1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Перфекционист!

Дискусија во 'Психологија' започната од Elizabethh, 10 октомври 2010.

  1. Elizabethh

    Elizabethh Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    10
    Перфекционизмот претставува стремеж за високо достигнување во некоја област и склоност на личноста од себе да бара совршенство и максимално можно постигнување.
    Перфекционистите си поставуваат високи цели кои често и ги остваруваат, организирани се и педантни и го искажуваат задоволството од постигнатото.
    Од друга страна, постои нездрав перфекционизам, т.н. дисфункционален, а негови основни манифестации се превисоко поставени амбиции, често нескладни со способностите и резултат од тоа е незадоволство од постигнатото.

    Постои врска меѓу перфекционизмот и депресијата. Зошто? Поставувањето високи цели ја зголемува веројатноста од неуспех, а со тоа се засилува интензитетот на чувствата врзани со неуспех.

    Дали може да се случи заради него да се избегнуваат потенцијално пријатни активности? Дали стандардните перфекции пречат еден човек да не се обиде со нешто друго кое не е најдобро што може да се направи?

    Колку е стресно да си перфекционист?

    Колку може да влијае на односот со другите луѓе? Кој е „чуден“ во случајот? Оној кој е перфекционист или оној другиот? Колку може две различни личности (од овој аспект) да функционираат нормално?

    Колку сте перфекционисти? Или можеби повеќе сте за она: „Јас повеќе сакам нешто што едноставно го правам, наместо да правам најдобро што можам“
    Како е да си не/перфекционист?

    Ако ви се дискутира за ова, повелете. :f:
     
  2. violinistka

    violinistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2010
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    152
    Доста интересна тема...Јас одсекогаш сум била перфекционист,но тоа пробувам да го искоренам зошто тоа знае да влијае многу стресно,зошто со перфекционизмот се стремиш кон совршенство што реално е ретко или не постои.
     
    На Dashing:) му/ѝ се допаѓа ова.
  3. elygj

    elygj Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    68
    Аууу...па тоа сум јас.Некогаш мразам што сум таков перфекционист.Се мора да направам како што сум замислила,се мора да биде под конец,во најдобар ред..и тоа некогаш замара и оптоварува,но не можам против тоа,таква сум по природа.
    А имам читано дека перфекционизмот се поврзува со некое незадоволство на психичко и емотивно ниво,дека претставува начин на бегање од некој проблем... :^)
     
  4. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    ууу јас не сум перфекционист ... не правам планови пред време зашто ако ми се расипат ке се нервирам ... сакам да знам каде ми се работите и не сакам јас кога ке средам некој да ми преместува зашто црно му се пишува ахаха се шалам ... не сум размислувала на ова ама видиш како биле работите ... интересна тема... имам другарка ептен перфекционист и да влезе сега во мојава соба одма ке избега хаха се шалам ке почне да средува ... :D сакам кога сите работи се во ред ама не е морално се да е под конец па некогаш случајните работи се најубави :lol:
     
  5. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Женски
    Се пронајдов во твојот пост не само што сакам се да е перфектно под конец, дури и за мали нешта ако не се како што треба ќе најдам замерка. Ич никаде не сакам пропусти буквално се да е ок. Ама тешко го прифаќа тоа околината па гледај да не наидеш на конфликти :D
     
    На Зегзи му/ѝ се допаѓа ова.
  6. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Не сум и искрено не ни сакам да бидам.Сакам секоја работа што ќе ја започнам да биде квалитетно изработена но да се опседнувам со најнајмали ситници,да газам по лешеви да се исполни тоа -не благодарам!

    Совршенство на овој земски свет не постои,така да работи со љубов,со воља,со човечност и од резултатите ќе бидеш пред се сам задоволен а и луѓето окулу тебе.

    А што се однесува до хигиената во домот бидејќи гледам се споменува и тоа,јас како хороскопска девица сакам да ми биде се на свое место,стокмено,фино и чисто.Некогаш има денови кога ме мрзи и единствено сакам да лежам под ќебе и да дремам,не ми се чисти и не чистам.Како што кажав погоре, се во своја граница на нормалата,на крајот на денот ќе си легнеме како луѓе а не како роботи.
     
  7. elygj

    elygj Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    68
    Георгина почитувам што не си перфекционист,секој е индивидуа сам за себе,само не се сложувам со делот од твојата реченица каде велиш дека не сакаш да газиш по лешеви,мислам дека тоа апсолутно нема врска со перфекционизмот
     
  8. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Претставува стрес, но повеќе задоволство. Од моја гледна точка е добро нешто. Горда сум што сум ваква. Некогаш се нервирам што за се мора да грижам, се преоптеретувам со глупости кои никој нема да ги примети, но така ми годи и не сакам да се сменам. :)
     
    На Hopeful му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    И јас сум перфекционист, сакам се што ќе го започнам да го завршам како што треба и секогаш обрнувам внимание дури и на најмалите детали. Она што ќе си го зацртам, гледам секогаш да го остварам. Секогаш гледам тоа што го правам од секоја страна да задоволува ( особено мене, зашто ако јас не сум задоволна со постигнатото или со тоа што го правам, ако јас не се почувствувам горда за тоа, не е тоа тоа, макар било генијално од гледиште на другите). Како еден од перфекционистите :P мислам дека ние се карактеризираме со амбициозност, самодоверба, самоконтрола, истрајност, упорност, креативност, со „око“ и за најситните детали, желба да ги имаме нештата под контрола и со малку тврдоглавост :$ ( не дека и другите ги немаат овие карактеристики, туку тргнувајќи од себеси како еден перфекционист, анализирајќи се ги увидов овие особини ;) )
     
  10. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    Во одредени граници перфекционизмот не постои .... никој неможе да биде добар во се колку и да се труди секогаш нешто ќе му недостасува..
    Кој е совршен ?- НИКОЈ, што е совшено?-НИШТО,тогаш зашто да се трудиме да бидеме никој и ништо!?
     
