За бројачот на чекори прашуваш така? Точна цена не знам, знам дека се продаваше во орифлејм таков имам таков и знам поскапо го плативме, ама не ми текнува точна цена. Корисни се овие педометри и за пешачење не само за трчање, на стариот телефон самиот телефон си имаше апликација фитнес и си броеше чекори, си имаше посебна програма и за податоци за килажа и висина и според тоа .
Во јануари гледав во ГТЦ во една спортска продавница околу 3000ден беше, од некоја германска фирма произведен.
Ја на мојот телефон Alcatel OT-800 имам педометар. Ти мери колку метри си истрчал или изодил, колку км/ч си трчал/одил за колку време и колку чекори си направил
Јас имав од Мекдоналдс, ги даваа со некои оброци Ама па што ќар ако знаеш колку чекори си направил, сепак зависи од темпото и тежината на патеката што си ја изодел. Нема фајде од оваа направа. Оди во недела до средно Водно, и не ти треба педометар, сама ќе си осетиш
За вакви педометри станува збор Има различни во различни форми, бои и различна големина, само колку се корисни не знам, имам еден од орифлејм ама треба батерии да му ставам . Ваков ист е http://www.google.com/search?q=Pedomete ... CBAQ_AUoAQ
Јас пред 4 год. земав еден од странство за 15 долари и да ви кажам дека врска нема. Си мери тој таму нешто ама мислам дека нема везе, џабе ќе дадете пари
Јас имам апликација на мобилниот за мерач на чекори... Секој ден си гледам колку сум испешачила а исто така има и друга апликација за кога ќе трчаш, ти мери потрошени калории, брзина и колку си истрчала. А искрено мислам дека не се исплаќа баш за еден педометар да платиш 3000 денари...
Незнам за Самсунг, но ако имаш интернет на мобилниот лесно ќе ја спуштиш програмата, само напиши Walkmate. Барем мојата така се вика за Сони Ериксон