Како и секоја година, месец дена пред крајот на годината доаѓа редот за овие теми. Кои ви беа/се вашите најслушани песни во 2022?
За оваа сум сигурен дека ќе е прва на Spotify Wrapped, пијаното на Арка во продукцијата е буквално дрога и после година дена слушање, уште сум зависен ко првпат кога ја чув и ми се нема ни малку здосадено. Годинава дадов шанса на Росалиа и воопшто не се покајав. Despechá е хитиште. Други онака песни ко песни не можам да издвојам, најчесто со албуми сум опседнат.
Оваа песна дефинитивно ми ја обележа оваа година. Кога се запознавме со дечко ми, песната постојано вртеше на радио и некако се совпадна со тој период кога бев во фаза на заљубување .
Го чекам Спотифај да ми даде статистики, али од јутјуб дур работам овие беа дефинитивно, врв се дечките, пропратени со нешто од Сем Смит, Ед Шеран. А новиот албум на Кендрик Ламар ми беше хајлајт на годината. . .
Посебно ќе ја објавам оваа како песна што ја преслушав 1232312325676 пати годинава и воопшто не ми се здосади.