Многу сакам да јадам паштети, али од нив само Аргета и Подравка. Други некои што сум пробала као Пивка и поевтини, абе никако не ми се свиѓале и не можат да ме натераат да ги купам пак Поим за паштета! Сите вкусови! А може и оваа од Подравка : Ако имате предлози за вкусна паштета (освен Аргета и Подравка) пишувајте ги
Аргетата навистина е убава,од Подравка не сум ја пробала,а останатите се шкарт работа и чуден вкус ми имаат.
Кога бев мала мајка ми често купуваше од Аргета, па ги јадев бидејќи морав. Мене не ми се воопшто по вкус, па сега веќе можеби две години не јадам.
Мене највкусни и најубави ми се паштетите на Аргета и Карнекс . Само и нив ги јадам и се многу добри .
Јас ретко јадам паштети. Избегнувам таква храна, ама понекогаш кога купувам ја земам оваа: Помеѓу 35 и 40 ден. е.
Девојки не ви солам памет, не ме сфааќајте погрешно, но јас откако престанав со паштети и салами, престана и стомакот да ми се дува и да ми излегуваат мозолки. Е сега по некогаш ке ми отиде на памет аргета и ке каснам, но 1 месечно и помалку.
Се до пред извесно време јас многу им удрив мерак на паштетите,сега послабо ги јадам бидејќи некако ми здосадија! Обично ги јадам Rolnik кокошкините и јетрените паштети без додатоци на печурки затоа што оние со додатоци на печурки не ми се допаѓаат,некако ми се гади од нив! Сум ги јадела порано и ABS чајните паштети заедно со парчиња сирење ставено врз кришките леб намачкани со паштета,кечап,мајонез и кари врз нив! Исто ги имам пробано и Carnex,Argeta и Podravka паштетите и можам да кажам дека тие се едни од најдобрите по вкус паштети и дека навистина се марка за квалитет на паштети,а кога бев дете ја јадев исто и Kekec детската паштета којашто мислам дека некаде и ден денеска ја има по продавниците и маркетите! Паштетите од било кој вкус и било кое производство се многу добри за ужина и за брза храна за појадок или за вечера кога ми се јаде нешто вкусно,а немам трпение да подготвувам и да се замарам со приготвување на јадења!
Јас се согласувам со тебе Плавуша. Дефинитивно Аргета е најдобриот бренд за паштета! Уживам кога ја јадам, едноставно се топам во неа. Сите вкусови и ги сакам, иако може да издвојам само неколку по омилени... Прсти да излижеш.
Немам јадено паштета има можда едно 2 години, ако не и више... не сум љубител на такви ствари.. али ако јадев отпосле ова http://mkd-news.com/jadete-pashteta-jad ... zdravjeto/ сигурно ќе прекинев!
Нема шанси да јадам паштета, посебно едни слики кога излегоа пред некоја година од што ги прават паштетите. Исто и виршли никако, до пред некоја година јадев ама повеќе не, салами ич.