Живеам во малце ризично маало каде што често пати за жал добивам несакани коментари од мажи а се има случено и коли да ме следат. Си зедов пепер спреј ама ме интересира- се смета ли како оружје? Може ли да ме пријави некој доколку го прснам? Дали "следење" е доволна причина легално да употребам спреј?
Јас знам случаи, то ест сум слушала искуства дека тие што биле фатени дека воопшто го носат плаќале казни, дури и во самоодбрана да го искористиле. Ако ме лажат, лажам и јас. Мада во нашава држава не ме чуди. Повеќе ќе го јадеш ти за пепер спрејот него некој што те нападнал.
Законски-не законски, како жена која е под огромен ризик во општествово, по дифолт... носам со мене “Понезаконски“ е некој да ме силова, па не ми е гајле
И јас имам еден појма неам од каде ми е, во Македонија нонстоп се шетав со него, со џебен нож во џеб кај што ми е одма на дофат и голем кујнски нож во ташна или чизма. Подобро ја да го убијам него он мене. Да провериш на бит пазар таму нема шо нема.
Мислам дека би си купила и би го носела со себе. Колку небезбедно се чувствувам во последниве години по улица, да имам со себе нешто ко пепер спреј барем ќе ми даде некоја опција да се одбранам ако има потреба.
Леле дај те молам цел кујнски сет ножеви со нас да го носиме. Се надевам постот ти е ироничен зошто ако е поинаку ова е лудост. Што ќе постигнеме ако секоја будала има џебно ноже со него наводно за заштита??? Поголеми се шансите да се спасиш со бегање него ли со помислата дека ти си посилен од него. Пепер спреј разбирам ама се друго ми е ширење на насилство. На темава незнам дали е легално, би требало да може.
Не е иронично, вистина е. И незнам што толку не ти се верува. Мене ми се има случено до дома да ме следат, клучот од врата ми го имат вадено за да не влезам дома, исто така и еден друг ме има грабнато на сред бел ден, арно помина еден пријател и ме спаси, после тој научил кадр живеам и два пати доле пред зграда ме чекаше, викав другари да го бркаат оти нели полицијата спие, неможат они ништо. Е затоа почнав да си носам.
Незнам каде и во кои кругови се имаш движено/дружено, но јас секој ден се движам низ Скопјево и до толку небезбедно се немам почувствувано. Не велам не, се е можно, ама сепак не мислам дека со тоа што ќе носиш џебно ноже ќе го спречиш оној што сака да ти направи нешто. Како што реков, подобро е да бегаш наместо да покажуваш сила, затоа што не знаеш до каде оди неговата лудост.
Бегање да. Али кога си одиш ти така меѓу луѓе сред бел ден и значи опуштена си, ни на крај памет не ти паѓа таква работа и завртуваш во сокаче шо нема ни пет метри и некој што е три пати поголем од тебе да те грабне позади и да те влече, да видам шо ќе прајш кај ќе бегаш. И рипав и пискав и пробав да удирам , нишо не му беше. Среќа пријателот дојде. Али тој човек во години и неможеше да трча по него. Пријавив во полиција и ништо. Ми кажаа дека цел град личи на овој опис што го дадов, како да го најделе? Па ако ме пикнеше во кола или пробашше да ме силува??? Па подобро ќе зеам ножот од џебот и ќе го бушам. Од тогаш никад не сум се оставила со празни раце. Ајде остај мене, јас во поголем град живеев тогаш, ами во мојот мал град од кај што сум пред неколку месеци нападнаа другарка на два метра од продавница, почнал да ја дави, врска неам како се спасила. Напаѓачот не е пронајден
Не планирам да носам. Поарно да ме убијат него да прекршам закон. Барем ќе отидам на оној свет како чесен граѓанин и човек.
