1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пелтечење кај деца

Дискусија во 'Дете' започната од S.kiki, 15 февруари 2021.

  1. S.kiki

    S.kiki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    Здраво, би сакала да прашам дали некој од вас се соочил со овој проблем и да сподели искуства?
    Имено, се работи за веќе 3 години дете, кое после 2 години почна да пелтечи преку ноќ. Претрпен страв и стрес не се случиле, но таткото исто така има таков проблем. На периоди пелтечењето се намалува до степен што само стручно лице би го сетил, а некогаш е многу изразен, сега веќе неколку дена е многу лошо. Неколку пати одиме на логопед државно , но не сакаат да не примат, со изговор дека е сеуште мал и дека се работи за физиолошко пелтечење. На приватно бевме исто така, ни кажаа дека има неправилно дишење, но немаа термин. Ве молам споделете искуства и како да постапиме со овој проблем. Многу ви благодарам!
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Пелтечењето на детска возраст може да се јави во период при интензивен развој на говорот на детето односно меѓу втората и третата година од животот на детето. Во таа фаза детето сака многу да каже а сеуште не е подготверно за моторичка изведба на зборови иреченици кои сака да ги каже. Ова е физиолошко пелтечење кое исчезнува само по себе. Исто така може да се појави меѓу 7-8 год или почетна фаза на пубертет и ова е физиолошко пелтечење кое исчезнува само по себе.

    Во голем број случаи, како кај деца, така и кај возрасни, причината за појавување на пелтечењето е непозната. Пелтечењето според голем број автори има полиетиолошка природа, па како некои од факторите кои влијаат врз појавата на пелтечењето би ги набројале:
    • генетски предиспозиции
    • невромускулни фактори
    • лингвистички фактори
    • психолошки фактори
    • неправилно дишење
    • фактори поврзани со средината
    • фактори поврзани со секојдневието
    Логопедот е оној кој воглавно го препознава и дијагностицира пелтечењето, го прави планирањето и следењето на говорната терапија, и на крај ги елаборира добиените резултати и успехот од говорната терапија. Така да, за мирна совест барај си термин на логопед.

    Од лично искуство ми се има случено кај првото дете. Имаше 2,5 год кога бевме на одмор и се качивме на брод. Очигледно тоа за него беше голема траума за да 2-3 дена многу пелтечеше. Бевме спремни да се вратиме назад односно дома но и така имавме уште 4 дена до крајот на одморот. Веќе четвртиот ден, детето се врати во нормала и јасно ни беше дека со него од тогаш треба многу пажливо и подготвено односно да му се најави, објасни и сл. што и како би се правело, одело некаде и сл.
     
  3. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.456
    Допаѓања:
    19.572
    Пол:
    Женски
    Не е мал да работи со него логопед, навистина не го разбирам делот. Бидејќи целиот систем на релација логопед-дете е игра. Повеќе од значење е како детето ќе го прифати логопедот, уствари пристапот. Ако не соработува со него, ќе соработува со друг. Ако ништо друго, дали доби насоки за ситуацијата? Барај друг логопед.

    Најчесто се работи за физиолошко пелтечење, кое секако дека има рецидиви, екстремно лоши фази на говор до степен кој наликува на блокади (а не се) и фази кога нема пелтечење со рецидиви преку ноќ. Со сите вакви фази, може да трае (а и не мора) до школска возраст. Ова само логопед може да процени. Топла препорака за друг логопед.

    Бидејќи рече си исклучила психолошки фактор (ако не си, консултација со детски психолог кој може да го открие истиот, во случај да не можете вие и ќе ве упати како понатаму) сега прво исклучи физички фактор - слух, после е се друго.

    - Не го предупредувај, не го исправај, не му кажувај дека зборува неправилно или дека пелтечи. Не е од помош, напротив, води до примарна фаза. Однесувај се како да не постои проблемот, игнорирај го пелтечењето, со тоа што, ова се насоки кои треба да ги следат сите што се во околината на детето:

    1. Почекај да ја заврши реченицата макар и цела вечност била потребна и не го дополнувај, не ги завршувај речениците/зборовите наместо него.

    2. Зборувај со него симната на негова висина, интеракција очи во очи.

