https://narodenglas.com/148110-2/ Да ги повикаме кои беа првите гласноговорници на Лајнес? Зоран Витанов за почеток. Другата позната фацка ќе ја оставиме за друг пат. *Дискусијата е преместена од темата Сакам да кажам....
Не знам зошто луѓето потпаѓаат под вакви глупости. Се знае дека Multi-level marketing е всушност проневера
Не мешајте поими. Иако многу од измамите се случиле на сличен начин, млм не е проневера. Многу компании функционираат на овој начин (авон, орифлејм како пример за дел од нив).
Пирамидален систем не значи секогаш измама и проневера. Порачуваш нешто од некоја МЛМ компанија и добиваш производ? Да. Дали ти плаќаш или инвестираш во нешто што не ни постои или во случајов буквално продавање облаци? Не. Дали те обврзуваат да плаќаш ако не продадеш? Не. Дали те обврзуваат да плаќаш за зачленување? Не. Дали те обврзуваат да плаќаш партиципација? Не. Сe` додека има размена на услуга или производ не е измама или проневера.
Nope. Тоа што ти опишуваш е ponzi scheme. Да ги тераат да инвестираат со ветување дека ќе се збогатат, а во суштина само тие најгоре ги собираат парите. После имаш пирамидална шема. Немаш продукт, ги тераат да регрутираат луѓе, со ветување дека колку повеќе луѓе ќе донесат, толку повеќе пари ќе добијат. Плаќаат нешто за зачленување. Тоа ти е ко Lyoness, класична пирамидална шема. Пирамидална шема е проневера. Фирмите ко Авон и Орифлејм што работат со MLM не се проневера, пошто тоа што ги двои е производот. Имаш нешто што физички продаваш легитимно. Заработуваат од % на продажба. Да, тие погоре заработуваат поголем %, ама немаш никаков scam. Се е јасно. Дали е исплатливо? За тие на долните нивоа, не баш. Бар јас не би се нафатила. Ама не дека е проневера, туку дека не сакам да трчам цел ден, да продавам од каталози за ситна пара. Времето што го трошиш е малку платено, ама е платено. Значи MLM станува пирамидална шема кога немаш производ, кога те тераат да регрутираш како начин на заработка (а не преку продажба). Иначе ако мислиш дека е превара пошто ги плаќаат помалку на подолните нивоа, тогаш многу бизниси што се легитимни можеш да ги класифицираш ко проневера, пошто вработените земаат помалку плата од шефот за иста (а често и поголема) работа.
Не знам, не можам да сфатам, но не им судам. Знам за неколку семејства кои се сиромашни, а овие уште толку ги заглавиле, а тие само сакале да излезат од ситуацијата со пари. Не сечиј склоп е ист, но не можеме да им судиме. https://faktor.mk/radovan-vitoshevikj-e-nov-glaven-operativen-direktor-na-myworld-international Покрај овие достигнувања, Радован воедно еи најпродаван автор во Македонија со книгата „Будење на свеста“, која претставува четиво за личен развој, a е напишана заедно со неговата сопруга, Катерина Ангеловска. Книгата е преведена на неколку јазици и успешно се продава преку сите светски платформи. Памтете го името - Катерина Ангеловска, уште лаже народ дека е лајф коуч. И она била дел од се ова поодамна. Додека они живеат во својот луксуз глумејќи дека го сфатиле животот, луѓето не можат од долгови да излезат. Зоран Витанов ги лажел дека и авиони приватни ќе добијат. Зоран Витанов беше и политички фактор во земјава некад, па и го викаа по емисии ко економски експерт.
Не знам зошто се обидуваш да ме убедиш во нешто, за кое веќе имам оформено мислење. Да! Сметам дека МЛМ е несигурна инвестиција Лично, никогаш не би инвестирала во МЛМ, ти... како сакаш.
Wild знаеш колку смешно изгледа кога некој со actual знаење ти кажува и тебе контра аргумент ти е буквално линк од mlm. Не научна статија туку бош линк млм. Фино би било некогаш да прифатиш туѓо мислење, не може секогаш за се да си во право.
Линкот е од гугл срч, баш поради тоа што на конкретна статија наоѓате маани. Вака, можете да си одберете кој линк ќе го читате и сами да донесете одлука, дали е паметна инвестиција, или не. *иначе и' го прифаќам мислењето, реков сама за себе ќе одлучи. Работата е што не би го направила тоа за себе (инвестиција во млм) Ваљда имам право да не се сложам...
Па MLM нема инвесирање. Тоа се вика ponzi scheme. Ама јбг, его не дава да признаеш дека се утна малце.
Ама не постои инвестирање во млм, не знам како да ти објаснам. Али пошто деновиве се што лета се се јаде, тоа е што е. Ко што пишав во некоја друга тема- писменост, па финансиска писменост деца. Не постои никаква сигурна инвестиција иначе, ама тоа е веќе друго дваесет. Само едно е сигурно-дури има овци ќе има и џемпери. Или сиромавиот два пати плаќа. Или секое знаење се плаќа. Итн... Оваа па погоре- косовски дилер. Малеее