1.Не е легално, АМА големо АМА. Шансите да ве тресе ЕИП како женски се преретки. И да ви го најдат нема да имате проблем, прво пошо ќе сфатат дека е за самоодбрана. Само не го носете по концерти или негде кај шо има обезбедување и кај што тресат за да не ве сфатат грешно (дека би наштетиле на изведувачот итнн). Иначе, и да ви го најдат ништо нема да ви се деси. не секад ќе имаш простор да бегаш, или да имаш кај да бегаш. Ако те начека у вц у диско, у лифт, кај ќе бегаш? Не ти се десило (шо ми е мило), затоа и вака збориш. Јас со години се шетам со нож у мене и ич не ми чуе. Нон стоп го иам у мене, ама нон стоп. И сите другарки се осеќаат безбедно со мене, пошо знаат дека ако дое момент, дека иам м**а да му го рснам на некој. Пошо ако може некој да се осмели да ме краде, да ме нападне, да ме влече, да проба да ме силува, нема да го жалам веруј. Со години, се вртам и на сопствената сенка, и не знаете колку неубаво чувство е тоа. И мене ме заебавале зашто го носам, ама не се у моја кожа, и не дај Боже да бидете. Бидејќи остава факинг траума. И никад више нема да можам да шетам безгрижно и да се праам дека Скопје е суперсигурно, пошо не е. И пошо имаше кој да ми помогне, и не ми помогна. И не очекувам од рандом лик на улица утреден да ускочи и да ми помогне. Носам и тејзер у мене, можам да бирам шо сакам да му напраам. Дали ќе го пржам, или ќе го брцам. И не е ко шо мислите сите ,,аа ќе ти дое некој и одма ќе го збрцаш''. Нормално дека не. Јас пример се знам себеси, ако ме удри, ќе го удрам и јас, ќе глеам да добијам на време да можам да брцнам у џеб и да го извадам ножот, пошо секад ми е при рака. Плус би го употребила под Чл.10 од КЗ. Нема сигурно од чиста мира да збрцам некого и да го лежам после. Ѓубриња не лежам па шо сака нека е. Мене кога ме нападна крадец, јас не можев да одам, ми се смрзнаа нозете, само вриштев хистерично. Кај да бегам? Нозете ми се пресекоа од страв. Мозокот и рацете ми работеа, ама нозете ми беа фиксирани у место Не е секад ,,бегај''.
Легално или не, би сакал да имаме опција за самоодбрана, без разлика на пол женски или машки сите сме склони кон манијаци и криминалци. Или минимално да е обавезна самоодбрана ко час или така нешто. Кога ќе дојде ножот до коска, легалности искачаат од предвид.
Сочувство кон двете @Feminka22 и @Adidas888 жал ми е за она низ кое сте поминале. Се надевам дека сте го пронашле вистинското лице за разговор кое ќе ви помогне да ги надминете траумите. Реалноста е дека после таква случка ти се менува размислувањето и начинот на живот. И ве разбирам, но сепак да сте ми пријателки би стоела настрана од вас се додека не се помирите со траумата која сте ја поминале. Има нешто во гневните луѓе што не им дозволува да размислуваат рационално. Наместо ладно оружје одете на часови за самоодбрана. Затоа што како што кажа фемика нозете пак можат да ти се здрват. И наместо ти против негo, може твоето оружје да биде искористено против тебе.
Знам да се тепам. И сум идела на часови Моите другарки неќат да седат настрана, за разлика од тебе, затоа што се вистински другарки. Затоа што ме сфаќаат, и ова не е нешто шо се брише, покрај крадецот иам и други трауми, некад коа ќе искочам од дома, заборавам на тоа, ама некад се вртам на секои 100м и анализирам кој сѐ е околу мене. Некои работи за жал не се забораваат. а тоа што мислиш дека некој треба да стои понастрана од нас... јас ќе кажам за себе, за Адидас не можам да зборам. Ножот сум го имала у мене, у секакво стање, сегде. И мртва пијана коа сум била, абе ни на крај памет не ми текнало да го извадам, камоли да повредам некого. И никад НИКОЈ не се осетил у моја близина загрозено, прво од моите дома, второ до другарки, другари, партнер. Пошо они ме знаат, а ти не. Знаат колку ми чука во главата, знаат колку сум пресметлива, знаат каква особа сум, знаат дека никогаш не би повредила некого од чиста мира, макар на 100 пијачки и опијати да сум. Пошо тоа не е за да повредиш некого од чиста мира, туку е за да се заштитам себеси, пред да ми наштетат. Знаеш колку луѓе можат да носат у нив ладно оружје, а да не знаеш? Мене да ме видиш на улица нема да ти текне дека можам да претепам некој, пошо иам 50кг и мила фаца, а камоли дека носам нож и тејзер у мене