Сега обично околу Нова Година се пука огномет, петарди..па актуелна тема е пиротехниката. Што мислите за пиротехника, дали ви е интересно, дали пукате петарди и сл? -Јас секоја Нова Година пукам петарди искрено, интересно ми е. Од мала така навика ми остана секоја Нова Година и неколку дена пред нејзе, абе мaшко не ми е рамно.
Аууу полошо од пукање петарди,нема!Мразам петарди! Огнометот,ајде де,ама петарди никако.Никогаш немам пукнато,ниту сакам да пукнам. Лани кога се враќавме од плоштад за НГ, поминувавме покрај една куќа. И таму си се собрале некои дечиња за НГ, поголеми од нас беа. И од тараса фрлаа петарди. Леле колку невоспитани дечишта. Ги замоливме да престанат дури не поминиме ние и тие безобразните уште повеќе пукаа. Се скапавме кружење за да не насредаме од тие петардите( т.е. буренца, така ги викат?) .
Овие пиротехникине..леле абе душман ми се! Сега си седиш дома ко нормален човек,телевизија,ти реков ми рече и оп од некоја дупка:РАТАТАТАТАТАТААА ПУУУУФ БУУУУУУУУУУМ! Леле Господе свеста ми се зеде! Абре ееееј!Мислев земјотрес има...шо нема...и после пет минути бомбата нанесена врз Перл Харбур овие му враќаат кај Хирошима.Уште едно земјотресно БУМ! Добро бе..дечишта..не знам како да ги наречам...прекинете да изигравате овде лудило...Ако сакав ненадеен стрес и у бум-бум-пау да слушам,ќе си ги слушав Блек ајд пис или ќе одев на викенд во Везув.
Се согласувам со @simonna.a . Мразам петарди и останати пиротехнички средства . Ни како мала не сум ги сакала , ниту пак сега .
Немам ништо против, ама мразам кога одам на улица и пукаат петарди. Еднаш пред нос ни ја фрлија во школо кога идев среќа не ја згазнав бидејќи некој ме довикна. Незнам како сум се спасила, да не отиде ногата. Инаку многу се пазам и кога одам по улица гледам надолу прво отколку напред.
Како помала интересно ми беше да пукам петарди, моите имаа пријатели во Германија и секоја Нова Година кога доаѓаа ни носеа куп пакетчња петарди па со брат ми седнувавме и ги делевме.. Огномети обожавам да гледам, уживам во разнобојностa, целото небо осветлено... преубаво
Мнoгу ме нервирaaт петaрдите, глaсни се и oпaсни. Сегa е тoa време oд гoдинaтa, незнaеш oд кoјa стрaнa ќе слушнеш петaрдa.Не ми е јaснo кaкви се тие рoдители кoи им дoзвoлувaaт нa мaли децa дa си игрaaт сo нив и дa ризикувaaт дa се пoвредaт сaмите себеси или некoј друг. Пред некoј ден групa oд 6-7 гoдишни децa се зaдевaa сo мене сo петaрди, дoдекa мaјките си прaвеa муaбет нa клупите. Трчaaт низ мaaлo и фрлaaт петaрди нa секaде. Еднa нa еден пoстaр чoвек му пaднa и му пукнa пред нoзе. Едни кoмшии пa oд тaрaсa фрлaaт oд тие петaрдите штo се пoјaки..Дa ти е стрaв нa нoвa гoдинa oд дoмa дa испaднеш И oсвен тoa, мнoгу ги плaшaт кучињaтa, нa нaс луѓетo не ни пречaт тoлку, aмa нa кучињaтa, пекoл им е нoвa гoдинa.Амa тaквa сум, јaс мрчaтoр, немoжaм дa сфaтaм кoлку е зaбaвнo нештo штo aкo мaлку пoдoлгo време гo држиш вo рaкa мoже дa ти јa скине или серизoнo дa пoвреди aкo дoјде дo кoнтaкт сo некoј.
