Планинарење

Дискусија во 'Фитнес' започната од SV1911, 18 јуни 2024.

  1. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    67.143
    Мислам немаме ваква тема, а баш би сакала да има катче на форумов каде што ќе дискутираме планини и врвови кај нас и надвор, како и совети околу опрема и храна, па и психофизичка подготовка.

    Ќе тргнам од себе.

    Планинарам редовно од 2020 па навака. Почнав организирано, но многу брзо се префрлив и на помали групи, па и сама на места каде јас се чувствувам безопасно. Се уште одам повремено и со поголеми групи, сметам дека има убавина и во тоа. Од опрема, имам се што ми е потребно, и не ми пречи да дадам совет доколку некој се мисли за какви обувки, јакна или ранец на пример. Задолжително носам електролити, јакна, кабаница, спф крема, солени јатки. Водев и инстаграм на оваа тема некое време, но го затворив од неповрзани причини.

    Имам искачено многу врвови во Македонија, но се уште немам планинарено надвор. Понатака ќе споделам повеќе, ова е само воведен пост.

    Би сакала да слушнам ваши искуства, приказни, било што на оваа тема.

    Супер би било и да споделуваме и фотографии и мапи од рути и лични искуства, тие секогаш се добредојдени.
     
    На Albertos, LadyInPainting, CameliaMiller и 11 други им се допаѓа ова.
  2. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    1.435
    Пол:
    Машки
    Јас одам само до средно Водно, искрено толку и имам време и кондиција.
    Претежно одам сам, ретко ми треба друштво, ќе си ставам слушалки и терам.
    Поголеми врвови (и со тоа подолги планинарења) не знам дали сакам, некако ми се too much. Ранци, води, кабаници све тоа мрзам да влечам со мене. :)
     
    На Milobebence и SV1911 им се допаѓа ова.
  3. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.251
    Допаѓања:
    21.591
    Пол:
    Женски
    Мечка имате ли видено? Или непознат маж? :rofl:
     
    На CameliaMiller, oblace1, Чанта и 5 други им се допаѓа ова.
  4. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    1.435
    Пол:
    Машки
    Хахахахах мечки не ама непознати луѓе колку сакаш :D
     
  5. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.251
    Допаѓања:
    21.591
    Пол:
    Женски
    Е да, мечките во собрание се.
     
    На FreeToGo му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    67.143
    Па добро, и Водно е планина и не е лесно за качување, макар и до Средно само. А за подолгите планинарски тури, додека не пробаш, нема да знаеш. :D Финтата е да избереш тура со погодена временска прогноза и преубав поглед горе, после тоа чувство те лаже секој пат. :angel:
     
    На CameliaMiller, Касија, Ugly Duckling и 4 други им се допаѓа ова.
  7. n.lauda

    n.lauda Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2023
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Машки
    И јас планинарам од 2012 поредовно. Последните години не сум бил на повисок врв поради зафатеност или немање друштво. (често одам и сам). Уживам и низ шума да шетам и истражувам дури и надвор од патеките. Возбудливо е што се може да се види и ужива. Надвор сум бил на Пирин и Олимп. Прекрасно е. Го сакам и кампувањето.
     
    На Milobebence и SV1911 им се допаѓа ова.
  8. Seli20

    Seli20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    454
    Пол:
    Женски
    Само за викенд одам од средно Водно до крстот, сакам да пробам и вистинска планинарска тура ма да слаба сум со кондиција и опрема. Може да ми дадете предлог за почетничка рута, опрема и планинарско друштво?
     
    На Касија, Milobebence и SV1911 им се допаѓа ова.
  9. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    67.143
    Јас би ти ги препорачала или I love hiking Macedonia или PSK Stratus. Во описите на турите кај нив секогаш пишува каква фитнес подготовка треба да имаш, со тоа што, I love hiking имаат многу поголеми групи и секогаш има дел што оди брзо, а дел што стига саат-два подоцна. PSK Stratus се релативно нови, ама главниот водич е толку пријатен лик и сите негови комерцијални тури се релативно лесни или средно тешки, и има околу 20-40 учесници, зависно од турата.

    Од опрема ти требаат чизми за планинарење пожелно, или пак патики кои не лизгаат (овој период од годината). Исто, корисно е стапчиња за планинарење да имаш, ама и мора да ги користиш правилно за да ти помогнат (има видеа на Јутуб за ова). Кабаница за дожд за една употреба има во Џамбо, таа секогаш нека ти стои кога одиш на планина. Друго, јакна носи и во лето, пар ракавици и капа, за секој случај. Ранец за планинарење е корисно да имаш, ама не е задолжително секако. На почетокот одев со најобичен ранец. Од прилика тоа е тоа од опрема.
     
    На Bizzle_anna, Milobebence, Seli20 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Bananki023

    Bananki023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2020
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    411
    Пол:
    Женски
    Дали можеш да ми предложиш некои чизми? Гледав пред време на Д спорт некаде до кај 4/5 илјади, до сега немам купено, но сакам.
     
