До сега има само два дела од овој сериал.За филмовите велат дека се многу слични со Хари Потер, но со различна приказна.Се работи за едно момче по име Перси кое дознава дека е полубог односно син на Посејдон ( богот на морето).Тој оди во камп во кој тренира и се дружи.Тука почнуваат неговите авантури.Сега се дава вториот дел во кино Милениум и Синеплекс. Па ако сте ги гледале овие филмови напишете го вашето мислење.
Перси Џексон (Persy Jackson)2010,2013,... Нема ништо слично со Хари Потер, освен тоа што се ист жанр, со разлика што Перси Џексон е базиран на митологија. Инаку убав филм, интересен, со елементи од грчката митологија, иако нема ништо посебно за љубителите на истата, нема некоја посебна акција или осврт на некоја приказна, онака само приказ на боговите и митолошките суштества без некоја особена приказна или дејство, ама не е лош онака за тепање време. Хари Потер е далеку подобар избор.