  11. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Во нашите гледишта е, се трудиме да е така и да ги исполнува нашите стандарди и мисли кон тоа како изгледа совршено сторено нешто.
     
  12. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.589
    Допаѓања:
    3.259
    Незнам стварно како може некој да рече дека е перфекционист кога ништо на светов не е перфектно. Никој/а не е совршен/а... Едноставно само би рекла дека таа особа е многу одговорна и средена во секој поглед. А јас сум и одговорна и средена и многу мразам кога не оди по планираното. И да напоменам, јас сум одговорна и средена во моите очи,а некои можат да речат дека сум баш спротивното.
     
  13. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Го почитувам стремежот кон пефекционизам , но не болниот стремеж се да биде перфектно.
    Фактички , ништо неможело и нема да може да биде перфектно.
    Секогаш нешто ќе недостига , ако сакаш и на раце движи се.
    Од друга страна , нештото е перфектно токму онака како што тебе ти одговара , онака како што ти го сакаш и најбитно од се како што ти го ДОЖИВУВАШ.
    Луѓето кои се стремат да бидат перфектни по туѓи прописи и стандарди , живеат напорен живот.
    Никогаш не се опуштиле и не го вкусиле животов.
    Јас , практикувам работите да ги правам и да ги приспособувам на мене , ма колку и да не се совршени во очите на другите.
    Имам големи амбиции , но не сум перфекциониста. Сакам се да биде спонтано , брзо , живо.
    Уживам кога собава ми е ала џунгла. Ги сакам ѕидовиве кои ми се покриени со графити и избоени со спрејови. Сакам кога се спремам во 5 до 12 , онака во брзање. Едноставно сакам да ги правам работите како што мене ми одговараат , е така мене ми е совршено.
    Да бидеш перфектен по туѓи стандарди е да живееш шаблонски , ко некој робот.
    Хармонијата ја сочинуваат сите мали и големи ситници.
    Подеми , падови , солзи и насмевки. Пропаднати љубови и бајки. Мали и големи работи , кои се далеку од совршенство.
     
    На senjorita-v му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Ме погоди темата. Порано бев претерано голем перфекционист. Ако ми кажеше некој нешто што мене не ми се допаѓа, веднаш избувнував, не сакав да слушам никој друг освен себе. Мислев дека моето мислење е најдобро од останатите. Мислев дека останатите мислења не се битни за мене, не ми помагаа тие мислења. Но добро, тоа нема некоја врска со перфекционизмот. Но, поради таквиот став, станав неподнослива. Се сакав да биде како под конец, во моја полза се разбира :fubar: Имав проблеми со другарките, поради неорганизираноста, со дечко ми поради неговите ( многу ретки и небитни ) жалби, со родителите итн.
    Верувале или не овој форум мене ме смени. Кога ги читав дискусиите, разните расправии.. Видов дека не секој мора да се сложи со моето мислење. И дека, ако ги ислушам до крај туѓото мислење, ќе сватам дека моето и не е толку перфектно.
    Така да, благодарна сум на вас феминки мои! Сега сум многу поскромна, посмирена личност. Не мислам дека перфектноста е задолжителна.
    :*
     
  15. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    Епа колку и да мисли некој дека е перфектен во се - не е! како што кажав секогаш нешто мора да ти фали.. ништо неможе да е под конец.. секој здрав и разумен човек си ги исполнува зацртаните цели и стандарди :!:
     
  16. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Не сум перфекционист по природа. Ги оставам работите да течат како што треба, без да се трудам премногу околку било што. Од една страна ова е лошо на пример за кариера, вака никогаш нема да стигнам далеку, ама од друга страна ми е добро зашто уживам во работите какви што се - неперфектни, без нервози и размислувања околу тоа што би било, ако би било....
    Немам високи очекување, а по дифолт ниту разочарувања. Ама пак, како што кажав има и лоша страна, без високи цели, нема ни високи постигнувања. Така да се си има свое плус и минус. А тука неможеме многу да смениме
     
  17. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Јас сум повеќе по „златната средина“ која е сосема доволна за се‘!
     
  18. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Како што кажав, тоа е во наши очи совршено, по нашите критериуми. Никој не спомена дека друг ќе го помисли тоа.
     
  19. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Перфекционист - Само за одредени работи кои мене ми значат.
    А се сосем малку.

    Јас сум повеќе приврзаник на креативниот хаос со сите свои убавини кои ги нуди.
    Понекогаш, сакам да си кројам планови предвреме, но секогаш оставам доза резерва дека нешто ќе појде наопаку и имам план Б.
    Мојот личен перфекционизам се заснова на фактот што никогаш, ништо нема да излезе сосем перфектно.
     
  20. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Овој збор во мојот речник не постои :lol: Јас кога се движам, едноставно работите покрај мене сами од себе паѓаат, ни јас не знам како, застанувам неколку минути и се чудам :lol: