Иначе Golden Era на македонската музика беше од 2000-2007 (Тоше, Есма, Каролина, Калиопи, Ареа...) , по смртта на Тоше се се упропасти.
Памтам на последниот концерт за разлика од претходните имаше парови гушнати и девојки сами и Тоше вика МИЛО МИ Е ШТО ГЛЕДАМ ПАРОВИ СЕ ПОВЕЌЕ и знам дека му дадоа награда мајка тереза на концертот,испеа со Антониа Шола пееше новите песни од последниот албум и ми се видоа многу мрачни и баш искоментирав ОВИЕ ПЕСНИ КО ЗА ПОГРЕБ ПИШУВАНИ посебно онаа од Владо Јаневски што му ја напишал Полско цвеќе ептен беше хц.И после колку пројде 2-3 недели почина
Да, токму овие беа негови зборови на концертот, баш ние бевме токму во прв ред 4 пара гушнати, не дадоа и неколку пати во кадар. Дури и во спомен куќата има огромна слика од публиката пред него сите до еден се пронајдовме иако малце замаглени. Поарно никогаш да не присуствував на тој единствен концерт на кој бев, за многу кратко време после тоа почина, неутешно плачев