Многу сакам да готвам да правам секакви јадења, но пред се обожавам многу компир. Ако знае некој нека ми каже како се приготвува пекарскиот компир и оној со сусам малечки компирчиња поззз
Видов компир и ми светнаа очите Ете денеска што ќе имаме за ручек, едноставно се припрема, а многу е вкусно. Јас кога печам компири не им ставам млеко, лук и јајца, ама сега ќе пробам. Ова ми личи на мусака само без мелено месо. Како и да е - вреди да се проба :up:
Вкусни ли е? Оти Како печени макарони ми изгледаат дека се. А печени макарони со млеко и јајце и баш не љубам.
Интересна е рецептава, не знам и јас дали се вкусни вака а баш ме интересира. Инаку јас барав друг пекарски компир Прво да се свари па да се пече.. Знам така нешто беше, ама не ја знам точно целата постапка, а на интернетов не можам ништо да најдам
^ Битер да не мислиш ти на рестуван компир? Тој најпрво се вари, па го зачинуваш (зависно од вкус, претежно и лук се става, ама јас не ставам), и го пржиш. Многу е вкусен, а посебно дека за ваква намена употребувам мали компирчиња, и така ги пржам.
Не, не знам за тој со кромидче се пропржува а пред тоа се вари.. Овој се вари па се пече и знам дека е пекарски. Затоа и оваа рецепта за ваков пекарски ме збуни
Битер ваљда за оваков мислиш? Јас овој едно време првен го варев потоа го потпекував, но во последно време само го сецкам го ставам во тава го посипувам со зејтин, му додавам вегета и мајоран(поубав ми е со овој зачин) и го ставам на печење, побрза е подготовката, а ефектот е ист. Пробај па кажи како излегло
Кога станува збор за компир Мене на следиов начин мие највкусен : Еден килограм компир, ољуштен исечкан на коцки. го подварувам малку ( 15 минути ) додека се вари, земам подебело кесе и внатре ставам презла, црвен пипер, оригано, невен. Откако ке се подвари комирот го ставам во кесата и убаво го протресувам зачините и презлата да се налепат убаво. Го оставам да си поседи така во кесата, и за това време подгревам масло со путер, и ги потпржувам компирите да заруменат. Поубав начин за спремање компир и повкусен компир нема ако проба некој вака нека каже
Јас вака го спремам компирот- Го лупам, го сецкам на резенчиња и го ставам во подлабока, огноотпорна тава. Во неа додавам околу еден филџан за кафе вода и зејтинче(може по вкус и разни зачини да се додадат како вегета, бибер, оригно итннн. Сол обавезно, нели? И ја покривам тавата со алуминиумска фолија и печам во рерна на 200 степени. Кога ќе ја извадам фолијата и видам дека компирот е мек, фолијата ја тргам и го оставам да се пече се додека не порумени и не остане зејтинчето во тавата. Паралелно со печењето може да се стави и кромид и малку магдонос, да се печат заедно со компирот..Немате поима колку е убаво, посебно кромидот кога ќе порумени иче стане мек...Мммммм... Туку, нешто сега јас да прашам - ќе бидам оффтопик ама не знам каде за ова јадење да прашам - Дали знаете како се подготвуваат обланди со чоколадо..Трудна сум...И веќе 2-3 дена барам некој добар рецепт за тоа, ама не наоѓам баш некој привлечен..
За пекарски првпат слушам ама ке споделам како јас ги правам најчесто, прво ги лупам компирите и ги варам малце не многу да омекнат оти ке се ронат, се варат поради тоа што побрзо така ќе се испечат, и од како ке ги сварам ги сечам најчесто на четвртинки и ги клавам во тавче му турам масло, вагета, оригано и сусам и ги мешам убо да има на сите и ги печам, откако ќе се испечат ги јадам со кечап и сенф.
Јас најчесто вака приготвувам компири: излупени и исечени по желба ги ставам во тавче, им додавам зачини најчесто: мелен шарен бибер,вегета,многу сув магдонос,кориандер и мелен ким,добро го промешувам му налевам околу 200ml.вода малку зејтин ,малку путер или маргарин,покривам со фолија и го печам ,кога е скоро готово ја вадам фолијата и го потпекувам. Совршени се !
Мене за пекарски компир ми кажаа вака: Компирот се сече на половина (не се лупи туку се мие убаво),се премачкува со маргарин убаво целиотт односно половинките се засекува на горната страна(на косо на пр 3 пати) се посолува и му се става ким или сусам кој како си сака.Јас правев и многу беше вкусен.А исто имам правено компир излупен исецкан на парчиња во тава се пече со зачини и прикрај ставам хопла го вракам назад додека да изврие,и овој е многу вкусен.
Штотуку го испробав рецептот и компирите се преубави. Многу е лесно за подготвување, јас во ќесата ставив сол, вегета, црвен пипер, презла, рузмарин и сосем малку сусам. И путерче. Така си стоеја компирите претходно подварени 15-тина минутки во ќесата, а потоа се пржат. Превкусни.
И јас го направив женски, еднаш го пржев во масло, а вториот пат го ставив во рерна на подмачкано со путер тавче. Вториот пат дури и ми беа поубави, помалку мрсни а, исти ако не и повкусни од пржени. Пробајте и така.
^^^ Претпоставувам ако имаш од оние за замрзнување ќеси што се поголеми некои, макар што и во обичните, доколку е чиста, зашто да не, та и ние дома во нив ставаме да речеме месо поголеми количини и така го замрзнуваме - само да е чиста ќесата и да не е веднаш изваден компирот и ставен во ќесата, претпоставувам дека бар сосема малку треба да олади, бар малку. Јас утре или задутре ќе пробам печен бидејќи и јас не сум многу по мрсните, пржени па се што можам наместо да пржам печам, макар биле прстени од кромид Ми изгледа прилично вкусно мљац, мљац.
Hезнам како ми се прочита,дека компирите се печат в кеса в рерна и си велам како бе?сега прочитав што сум напишала и делете,инаку било само за растресувањето зачини тоа,прочитав потоа еве сега ги правам,усвари ги варам 15мин,ама сакам в рерна да ги ставам за да се помалку мрсни