1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Печалбарството некогаш и денес

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од AnaKlarc, 21 април 2015.

  1. AnaKlarc

    AnaKlarc Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Женски
    Здраво :hai: Гледаме по прикаските и читаме по книгите како порано било печалбарството. Ги испраќате синовите. сопрузите или татковците и потоа деноноќно ги чекате да се вратат без да сте сигурни во тоа. Денес печалбарството е подруго си има свои преднности и маани и не одат само мажите туку и жените па би било убаво да подискутираме на оваа тема :)
     
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.588
    Порано печалбарството и денес печалбарствотo е со огромни разлики. Порано оделе мажите и не се враќале со месеци, години, по некое писмо повремено, денеска домашните знаат кај се отидени нивните, се слушаат, гледаат слики.Поано детето ќе пораснело, таткото не знаел какво е.

    Мои родини се отидени пред 50тина години, а и до ден денес мои познати одат да печалбарат.
    Едни отишле во Австралија, 40 дена со брод дотаму и не се вратиле. Имаат деца и внуци таму, дошле само кога им умрела мајката. Праќале пари додека нивните биле живи, веќе не. Од работа не ги пуштиле кога им умрел таткото да дојдат. Мајката од мака што не чула за нив со години, таткото од сиромаштија и осаменост.

    Имам роднина во Канада, прво отиден во Германија, заработил за карта таму и отишол за Канада. Вика дека во првата секунда зажалил кога стапнал на земјата. Преладно и претешко. Сакал да се врати, праќал пари дома редовно за браќата и мајка му, ама сфатил дека ако се врати нема да има кој да ги издржува неговите, единствен приход освен социјалното е тој. Решил да се ожени и нашол македонка, ја видел на слика пратена во писмо и рекол, може, ќе ја земам. Имаат дете и живеат таму. Се вратил еднаш во 35 години, на погребот на мајка му. Добар дел од заработката негова, оди во Македонија, кај браќата негови.

    Низ европските земји, дваестина мои блиски фамилии живеат, даваат пари во Македонија, ама не се враќаат. Ретко кој отишол на печалба и се вратил. Се враќаат оние со добри заработки, нелегални, со пари со кои можат да развијат профитабилен бизнис.

    Денеска одат на брод, одат по хотели, одат на секакви работни места, ама прво слетување е - ало мамо слетав. Ќе се гледаат на скајп, ќе си дојдат на викенд со Визер, пред да се породат мама ќе дојде, ке помогне, ќе го чува бебето... Порано немало така. Една тетка моја се пораѓала во Германија, не знаела збор германски, не знаела како да си каже дека има бебе, мислeле дека е чистачка и ја избркале од болницата. Денеска се е поинаку. Многу е полесно да се отиде, да се види, да се врати, да се отиде пак. Сега да ми речат 40 дена да одам со брод некаде, ќе речам, нема шанси. Ама со авион за 3 саати да слетам во Париз, одам одма. Порано било претешко, требало храброст да се отиде и работи некаде за да се спаси семејството, денеска треба само пасош и се оди. Ризикот е милион пати помал денеска. И затоа повеќе одат на печалба.
     
    На prashinka, cresa-jagoda, A.123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно, печалбарството не исто како порано. Сега одат и жени на печалба во странство. Преку интернет можат да комуницираат со своите најблиски. Порано не беше тоа така. Се комуницираше преку писмо. Предност е што животот таму е подобар за разлика од овде. На почетокот е тешко, ама после тоа човек се навикнува. Лошо е што има луѓе кои што таму се сами без некој од блиските, а тие што се овде имаат голема желба да ги видат своите деца.
     
    На felisitas и AnaKlarc им се допаѓа ова.
  4. A.123

    A.123 Нов член

    Се зачлени на:
    6 мај 2017
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Супер изработка... :l::)
     
  5. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Во денешно време условите се далеку подобри, како и начинот на комуникација, така што е многу полесно да се оди на работа во странство. Веќе е масовна појава и луѓето многу полесно се одлучуваат на ваков чекор.
     
    На Lovelybaby<3, Недопирлива5 и Aleksandra9999 им се допаѓа ова.
  6. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.694
    Пол:
    Женски
    Порано се знаело.Оделе мажите во поголемите и побогатите градови на печалба, а семејствата ги оставале во селата.Некои за жал не преживувале, а некои пак ги повлекувале своите семејства во градовите по извесен период доколку добро им ,,одела” печалбата.
    Работеле до ситни часови и макотрпно за ситни пари.
    Со пот и труд.
    Денес: Вадат сите Бугарски пасош, палат колата и идат во Швицарска, Австрија и најчесто Немачка нели.
    90% од нив кога ќе отидат таму па дури и со диплома да се, очекуваат веднаш во фотеља да седнат.
    Голем дел од нив почнуваат како градежни работници, перачи во градски перални или касиери/келнери во маркети/ресторани/ фаст фуд ресторани.
    И таму ‘рмбачат како овде и тоа некогаш дупло повеќе бидејќи нивните стандарди за живот се каде-каде повисоки.
    Чим спечалат 2-3000€, палат колите или рентаат коли и доаѓаат овде да видат роднините и комшиите колку они ,,успеале” таму.
    Ќе испотрошат овде сè нормално, и опет назад.
    Е тоа е разликата меѓу печалбата порано и денес.
     
  7. barbequmaci345

    barbequmaci345 Активен член

    Се зачлени на:
    30 април 2023
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Машки
    I jas go mislam istoto doagaat ovde da se pofalat bozem kolku specalivme a ovde doagaat za stomatoloski uslugu kupuvaat hrana pa ja svercaat i taka