Значи вака накратко за мене, јас сум млада лекарка која дипломираше лани, моментално извршувам пракса шестмесечна предвидена во Здравствен дом. Ме интересираат искуства од поискусни колешки и колеги на форумот, околку перспектива на нашите лекари во странство во Германија или пак некоја друга земја. Се надевам дека следна година на почетокот ќе положам Б2 ниво германски. Какво искуство имате во странство? А оние колеги што останале тука, does it get better? Гледајќи ги моите опции како некоја што нема политичка позадина или друг тип на врски, максимумот што го гледам дека би го постигнала во Македонија е матичен лекар со мизерна плата. Имам колеги и колешки постари од мене и до 10 години, и преку комуникација разбирам дека не постои човек кој е влезен во државно како специјалист што не влегол без врска. Значи буквално нула проценти шанси да станеш специјалист без врска. Разни малверзации на државни конкурси, местени бодови, лажирани просеци. Од друга страна приватна специјализација изгледа како лоша инвестиција бидејќи немаш гаранција дека ќе бидеш вработена откако ќе ја завршиш,нема да ви се верува колку специјалисти знам кои завршиле приватна, а работат како матични. А за матичен да направиш нова амбуланта тешко, бидејќи сите пациенти се веќе зафатени од амбуланти и поликлиники со илјадници пациенти. И од тука испаѓа дека најдобра опција е да се запишеш на курс за програмирање. Сакам да поттикнам дискусија меѓу постари и помлади колеги на форумов, да споделиме свои искуства и перспективи. Доколку има слична тема админи нека бришат или спојат.
Убава тема, како студент што се ближи при крај на студиите, би сакала да прочитам повеќе мислења од дипломирани и вработени колеги. Јас како прв план сакам да останам овде, но размислувам и за опција странство доколку видам дека нема услови за напредување или вработување тука. Не сум од голема помош за лично искуство да споделам, ама напишав мислење за да прочитаат повеќе колеги и да се развие дискусија. Би била темава многу од помош за сите што наскоро ќе дипломираме и за тие што скоро сте дипломирале, убаво ќе е да се прочитаат повеќе искуства и совети.
И програмирањето не е тоа што некогаш беше. Во лудиве времиња во кои живееме нема веќе гаранција за никоја професија. За жал. (Освен нели ако не си партиски некаде чучнат на висока, дебело платена позиција со бонус можност за лева рака, десен џеб).
која е платата на лекар специјалист? ако не е тајна,,,дали воопшто се исплати да се плаќа приватна специлализација , да се троши време, труд и после на кар пак си почетник и стануваш човек на 40 годи, кога веќе некои твои врсници поминале многу и многу
Јас работев како матичен лекар цели три и пол години и сосем солидна плата земав за тоа. Не работев во Скопје, туку во внатрешноста на државата. Задоволна сум искрено од постигнатото до сега. За време на овие три и пол години многу работи научив, преку однос на пациент, па се до насоките во кои треба да размислуваш како лекар. Вистинската пракса е тогаш кога сам ќе се посветиш на пациентот и самостојно ќе донесуваш одлуки. Сметам дека секој млад лекар треба да поработи извесен период, две-три години пред да тргне на специјализација. Запишав приватна специјализација, и не мислам дека направив погрешна одлука, напротив мислам дека е најдобрата што можев да ја донесам со оглед на хаосот и неорганизираноста на здравствениот систем во државава. За работа? Мислам дека тек допрва доаѓа периодот во Македонија во кој здравствените работници ќе се бараат под камен. Дека во Германија си подобро платен да, дека се условите подобри за живот и работа да, но и таму треба да почнеш од нула и не е така лесно за успевање како што изгледа.
Мене ме интересира која е разликата помеѓу тоа што некои колеги кога ќе ја земат лиценцата веднаш почнуваат да си работат како матични доктори по ординации, а дел од колегите одат на платена пракса? Што е подобро, има ли некоја предност ако се одбере платена пракса?
Доколку сакаш понатаму да запишеш специјализација потребно е минимум 6 месеци да имаш одработено како општ лекар, не е важно дали тоа ќе биде како платена пракса или во матична ординација. За двете опции има предности и недостатоци. Пример за платена пракса се чека многу долго за да те викнат, некои колеги со земени лиценци од јануари сѐ уште не се повикани да почнат со платена пракса, плус дел од тие што веќе почнаа се пожалија дека нередовно се исплатени паричните надоместоци. Јас пример се одлучив да работам во ординација во склоп на приватна болница како општ лекар и сум задоволен со одлуката. Има можност да се види различна патологија, плус кај нас има можност и тој “адреналински” момент да се искуси бидејќи одиме на домашни посети и медицински транспорти во МКД и странство. Негативен аспект на матичните амбуланти е што дел те обврзуваат на подолг временски период да работиш.