Драг Дедо Мраз, оваа година не сакам ништо што може да се купи со неколку хартиички и што ќе зафаќа место во плакари и картонски кутии, оваа година сакам само едно нешто, сакам едно мало, бело, дебело и бушаво плавооко човече кое ќе го освои моето срце. Не сакам нови кондури или нова ташна, не сакам ништо што нема душа и нема да ме натера да се смеам и да плачам во исто време. Ајде да видиме која е вашата новогодишна желба, за мене оваа желба е врвот на светот! Ако е дупла слободно канта
@AngelOfArh од се ти посакувам да ти се исполни желбата... иста желба делиме, мене тоа ми е животна желба, секој роденден, нова година, секогаш кога треба да се замсли желба, прво на тоа помислувам .... Во 2015 најголемата желба ми е да станам негова жена, да завршат сите разделби и сите денови без него да бидат минато, потоа сакам некои личност да ја прифатат нашата врска, конечно да сфатат дека се сакаме, дека нема да се разделме без разилка на се. Сакам и здравје за моите најсакани, сакам вработување и за двајцата..
Здраво, прво да ви посакам да ви се исполнат желбите... Да имате по две сонца како моите, да ве греат и во најтешкото... Дедо мраз, јас сакам здравје, среќа и љубов на најблиските и на мене Оваа година само насмевка да гледам на луѓето околу себе Не сакам да тагуваат и да тагувам оваа година.. Сакам да ми се излечат раните на душава која ми ги создаде оваа 2014 година Знам Дедо Мраз дека се ќе помине, но сакам побрзо, како да успее...?
Драг Дедо Мраз. Додека се обидувам да внесам малце среќа во страниците од книгата 2014,истовремено посакувам и што побрзо да заврши и да почнам нова книга.Книга исполнета со многу помалку солзи,а повеќе среќни моменти. И јас оваа година сакам нешто што не може да се купи со пари.Впрочем како и секоја,но сега се повеќе ги ценам вредностите кои со ништо на светот не можат да се купат. Сакам мир.Мир во мојата душа,мир во душите на другите,мир во светот. Освен мирот и здравјето добро да ме служи,да не попуштам пред се што ми се случува. Да има помалце злобни и празни души.Посеј љубов во срцето на сите. Повеќе насмевки и позитивна енергија.Јазикот на добрината нека го разберат сите. И чувај ми ги личностите кои ги сакам.Знам дека се бројат на прсти,некои ми го свретеа грбот но исто така ќе бидам среќна ако ми се укаже прилика да им кажам што ми лежи на срце,на културен начин,се разбира.
Драг дедо мраз. Од тебе не барам ништо друго освен љубов и добрина во семејството, но имам и друга помала желба сакам да ме засака симпатијата, и да види и разбере со какво срце јас го сакам и почитувам него :'(. Тој мислам дека почнува да разбира и е подобар многу во однос и повеќе е до мене. Па тоа ми се желбичките па се надевам дека ќе се исполнат. Им посакувам на сите феминки да им се исполнат новогодишните желбички. Поздрав
Zdravje za moeto semejstvo,ljubov i veseli denovi. Sekoja naredna i naredna da ni bide srejkna,da go gledam sakaniot sekoj nareden den so nasmevka i ljubov i se pozaljubeni Da ja gledam kako zdravo i veselo mi raste moeto devojce,sekoj nov nejzin cekor,zaedno da bideme i prodolzime kako srejkno semejstvo
Почитуван и долгоочекуван Дедо Мраз... Те молам оваа година биди доволно добар и доволно слаб за да можеш да влезеш низ оџак како што те личи, и да ми ги оставиш поклоните.. Оти се чувствувам како лани да си ме заборавил. Знаеш, 2014 не ми одеше баш најдобро, иако се трудев да бидам доволно совршена. Се нешто излегуваше однаопаку, се нешто скршнуваше од тоа што сакав да биде. Се изморив, искрено.. Те замолувам оваа година донеси ни здравје, елан, енергија, и однеси некое кило на заминување. Дај ми доволно трпение и ум, оти со ланскиов не бива. На саканиот дај му прво здравје, а после припреми му пријатни возбудливи авантури, оти му фалат. На моиве дај му здравје и што и да си посакаат. Тоа би било тоа... Поздрав, Татјана
Драг Дедо Мраз.. никогаш не сум побарала ништо од тебе бидејќи сметав дека имам се потребно за да бидам среќна.. и така е.. добро сепак фали една мала работа.... паа и не е така мала сепак малце потешко ќе ја собери во оџакот ама ќе се потрудиш ти некако верувам во тебе, и те молам вреќата во која ќе ми го носиш нека има отвори за воздух да не ми умре сиротиот уште не донесен Сакам да ги собериш сите неранимајковци досега што ми се врткале во животов и да ги замениш за еден принц од бајките Се шалам... не мора да е принц и да доаѓа на бел коњ, нека ми дојде и по пижами само да има убаво срце и да ме сака Ете толку барам Дедо Мраз, патните трошоци ако треба јас ќе ги подмирам само ти најди некој таков и дојси го, а за овие неранимајковците ако прашуваш тие нека бидат со карта во еден правец и однеси ги таму во твојата земја нека смрзнат од студ како што им се замрзнати срцата и душите. Тоа е мојата желба, верувам во тебе Срдечен Поздрав од блесавата Меј што годинава е многу „скромна“
Dedo mraz..Cuvaj mi go galapceto.Daj mu sila da izdrzi i ovaa i site naredni godini.Cuvaj go i tatko mu.Daj im zdravje nim i na moite najbliski.Donesi mi kako i sekogas edna vreka trpenie.Ljubovta neka ostane istata sto mi ja donese lanskata godina.