    3. После него повтори реченица/збор правилно и полека, со кратки паузи меѓу зборовите, истиве малку развлечени на самогласки. (Не екстремно спор говор или робот-говор).

    4. Пред да одговориш на прашање почекај 2, 3 секунди.

    5. Не си упаѓајте во говор еден на друг со домашните, зборувајте полека, јасно и кратко, за да има пример кој ќе го следи.

    6. Усогласување на воспитни мерки со партнерот.

    Во екстремно нефлуентна фаза на говор, треба да вклучиш игри (вежби) кои не вклучуваат многу говор и/или игри во кои се менува гласот.

    -Сензорни активности како пластелин, цртање, игри со вода и/или било која тема од small world сензорни активности за деца, соодветни на возраста секако.

    - Игри на улоги каде ќе забележиш дека нема да има пелтечење кога ќе го промени гласот, шепотење, пеење, рецитација, многу кратки приказни кои вклучуваат по збор, два, игри кои вклучуваат имитација.

    -Тапшање со рачињата на песнички, пукање со прстиња, поделба на зборовите на слогови и сите игри за фина моторика соодветни на возраста.

    Вежби за фасцијална и орална моторика: правење гримаси, истегнување јазиче горе доле, плазење, вртење со јазиче, "пуцкање" малку со вилицата, пиење со цевка, храна која вклучува повеќе џвакање.

    Вежби за дишење и развој на дијафрагма, сите видови игри кои вклучуваат дување, водени сапунчиња (баблс), балони, сунѓерести топчиња, дување преку цевка полесен предмет (интересно е бомбони бони топ или како беа). Функцонира одлично плишана играчка на меше и игри на улоги, змеј кој дува за да испушти оган.

    Вежби за развој на двете мозочни хемисфери едновремено: крос игри, баланс точачиња, качување по скали и сл. Секоја согласка на која пелтечи, поврзи ја со самогласка и убација вежбата во игра. На пример, т. Како прави пожарната? Тууу тааа таа тааа туууу. Самогласките развлекувај ги и без согласка.

    Не ми текнува друго. Само креативност за игри, упорност, треба време, не се решава преку ноќ. Околу 20 тина минути вежби дома и секогаш кога е тоа возможно, особено во нефлуентна фаза, а напоредно логопед.

    Поздрав и секое добро.
    Јас да му кажам фала на син ми што конечно завршив со пишување. :D
     
    На MaralStar и Mia Fuentes им се допаѓа ова.
  4. S&ster*!

    S&ster*! Активен член

    Се зачлени на:
    25 март 2021
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Истиот проблем се јави и кај мојата внукичка..Дете кое што е многу понапредно од тоа што треба, има 3,5 годинки а зборува буквално како возрасен човек со разбирљње за секој збор...но еве пред некое време се појави одолговлелување на зборовите до состојба да престане да зборува затоа што самото чувствува срам и прекинува..после разговор со логопед имаше препорака да се направи преглед со детски психијатар кој даде да се пијат таблети ГАМАЛОН и Бедоксин..за жал нема никакво подобрување ако некој има слично искуство или совет мило ке ми биде да го сподели...загрижени сме премногу
     
  5. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Да не има претрпено и претрпува сè уште некој страв, стрес? Нејзините родители да не имаат кавги дома, а детето да не е сведок на тие случувања по дома?
     
  6. S&ster*!

    S&ster*! Активен член

    Се зачлени на:
    25 март 2021
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Не, буквално нема никаква промена во фамилијата која би можела да влијае,затоа и не би знаеле што може да е причината како да се случи преку ноќ.. потешкотиите се во оформување на гласови тешко излегуваат зборовите од уста а претходно немаше никаков проблем со зборувањето...
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. bruno.com

    bruno.com Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2014
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    254
    Пол:
    Женски
    Zdravo da ve prasam za mojata kerkicka 8 godini e pred nekoe vreme primetivme deka pecleci pri govor odnosno pred da kaze nekoj zbor pocnuva da gnka.Isto taka i vo skolo se slucuva ova i drugarcinjata i se potsmevale.Na primer ako saka da kaze Jovana taa vika jo jo Jovana.Kade da se obratam mnogu sum zagrizena sto ke me sovetuvate vi blagodaram