1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Петок 13ти

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од anickata, 13 август 2010.

  1. anickata

    anickata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    73
    Епа девојки мои сакам да ве прашам дали верувате дека овој ден е баксузен? Дали сметате дека сето тоа е празноверие или сепак е вистина? Конкретно јас не верувам во разните приказни поврзани за овој ден поради тоа што секојдневно ни се случува по некоја лоша работа и значи треба да го прогласиме секој нареден ден за баксузен и вината да му ја префрлиме нему :) Еве бидејќи денес е 13ти планирам денот да си го поминам во добро расположение :lol: :* :* :*
     
  2. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    јас не верувам многу дека е баксузен и слично... и така секој втор ден нешто баксузно ми се случува хаха ... инаку и јас планирав да бидам најдобро расположена ама испадна поинаку... :rofl:
     
  3. Iva-Sliva

    Iva-Sliva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    46
    Мене не ми е баксузен...баш напротив... пред точно година ипол, на петок, 13-ти се фатив со мојот сегашен дечко... и еве денес пак е петок 13-ти јупиииии :lol:
     
  4. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.225
    Не верувам во такви работи воопшто, јас сум невиден баксуз па сега треба вината да ја префрлам на денот или датумот?? Денес не ми се случи ништо баксузно(досега) но ми е многу досадно! :worried: :worried:
     
  5. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.925
    Не дека ми е баксузен , само малку тапа и мутаво .. не секој петок 13 , се погодило така денес . :)
     
  6. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Не ми е баксуз, баш ми е убав ден иако сум малку изморена. Не сум ни суеверна за да очекувам нешто лошо од овој ден. Убави работи ми се случија денес.
    ...освен грабежот во подрум |(
     
  7. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.871
    Допаѓања:
    35.595
    Пол:
    Женски
    Не верувам дека Петок 13-ти е баксузен ден.
     
    На Tara12 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. lina2

    lina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    2
    Мене денес ми беше навистина баксузен ден. А баш не ми е гајле дали е петок и дали било 13-ти. Дефинитивно грозен ден!!! ГЛУПАВ ДЕН да не може да биде повеќе. Да оди во п**** м****!!!
     
  9. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Отсекогаш ми е најубав ден! :) 13ти ми е омилен број, нај најомилен. Секогаш ми се случуваат убави работи на 13ти. Денес на петок 13ти правиме една година со дечко ми! :inlove: :inlove: :inlove:
     
    На IndieGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.332
    Допаѓања:
    5.850
    Мене не ми е баксуз ден,нормален ми е како и сите денови.
     
  11. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    Баш дечко ми денес замина на пат, а мене ми цркна мобилниот па треба да го носам на сервис :( Не верувам во баксузот на петок 13ти, јас сум ти баксуз цел живот :D
     
  12. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Mене ми се удави мува во кафето бе...цел ден не ми е судено 1 кафе да испијам, до вечер не знам што ќе се случи , инаку не верувам во вакви работи. ;)
     
  13. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.046
    Допаѓања:
    394
    Не верувам во тоа дека петок 13 е баксузен ден,барем мене никогаш не ми е бил. Тоа е само легенда.Еве што најдов на википедија за петок 13 :P

    Денот петок тринаесетти, кој исто така се нарекува и „црн петок“, многу време кај народот предизвикува несфатливо чувство на страв. На овој датум многумина се парализирани од страв. Некои се откажуваат од патување со авион, а некои и воопшто не патуваат. Било пресметено дека на овој ден во САД бизнисмените губат помеѓу 800 и 900 милиони долари, бидејќи многумина не ни помислуваат за своите работни места.Симптомите варирале од умерената тревога до тоталната паника. Психолозите докажале дека луѓето кои се сметаат самите себе си за несреќници, за малери, е многу поверојатно да веруваат во овие суеверија, со кои ја поврзуваат лошата среќа во својот живот.