Мислам дека животот ми се скрати од оние моменти кога ќе помирисам барут, а позади мене ќе слушнам деца како палат петарда и се разбегуваат. И само го очекувам моментот кога ќе пукне, целата се стегам. Дома никогаш немаме купено петарди, единствено во викендичката ни стои една кутија, да се најде за секој случај. Досега само неколку пати имаме пукнато, ако ни дошло некое диво животно во двор, па да го исплашиме. Јас само жижици си купувам за нова година, тие уште ми се интересни
Од секогаш се прашував какво задоволство наоѓаат луѓето во петардите? Ја палиш и пука, вау доживљаљ на кубен братеее. А тоа што може да донесе кобни последици со тоа што ќе извадите око некому, скинете прсти, или повредите невино животно само поради погрешно усмерување на петардата е сасвим небитно, пошто единствено е важно да си го истерате својот ќејф кој преку сила трае десет секунди. Ај жижици контам, светат прскаат и све остало, сфаќам и огномет ради боите интересно е. Ама петарда? Као не знам, иди пукај балони со игла и вади се од памет наместо да носиш на совест ничиј живот.
Пукав као мала со момците од маало интересно ми беше тогаш, сеа ми изглеа безвезе, плус тоа и опасно е ... јбг стареам.
За звук од пукање петарди ајде, ме иритира, но не ми смета, единствено што кучето ми е споулавено половина час после пукањето на петардата. Се плашам да пукам петарди, не дај боже нешто лошо ќе се случи, трајни последици ќе има, па затоа не експериментирам. Не сфаќам што има толку интересно во тоа, каква забава и задоволство причинува.
Звукот од пукање петарди старшно ме иритира и не можам да сфатам како им причинува задоволство на некои.Никогаш не сум купила и за моја среќа не сум била во друштво кое забавата ја прави со пиротехнички средства. Го обожувам огнометот, глетката од осветлена разнобојност на небото е прекрасна, а прскалките се нешто што никогаш нема да престане да ми измамува насмевка.
Никогаш не го разбрав задоволството во фрлање петарди. Гласни се, ја вознемируваш околината, можеш да повредиш некого или да останеш без прсти. За џабе фрлени пари. Жижици сакам и јас, ама како мала така лошо го имам изгорено тепихот со жижица, сега сум супервнимателна
Ај огнометот има боички, интересни се, ама петардиве. Пукнало и што сега? Не ни гледаш каде е. И после мириса ужасно. И секоја им чест на храброста на тие што пукаат петарди, еднаш некако успеав да се најдам на само два метра од петардата, и ако тогаш преживеав, не знам кога нема.
Мислам дека имам спомнато, aко видите некоја слабо да се потресе у место на еден километар од звук на фамoзниве петарди, можда сум јас Единствено нешто што ме нервира околу празнициве се тие моменти кога се наоѓаш навечер, на тивко и оп - вадење од памет, а и како што кажаа над мене, не го сфаќам задоволството и забавното во петардиве како неизбежен дел од овој период за некои. А жижиците ми се уште интересни, огнометот уште повеќе
Не сум била само јас што ги мразам петардите. Колку пати сум кружела околу само да ги избегнам. А има доста " будали " кои намерно накај тебе ја фрлаат. За разлика од петардите, огномет и жижици обожавам. Посебно огнометот.
Имам уплав од петарди... Многу ми е страв да се движам навечер од оние кои ги пукаат. Порано воопшто не се плашев. Ама затоа еднаш ми фрлија петарда и фалеше само една секунда за да ми пукне на нога. Среќа што на време се тргнав. Толку беше жешка, што мускулот одма ми се згрчи и не можев да одам. Премногу ме болеше... Мислам дека од тогаш не сакам ни да слушнам за петарди.
Никогаш не сум ги сакала петардите, топовските топчиња, ракетите и слично. Сакам да гледам спектакуларни огномети и да палам жижици - друго НИШТО.
Од пиротехника мразам се освен огнометот.Петардите некако ми се застрашувачки ме вадат од памет и ме стресуваат моментално така да ни пукам петарди ни ке пукам некогаш а освен тоа може да ти пукне во рака и од ништо нешто ке останеш без прсти што е многу жално тоа нешто