Пријатели постојано ми се жалат дека нов вид на пајаци се населил во нивниот дом. Не знаат од каде доаѓаат, но годинава забележале значително зголемен број на пајажини во секој ќош и околу надворешниот дел на прозорите и покрај редовното чистење и отстранување, постојано доаѓале нови. Особено биле присутни каде што има поголема влажност на воздухот (во близина на реки, езера). Досега сум читала дека чувањето и одгледување сакции со нане ги брка, исто и цитрусно овошје, а чистењето треба да е со алкохолен оцет. Тоа им го кажав ама имаат само моментален ефект, потоа пак исто. Ајде да споделиме информации, фотографии и да видиме како да помогнеме. Да ја отворам темата ме инспирира паниката со крлежи кај нас, но и вестите за пајаци во Европа. Инфо линк: https://kanal5.com.mk/panika-vo-avs...e-supermarket-poradi-smrtonosen-pajak/a595177
Не сум слушнала за нови видови штетници. За тоа со пајаците, можам да потврдам и јас дека има и колку и да ги уништувам и да ја чистам пајажината, пак се појавуваат. Не знам дали воопшто има трајно решение.
Има многу инсекти шо ги има во поголем број од порано и затоа се поприметливи. А не би ме изненадило да има и некои нови. На пример, прв пат летово забележав црни комарци. До сега немав видено црни... Исто така едни мали, зелени и дебели пајачиња шо паѓаат од дрвјата низ парк. И тие ги немав до сега приметено. Ама можда едноставно биле поактивни во шуми или други градови, а сега се рашириле.
Здраво денеска најдов Шкорпија во куќата во Македонија. Дали на форумов има некој профи што знае дали е алармантно или се работи за неотровни? Јас се зачудив искрено
Како јас дури сега ја гледам темава . Па поголем страшливец од пајаци , од мене здравје . Ме фаќа општа паника кога ќе забележам пајак , без разлика дали е со величина на Њу Јорк или помал од зрно мак .