    Потекло на стравот од петок 13

    Некои истражувачи сè уште го бараат коренот на т.н. црн петок. Има повеќе верувања за потеклото на суеверието за петок 13:
    Ева во рајот го измамила Адам со јаболкото токму во петок.
    На тајната вечера присуствувале 13 луѓе — Исус и 12-те апостоли. И до ден денес кај многу народи сè уште постои суеверието дека 13 души не треба да седат на едно исто место односно на иста маса. Предавникот Јуда дошол последен на тајната вечера и прв си отишол. Други сметаат дека Исус Христос е распнат токму на денот петок.
    Суеверието најверојатно има врска и со календарот, кој според астрономијата во минатото се сметало дека е потребно да постојат 13 месеци во некои години, додека Грегоријанскиот и исламскиот календар секогаш имаат по 12 месеци во годината.
    Според некои, петок 13 се должи на еден древен скандинавски мит, според кој 12 богови празнувале во Валхала, домот на богот Один. Богот на злото и оганот Локи кој не бил поканет, наеднаш се појавил во домот на Один и го убил богот на радоста Балдер. Земјата веднаш потонала во мрак.
    Во поново време многу повеќе се оддава важност на датумот 13 октомври 1307 година, кога по наредба на францускиот крал Филип IV и папа Климент V биле затворени Жак Де Молеј, Големиот мајстор на Орденот на темпларите и илјадници рицари од орденот. Овие затвореници биле подложени на големи мачења, биле прогласени за еретици и секакви други прекршоци кои биле во спротивност со црквата во Рим. Така, многу од тие рицари биле изгорени на клада или екзекутирани. Од тој ден па натаму, петок 13-ти бил сметан за лош и несреќен ден.
    Во древен Рим магионичарите се собирале во групи од по 12 луѓе. Се верувало дека тринаесеттиот во групата бил самиот ѓавол.
    Според нумеролозите бројката 13 „страда“ поради неговата позиција после бројот 12. Така на пример постојат 12 месеци во годината, 12 хороскопски знаци, 12 богови на Олимп, 12 племиња на Израел, 12 апостоли на Исус. Во картите Тарот 13-та е картата на смртта.
    На тој ден се случила библиската поплава.
    Каин го убил Авел.
    Бог на петок 13-ти ги измешал јазиците на Вавилонската кула.

    Занимливи факти

    Стравот од бројот 13 е многу актуелен и во денешно време. Повеќе од 80% од високите згради немаат 13-ти спрат. Многу авиони го пропуштаат својот лет на 13-ти, посебно во петок. Во Формула 1 на пример не постои болид со бројот 13. Улиците во Фиренца го испуштаат бројот 13. На 13 април 1970 година експлозија на кислороден резервар ги променува плановите на Аполо 13 за лет кон Месечината. Часот на поаѓање на Аполо 13 е 13:13 според американско време. Имињата на некои од најпознатите сериски убијци содржаат по 13 букви: Jack the Ripper, John Wayne Gacy, Charles Manson, Jeffrey Dahmer, Theodore (Ted) Bundy.
    Суеверието за петок 13 или за „несреќниот“ број 13, го поттикнува и богатата филмска и издавачка продукција со многубројни дела токму на таа тема, меѓу кои се холивускиот филмски серијал Петок 13, мистериозната новела „Тринаестмина на вечера“ од Агата Кристи и драмата околу мисијата на всленскиот брод Аполо 13 за што е снимен и филм.
     
  14. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.528
    Допаѓања:
    8.200
    Пол:
    Женски
    Искрено..не верувам многу во петок 13.Мислам дека сето тоа е некојси филм,нереалност,нема врска денот со нешто лошо ако ни се случило.Значи кратко кажано не верувам дека петок 13 е баксузен ден.
    Само еднаш во животот ми се има случено на петок 13 да си ја удрам трипати главата и да раскрварам,ама сепак мислам дека тоа ти беше чиста случајност на физичко во школо. :)
     
  15. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    А мене во вторникот оса ми улета во кафето :D ..А инаку тој цел ден се нешто наопаку одеше.Инаку порано на петок 13 обично заприметував убави работи ми се случуваа..Ама со време веќе не обрнувам внимание ко секој еден ден ми е...Не верувам дека е лош ден..Тоа е веќе сугестија која се создава кај луѓето со митот за овој ден и датум.Инаку братчето ми е роден на 13 петок и тоа негде пред полноќ :) .Си го смета бр.13 за среќен.
     
  16. puflaa

    puflaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    23
    Пред 6 -7 години петок 13ти ми беше ептен баксузен ден! У школо ме полија со чоколадно млеко, после се закарав со некои, па накај дома коа си идев од школо паднав у кал! Као ме спотера ... ама само тогаш !Инаку вака ден ко ден! Не верувам во проклетството негово. Ако нешто лошо ви се случува мислам дека тоа е од самата психа !
     
  17. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    кога сме кај муви и слично инсекти....денес јадев бурек и имаше оса испечена внатре....ми се згади...за малце ќе повратев :puke: веќе бурек од таму НЕ....море и од никаде не земам... :lol:

    иначе на петок 13 пред 2 години ми се има случено еден многу убав состанок...па и не ми е нешто баксузен денов....ден ко ден :rofl: освен инцидентот сабајле ]:)
     
  18. malecka.16

    malecka.16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2010
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    22
    Не верувам во тоа дека петок 13 е баксузен ден. Нормален ми е, како сите останати. :)
     
  19. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.003
    Американски булшит.
    Обичен ден, само на некој му текнале глупости па ајде ќе шириме негативна енергија... Па и народов ајдеее урда без пари сркајте, одма да се крева прашина за нешто.
    |(
     
    На A-j-a му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Не воопшто не ми е баксузен, напротив повеќе пати ми се случиле убави работи на овој ден. Секогаш одлично сум си поминувала на овој ден. Не знам што се крева толкава прашина околу тој петок тринаесети, ко којзнае што да е. Па и околу самата бројка. :^)