1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Перфектна Хемија (Симон Елкелс)

Дискусија во 'Книги' започната од Katerinceee, 23 јули 2014.

  1. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Книгата ја препорачувам на секого, дефинитивно најдобар љубовен роман кој го имам прочитано во животот. Слична е на филмот три метри над небото, но книгата е многу подобра, има совршен крај.
    Додека ја читав, имаше моменти кога ке се насмеам и расплачам...
    Се зборува за реалниот живот и секојдневието. Многу работи научив од оваа книга.
    Една осумнаесетгодишна матурантка со внимателно создаден „перфектен“ живот. Со перфектна маска, со перфектен изглед, со „перфектно“ семејство, со перфектно момче, со група најдобри пријатели, со ветувачка иднина, со беспрекорна репутација. Или барем така мислат оние околу неа... Едно осумнаесетгодишно лошо момче со ужасно минато и уште помрачна иднина, со група пријатели бандити, со семејство кое зависи од него, со куп проблеми и без страв. Тој нема соништа, нема амбиции, нема цели затоа што и покрај тоа што има потенцијал, Алекс е свесен дека таквите како него никогаш не стигнуваат далеку...

    Еден важен проект по хемија кој ги спојува како партнери и еден облог дека лошото момче може да ја освои добрата девојка кој ги поврзува во игра.

    Но оваа игра е како игра со оган - колку и да е забавно и изгледа безопасно, ако премногу му се приближиш, огнот ќе те изгори и ќе остави лузни.

    Она што Британи Елис не го знае е дека нејзината маска и „перфектен“ живот ќе почнат да ѝ се распаѓаат пред очи. Она што Алекс Фуентес не го знае е дека Британи не е само арогантна популарна девојка, туку вистинска личност со вистински проблеми која ќе го натера да стави точка на лошиот живот кој досега го живеел и да побара нешто повеќе од својата иднина.

    За сите млади кои сè уште го бараат својот пат, за оние кои не се чувствуваат добро во „својата кожа“ која им е наметната од други, за сите кои се чувствуваат помалку вредно и важно од останатите, за сите на кои им е потребна инспирација, за сите кои бараат уживање и позитивна енергија, за сите кои бараат одобрување за своите постапки, а длабоко во себе не им е потребно, за сите кои веруваат дека не е лесно да се обидуваш да бидеш совршен, за сите кои веруваат дека класните разлики не можат да ги разделат луѓето и не можат да направат разлика во големината на љубовта... За сите оние на кои им се допадна „Три метри над небото“...

    Интернационално популарен роман за млади со 4 освоени награди.
     
    На Sar-Ste и Summerlove@2016 им се допаѓа ова.
  2. BojanaLegija

    BojanaLegija Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2014
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    66
    Ја немам прочитано, но во наредните 2-3 месеци ја имам во план. :angel:
     
  3. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    4.274
    Пол:
    Женски
    Да да да да најдобра тинејџерска книга. Предобра еее сакам пак да ја прочитам се заљубив во Алекс :inlove:
     
    На Sar-Ste му/ѝ се допаѓа ова.
  4. macka5

    macka5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2014
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    307
    Како што спомена погоре, да има слична содржина како три метри над небото, но според мене книгата перфекѕна хемија има понереален крај додека пак три метри над небото и како има реалистичен крај, да суров но реален па затоа јас повеќе ја претпочитам три метри над небото
     
    На Sar-Ste му/ѝ се допаѓа ова.
  5. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.769
    Пол:
    Женски
    Ме привлече насловот и ја купив. Убава е, но некако ептен ми е како шпанска серија. Си ги предвидував настаните.
     
    На Sar-Ste му/ѝ се допаѓа ова.
  6. realGirl

    realGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2014
    Пораки:
    1.411
    Допаѓања:
    6.697
    Пол:
    Женски
    Многу нереална ми беше книгата и ја не дочитав до крај. Стигнав до таму кога Алекс и незнам како се викаше девојчето почнаа да се гледат, да одат на журки тоа ми текнува одамна ја читав.
     
  7. Sar-Ste

    Sar-Ste Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2014
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    2.537
    Пол:
    Женски
    Книгата ептен ми се допадна. Интересна содржина, тажна, љубовна. На мене некако слични ми се Перфектна хемија и 3 метри над небото со многу слична тематика, ликовите ги доживував исто па и некои настани. Но сепак многу интересна е и ви ја препорачувам.
     
    На krEM4Eto му/ѝ се допаѓа ова.
  8. teteks

    teteks Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    788
    Ме заинтересира книгата.Може линк на српски ако ја има и линк од другата книга ,,Три метри над небото''? Или ако ги нема од каде можам да ги купам?