  11. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    67.143
    Првите две години носев од Copperminer, ги земав на попуст во Dsport за 3000ки. Супер ми беа, дури и на зимски планинарења ги имам носено кај нас. Сега ги имам овие од Salewa од Scout. Разликата е во тоа што вторите имаат гортекст мембрана, имаат и поддршка за зглобовите, се направени доста поквалитетно и две години како ги носам и не им се познава воопшто.

    Кога бираш, гледај да се лесни за одење. Избегнувај тешки модели во стил на Planika. Познавам некои планинари што ги носат и ги фалат, ама според искуството на брат ми, претешки се. Исто така купи еден број поголеми за да имаш простор за прстите кога ќе се спушташ надолу. Ако отидеш да пробаш некој модел во Скаут, можеш да ги прашаш за мислење и совети, воглавно знаат да објаснат. Има и поефтини модели како на CMP што се исто квалитетни и траат, има доста што ги носат, ама немам лично искуство.
     
    На Касија, Seli20, Milobebence и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Bananki023

    Bananki023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2020
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    411
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу за советите :sun::sun:
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Касија

    Касија Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2018
    Пораки:
    869
    Допаѓања:
    7.822
    Пол:
    Женски
    Супер тема.

    Имам желба, ама искуство само од полиција до Средно Водно или од Средно до Крст.

    Да пробам целосно да го качам Водно, па би пробала и со некои други полесни тури.

    @SV1911 Дали има уште тури за Водно, качување до врв и кои беа тие што ги организираа не ми текнува, имаше мислам секој четврток?
    Исто што мислиш за Скопска Црна Гора, Спирова Колиба и предлог за други полесни места во близина на Скопје?
     
    На Milobebence, Scott Weiland, Bananki023 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    67.143
    Почни со Водно е во лето, не знам дали стартуваа или се уште не. Скопска Црна Гора има баш такви преодни патеки кои ќе те спремат за подолго планинарење. До Спирова мене ми беше предизвик на почетокот. :) Само не оди сама натака, може да има мечки.

    Инаку, Водно од полицијата до горе не е лесно, па затоа не го зимај како референца за "стартна точка" во планинарењето. Цветкова и Олимписка се во тешки патеки поради успонот. Еден од водичите што ги знам, ми има кажано дека ако можеш да го искачиш Водно од полицијата до врв под 1 саат, си спремен за на Монт Блан да одиш. Мое најдобро време до сега е 1:05, така да уште не сум спремна. :D Од друга страна, не го гледај Водно како нешто страшно. Има и полесни патеки (новогодишна), а и никој не те брза да стигнеш во одреден рок. Оди полека, носи вода со електролити и ќе се изненадиш како си ја качила цела планина. Само те молам во лето не оди преку ден, туку после 6 вечерта или рано рано сабајле, ептен е топло и загушливо и низ шумата таму. Ако одиш навечер, носи челна лампа, ги има на зелен пазар за некои 200-300 денари.
     
    На Bizzle_anna, Sanniii, Fraerce4 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    67.143
    Во постов ќе пишам за опремата која ја имам во ранец во лето за врвови над 2000 метри, или врвови на кои се очекува ветер.

    Облека:
    - за пресоблекување: спортски градник, 2 пара чорапи (за на врв и кога ќе се вратиме доле пред кола/автобус), 2 маици (не ги носам во исто време со блузите, повеќе ми се за ако ми притребаат), тенка блуза на долг ракав, 1 пар долги потопли хеланки за секој случај (такви кои би ги носела во есен низ град на пример)
    - поларна блуза, тенка јакна со пердуви, трака за уши (тенка, како бандана), пар ракавици (ваков вид има во скаут, декатлон и слично, штитат од ветар а се доста тенки)
    - кабаница (прво носев од Џамбо, а сега имам специфично за планинарење од скаут)
    - патики за во кола, ако имам можност

    Рандом:
    - СПФ крема минимум 30, пожелно 50 (ако носиш плетенки две, имаш ретка коса итн мачкај и на изложените делови)
    - астрофолија (ја има во скаут, 400 ден е некаде. Никогаш не ми притребала, се надевам нема, ама за недајбоже)
    - челна лампа
    - мало душече за седење (по материјал слично на јога душекот, само подебело. Ги има во скаут (многу скапи), на Али експрес се за €1-2, моето е од декатлон за €4-5
    - влажни, паломи, кеса за ѓубре, несер за облеката (ги има(ше) во Џамбо)
    - фластери, санитајзер за рацете, екстра ластичиња за коса, безопасна игла, турпија за нокти (мене ми се покршливи)
    - стапчиња за планинарење

    Храна:
    - солени јатки
    - нутри пауч смути (лично од вива не ми одговарат на стомакот)
    - едноставен сендвич
    - благи кикирики со чоколадо од кам
    - мед во мали кесички од дм ако ми треба енергија веднаш

    Храната мене ми се менува доста често, има периоди кога нешто ми одговара повеќе, нешто помалце. Лично, јадам рано сабајле пред тура накај 4 саат (јајца, леб и путер) и после веќе јадам на врв само и на спуштање надолу ако правиме пауза.

