Приказна за пет сестри кои по загубата на своите родители, остануваат сами да се борат во животот. И покрај тоа што некогаш се караат, тие секогаш се тука една за сите и сите за една.Најстарата сестра Елиф има 20 години, студентка по право која ја има улогата на мајка и татко за останатите. Средношколката Армаѓан има 17 години и е бунтовна, силна и со диво срце. Петнаесетгодишната Јелиз е тинејџерка која е загрижена со училишните проблеми и сака да стане популарна меѓу другарките и покрај малкуте пари кои ги има во нејзиниот паричник. Билге е 12-годишната сестра, страстен читател, одговорна и пред неа се наоѓа нов период во животот, пубертетот. Најмалата е Кансу, шестгодишно слатко девојче која е многу чувствителна и која многу ја сака музиката.Овие сестри секој ден го почнуваат со љубов и борба за живот, живеејќи во куќата во која работеле нивните родители. http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... gNf7n6vcHw http://www.youtube.com/watch?v=Wloru9SQVi0