Дали се исплаќа да купиш вертикална пегла на пареа Наликува на овој дизајн. Какви се вашите искуства? Не прашувам за парните генератори туку за малечките пегли на пареа. Мразам да пеглам па дали ќе ми направи некаква разлика ова?
Јас имам ваква пегла. Ретко пеглам ама супер е. Не е како обична пегла, не можеш раб на панталони, на јака пример да направиш... итн. Но за згужвани алишта е супер. Треба да пазиш само со дестилирана вода или филтрирана да пеглаш, оти од обична вода од бигорот ќе ти се затне
Јас имам и не ја користам колку што мислев дека ќе ја користам кога ја купив. Врши работа не дека не, ама не пегла ко класична пегла и ја користам само за некои понежни облеки и облеки што не се гужваат многу. Зафаќа место ама може да послужи и како закачалка
Мене ми врши мн работа поготово летно време за фустани, маици општо облека што е потенка. Кога сум во брзање обично пред работа 5 мин поминам еден фустан и средена сум. И јас мрааазам да пеглам така да го најдов спасот за летно време кога имаш најмногу за пеглање.
Јас ја имам на Philips и задоволна сум . Пеглам кошули ок ми е , нормално не е испеглана како нормална пегла со рабови, но носива е . Малите пегли на пареа не ги заменуваат нормалните пегли. Ако сакаш да биде баш ,,заледено,, нема да биде.
^ се согласувам за мислењето погоре. За секојдневно носење и исправање на згужваници врши работа. Или исправање на линии од здиплени алишта поготово маици, кошули, суќни што се гужваат од седење итн. Нема да изгледаат како со обична пегла испеглани ама мене ми врши работа за на брзина да се подиспегла нешто.