    Вода:
    - електролити задолжително
    - минимум 2л вода распределена на 4 шишиња. Ако има повеќе извори по пат, можам и 1.5л да носам. Мое правило е подобро да имам на себе малце екстра тежина, отколку да ми фали вода
    - газиран сок (порано знаев кока кола да носам, ама мене не ми одговара на стомакот, поготово на планина, па само електролити зимам)

    На себе носам:
    - патики за планинарење ако е убаво времето (Бушидо 2 од ла спортива)
    - кратки хеланки
    - тенка блуза на долги
    - тенко поларно елече во случај да дува на срт (моето е од декатлон за €5, ги има и во скаут ама се поскапи)
    - капа
    - очила за сонце (исто од декатлон)
    - бандана
    - волнени чорапи (моите се од салева)
    - спортски саат (ова ми е поново, многу ми се допаѓа)
    - телефон (не заборавајте да го ставите на авионски режим ако местото каде што одите нема мрежа за да не ја истроши батеријата побрзо)

    Обично носам ранец за планинарење од 28л со тоа што имам доста простор останато. Лично не преферирам да ми биде кнап во ранецот, ма да нема ништо погрешно во тоа.

    Ова е тоа, мислам не испуштив ништо. Ако сакате линкови од ова што го набројав, ќе побарам и ќе ви ги пуштам.
     
    Последна измена: 21 јуни 2024
    На NarCis@, Sanniii, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.173
    Допаѓања:
    102.171
    Пол:
    Женски
    Колку убави корисни информации за почетници.
     
    На Касија, Bananki023 и SV1911 им се допаѓа ова.
  17. Касија

    Касија Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2018
    Пораки:
    869
    Допаѓања:
    7.822
    Пол:
    Женски
    Фала за советите :)
    Да на Скопска Црна Гора никако сама, не е баш блиску, а и непознат терен. Мислев Спирова Колиба е лесна гледав за со деца ја препорачуваа.
    Јас и на Водно досега немам отидено без друштво, иако имам сретнувано девојки сами на спуштање или за нагоре, па може да го имам како опција.
    Да од полиција нема убави сенки, треба наутро рано или попладне.

    Многу убави совети пишуваш, не знам зошто си престанала со инста профилот, ама ако правиш пак, кажи ни го да те следиме:)
     
    На SV1911, Bananki023 и Milobebence им се допаѓа ова.
  18. Fraerce4

    Fraerce4 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2024
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    71
    Последно мое искачување од доле од Нова Македонија до врв 800 м висинска разлика до крстот 1:36 минути.
    Тоа не е мое најдобро време, едно време неделно по 3-5 пати качував од Нова Македонија до Врв но многу форсирав па ги оштетив колената посебно при спуштање. Тогаш имав супер времиња.
    Инаку јас постојано одам од Цветкова, мада сега последно до Средно и назад.
    Но темава некако ми дава мотив да го качам деновиве.
    Сменив ритам во тренинзи, правам повеќе тренинзи за мускулатура. Но Водно е незаменливо, како што може Бодно да ти даде тренинг нешто на свеов :)
    [​IMG]
     
    На Milobebence, Bananki023 и SV1911 им се допаѓа ова.
  19. Fraerce4

    Fraerce4 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2024
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    71
    Водно ти е безбедно 100% кога сакаш оди, повеќе се сами него со друштво. Незнам за викенд, но преку недела нема кој знае колку народ. Од толкав град толку малку да тренираат е жалосно.
     
    На Milobebence, SV1911 и Касија им се допаѓа ова.
  20. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    67.143
    И јас лани имав болки во долниот дел на грбот и колената од спуштање/трчање надолу по Цветкова. Бидејќи исто вежбам тежински тренинг, сфатив дека кај мене проблемот е во не доволно сила во стомакот и грбот, не доволно контракција на мускулите таму а премногу контракција во колената. Сега вежбам и мобилност по 10-20 минути, за колковите, листовите, прстите на нозете, колената, рацете. Оваа година сум поактивна од лани, ама добро ми оди, веќе немам болки ко што ги опишав. Пробај да најдеш што може да е причината за тие болки и гледај да се ојачаш повеќе пред да се форсираш повторно.

    На Водно преку недела во лето има луѓе, ама зимата беше празно. Буквално само тие неколку што тренираат планинско трчање ги гледав, инаку празно беше на Цветкова. Ама во секој случај, безбедно е. Има и спасувачка служба, ова им е бројот јас што го имам: 075 432 355
     
    На Bananki023, Касија и Fraerce4 им се допаѓа ова.