Во 2015 година најпрво посакувам здравје да ги служи сите луѓе кои ги сакам ,љубов и среќа да не следи цела година. Посакувам да се вработам,оваа ми желба која многу сакам да ми биде остварена Мирот и спокојот нека не ми ја напуштат душата и сакам да имам трпение кое ми е многу важно во многу ситуации. Несакам материјални работи,сакам духовно душата да ми биде преполна од убавини. Скромна сум,не барам многу доколку овие работи ги имам знам дека се друго можам да постигнам сама... Дедо Мраз јас и во мое име би те замолила желбата на @AngelOfArh да биде што побргу остварена,затоа што знам колку многу ќе биде среќна и таа и мажето нејзино а верувај дека заслужуваат многу
Дедо Мраз, за оваа 2015 година сакам само мир,разбирање и љубов насекаде и секако детето што го свигам да свати веке дека го свигамсе надевам дека на сите феминки ке им ги исполниш најголемите желбии моите,немој да заборавиш Со љубов swath.a!
Дедо Мраз,оваа година сакам да има мир и хармонија насекаде,луѓето да се сложни,да нема разделби,да нема солзи,да има љубов и позитивни емоции.Ништо што е материјално нема да ме исполни кои овие нешта кои ги набројав погоре.
Дедо Мраз , Во следнава 2015 год. посакувам да ми се случуваат само убави нешта а со тоа и да ја заборавам оваа година која е пред самиот крај . Посакувам моите најблиски да се живи и здрави и само среќа да ги прати . Нареднава година нека биде повеќе исполнета со успеси , отколку со падови . И да водам поголема грижа за самата себе . Snow-Star
Најмил мој Дедо Мтазе, Ќе те замолам да ми донесеш многу среќа за годинава која следи и да ме однесеш некде надвор од земјава заедно со моето драго семејство. Со почит од srhsejbsk
Драг Дедо Мраз, Оваа година не сакам ништо материјално, сакам само среќа и љубов. Моето семејство да биде среќно, здраво и живо како што беше и досега така и да продолжи. Сакам оваа 2015 да ми биде многу многу поуспешна од 2014 затоа што 2014 би ја заокружила како најнесреќна година до сега. Тие што ме сакаат и што ми веруваат да продолжат да ме сакаат и да ми веруваат, а оние кои не ме сакаат подобро нека ме заборават. 2015 не сакам да ми биде исполнета со солзи како што беше изминатава. Единствено би сакала да бидам среќна и сакана, тоа и не е премногу нели? Дедо Мраз исто така исполни им ги желбите и на сите феминки Со љубов butterfly242
Драг Дедо Мраз! Здравје, деца, љубов, среќа, насмевки, кров над главата и парче леб, давај прво таму каде што нема. Јас имам и доволно ми е. А ако случајно ти остане нешто за давање помини дома и остави го. Што и да е, нема да го вратам.
Мил Дедо Мраз, Оваа година те замолувам, да ми биде среќна и полна авантури.Нема да биде лошо оние двајцата да се скараат, раскинат (знајш за кој зборувам), доста им беше една година . Да ми поможиш да ги наредам сите 5ки. Да го запознам Brooklyn, да одам Лондон, ЛА, Парис, да немам досаден монотон живот. Сочувај ми ги сите блиски и оваа година. Поможи ми да ослабам . Диоптерот да ми се подобри,да не носам очила . Сакам да си го изградам стилот, да имам пари многу за да си купувам многу алишта. МНОГУ МНОГУ КНИГИ. Листата која ќе ја права утре да ми биде донесена.. Да го изгубам стравот. Те молам дедо Мраз да бидам поборбена,посмела. (поубава) . Поз,Те сака твојата Цвететто
Драги Дедо Мраз Незнам што да ти кажам освен да земеш една коприва оваа година и да ме бркаш со неја се додека не почнам да вежбав фитнеш