистичка песна каде како текстописец и продуцент се јавува Dr. Luke. Доживеа дебакл. А и критикувана е дека песните ѝ се пребејзик, глупи текстови и рими, уште звучи како во 2010-тите кога беше релевантна.
     
    На staycalm му/ѝ се допаѓа ова.
  9. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.998
    Допаѓања:
    159.321
    Пол:
    Женски
    Реално најпопуларните песни ѝ се со Dr. Luke и без него имаше флоп до флоп па као го зеде за уште еден албум за да нема флоп и са има флоп ради него. Ама пак та имаше доста време нели до овај нејзин "пад" на популарност, Иги е мислам најтипичен пример за ова ситуација со брз раст и пад. Кети беше ит грл скоро цела декада.
     
    На FriendOfDorothy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.537
    Допаѓања:
    38.451
    Пол:
    Женски
    Од една страна, Чапел е во право за фактот што многу често познатите луѓе се stalked и изложени на секакви лудаци под превезот на "имаат слава, тоа треба да го очекуваат" и скроз има право да се осеќа како да ја гуши нешто кога луѓето едноставно не ѝ даваат да дише и ѝ ја загрозуваат и нејзината безбедност и безбедноста на другите луѓе околу нејзе што ѝ се фамилија и пријатели. Да не заборавиме дека не е непо бејби и ја немала таа "привилегија" да расте во такви опкружување и едноставно да биде навикната на тој живот. Секој од нас тука нагло да стекне глобална слава би скренал малку бидејќи е шокантно.

    Од друга страна, мислам дека треба да знае како да зборува за да биде сфатена. Бидејќи на најпрво место, она заработува од народот. Ако не е народот кој ѝ ја овозможува славата ќе работи во кафич и ќе си пее пред 15 луѓе во локално кафанче. Затоа и делува дрско од страна кога бара луѓето да престанат да ѝ бараат слики. Или тоа што откажува концерти 5 до 12 затоа што не се осеќала добро. Мислам дека тоа што е проблем е каков ѝ е целиот однос, како да нема разбирање за другите а бара за себеси. Не мислам дека треба да звучи перфектно полирана со пр позади себе, ама дефинитивно ѝ фали да ја земе во обзир и страната на публиката.

    Исто така сакам да кажам нешто и за публиката, а тоа е дека многу луѓе се слепи за нијанси. Или обожаваат некого и го идеализираат како Бог или максимално го мразат. Истите луѓе не можат да најдат средина во тоа што го кажува еден артист и мора одма да заземат екстремна страна. На пример пред некое време Чапел нешто збореше за изборите во САД и многу објективно кажа дека ни Камала не е светец како што се преставува во сегашната поп култура. Тие зборови ѝ беа извртени и пак и тоа беше уште една причина да биде осудувана после претходните контроверзии.

    Ботом лајн, мислам дека многу повеќе Американци треба да престанат да бидат хронично онлајн и да почнат да ги гледаат сите овие селебритис ко обични луѓе. Ако сакам нечија музика, ќе ја слушам, нема да се оспеднувам со секој збор кој излегол од устата на артистот.
     
    На CameliaMiller, theowndemon и FriendOfDorothy им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.670
    Допаѓања:
    265.891
    Јас не знам која е пејачкава, но како феномен стоев цел живот и се' уште стојам (ми има мислења за ова и во мјф и сл. теми) - ако е некој пејач, ме интересира музиката негова/нејзина. Толку. Со кого е, каков е, како му изгледа приватниот живот или кои му се политичките ставови, едноставно ми е небитно се' додека производот што го купувам ја задоволува потребата за кој е наменет.

    На пример, кога одам во слаткара, да речеме, не ја прашувам слаткарката сите подробности за нејзиниот приватен живот, ме интересира тортата, дали ги исполнува моите очекувања.

    На ист принцип следам пејачи, актери итн., инфлуенсери ретко гледам секако.

    Наш пример ми е вечниот муабет колку е Каролина ладна или нехаризматична, искрено поима немам дали е таква и не ме ни интересира, и' ја сакам музиката, и' го сакам гласот, тоа е тоа.

    Има славни кои намерно и свесно го продаваат сопствениот приватен живот, најчесто затоа што производот што треба да го продадат не оди добро продажбата, но кога некој очигледно не си експонира приватен живот, тоа апсолутно треба да се почитува.

    Е сега, живееме во свет на вечно навредени и вечно некој нешто им должи, па така ова мое мислење веројатно го делиме ептен мала група на луѓе, па, ако решите да бркате слава, бидете спремни дека има и многу гадна страна истата.
     
    На Curious cat му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Dalene

    Dalene Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2024
    Пораки:
    291
    Допаѓања:
    1.171
    Пол:
    Женски
    Типкава поима немам која е, набрзинка што читнав и од насловот сфатив за што е причата.
    Јас пак ич не ја гледам и следам успешност изразена преку параметри на популарност или непопуларност, јер се тоа е ветер и магла. Сега по потреба си горе, по друга потреба или потреби долу и се е така во круг.
    Поентата ми е додека се доследни самите на себе артистиве, независно дали ја имаат харизмата и предиспозициите да се лајкабл или не, сите се автентични и јас лично тоа го сакам и ценам и почитувам.
    Се друго ми е мање више битно.
    Секоја личност има право на свој начин да се носи и справува со славата или популарноста, да ја искусува и биде на врвот или дното, се додека цврсто стои на споствени нозе и држи до своето, супер за неа:D(за артистката де).
    Поточно за која и да е личност да станува збор (велите оваа е позната, еве за мене тотално непозната, значи релативна е славата или неславноста) сметам тоа важи за секоја личност што е јавно експонирана пред се најважно ми е да си е автентична и доследна сама на себе. Мене тоа ми е поим дека е вредна за да биде запишана во историјата на уметноста, како славна или неславна ич не ми мења нешто многу.