Перл харбор ми е еден од омилените филмови. Филмот е долг, а јас си го направив три пати подолг затоа што дури го гледав го стопирав околу 5 пати сигурно. Седев како скаменета и солзи ми течеа постојано. Не се сеќавам некој филм да ме допрел толку многу како Перл Харбор. Глумците ми се совршени. Омилени !! Се ми е совршено во филмов. Како ви се допадна вас ? Како го доживеавте ? Дали плачевте ? Јас две недели откако го гледав не можев да спијам, се будев од сон. И сеуште ми е останат длабоко во главата
Овој филм ми е на листата на најдобри. Самата приказна е прекрасно доловена,филм преполн со емоции.. Незнам само колку пати сум го гледала и е еден од оние филмови кои никогаш нема да ми станат досадни. И плачев,да. Филмот имал повеќе номинации на Филмски доделувања на награди,а исто е номиран во повеќе категории на доделувањето на Златна малина на годината (незнам со кој ум ваков филм бил номиниран )
Прекрасен филм. Еден од најубавите што ги имам гледано. Прекрасна приказна, прекрасна глума, полн со емоции. Навистина подолго трае но вреди секоја минута :up:
Едем од омилените мои филмови... Првпат дознав за него на саем...саем за електроника нешто беше и имаше поставено мала затемнета собичка и внатре наредени столчиња како во кино салите и пуштаа сцени од филмови... Влегов баш кога беше сцената со бомбардирањето, имаше јак сараунд поставен и на колегата кој беше со мене му реков-филмов мора да го гледам... Тогаш бев некоја си трета-четврта год. на факс. Но првпат го гледав додека бев бремена...цело време се воздржував да не заплачам (не е убаво да си тажна , не е убаво за бебето), цело време имав кнедла во грлото и никако да ја голтнам...колку и да се воздржував солзите сами си течеа... Прекрасен филм, секоја сцена е интересна, глумците и нивната глума совршени... историски филм, но и љубовна проказна. Секоја минута вреди....малку подолго трае...морав на моменти да паузирам за да одам до тоалет-во поодмината бременост бев и се сеќавам се стискав колку можам подолго да издржам за што побрзо да го догледам. Не дека ми беше досаден и сакав што побрзо да заврши туку ме копкаше самиот крај, што ќе се случи, кого ќе го одбере, кој останува на крај со неа...А последната сцена е апла срцепарателна....е тогаш дури и липав. :'(
Предобар филм! Сум го гледала неколку пати и секогаш ме воодушевува. Најмоќен момент ми е кога претседателот ќе стане од количката.
Добра актерска екипа, ама повеќе би го категоризирала како романса отколку воен филм (омилените мои тематики), па филмов беше полн погодок. Интересна приказна, не ни забележав дека трае толку долго. Плачев на многу моменти, а ме трогна сцената кога свршеникот на Бети го напиша нејзиното име на бомбата кога одеа во невозможната мисија. Огромен плус е и саундтракот, добро парче филмска музика.
Не го имам гледано филмот (на листата ќе го ставам), ама знам дека ми падна на испит прашањево (американска цивилизација) Па така ќе направам споредба
епа седнувај одма и гледај го! прекрасен е!!!! еден од моите најомилени, доста е долг, ама нема да ти биде досаден ниту во 1 секунда
Само што помислувам на филмов и кожава ми се ежи..Дефинитивно еден од најубавите филмови што ги имам гледано, а море од солзи исплакав.За тие што не го имаат гледано го препорачувам, нема да зажалат за времето Еве и soundtrack кој е исто така прекрасен http://www.youtube.com/watch?v=Btesr2G8WpE
Штом еден филм со таква воено-историска основа ми се допаднал МЕНЕ - мора да е добар Затоа што такви филмови во 99% од случаите не ми се по ќеф. Актерите - бре очи си исплакнав Го имам неколку пати гледано.... и пак би го гледала.
Го обожавам филмов, како што кажа Хипица, и покрај тоа што е со војни(ич несакам такви содржини). И јас исто го имам неколку пати гледано, и пак ќе го гледам
7декември 1941г. Напад на Американската воена база-Перл Харбор од страна на Јапонија. Жесток судир. Податокот никогаш нема да го заборавам. Филмот го немам гледано. Но, ќе го гледам.
И јас не сум љубител на филмови со воена тематика, но овој е исклучително добар.... Го имам гледано повеќе од 5 пати и пак би го гледала... Прекрасна приказна, одлични актери... А и soundtrack-от на филмов до ден денес ми е една од омилените љубовни песни http://www.youtube.com/watch?v=zhpFwpu0mGw
Го имам неколку пати гледано, и пак би го гледала, има срцепарателни сцени ем љубовни ем тоа со војната како е се прикажано , чиста десетка има филмот