1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

План на исхрана во текот на денот

Дискусија во 'Фитнес' започната од СС18, 30 март 2015.

  1. СС18

    СС18 Активен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    37
    Сакам да ве прашам каков е вашиот план јадење во текот на денот ,односно што јадете во текот на вашиот ден?
    По колку пати јадете во текот на денот?
    Од што се состои вашата ужина?
    Дали сте повеќе на здрава или брза храна?
    Па ајдее..........:D(y)
     
    На Heart *21* му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Schizophrenia1

    Schizophrenia1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Во текот на денот бидејки вежбам јадам по 5 пати и се придржувам на таа Vegan diet и имам преголеми резултати. не сум многу поднослива на протенски производи од животинско потекло па затоа..
    Ужинката најчесто ми е со ореви бадеми или кикиритки...
    Брза храна си дозволувам највеке до 2 пати или три месечно, и кога доага збор за нездравата храна го џвакам секој залак околу 40 пати и се заситувам побрзо и ем внесувам помалце калории.
     
    На Heart *21*, Rose-tulip и СС18 им се допаѓа ова.
  3. cveke-

    cveke- Активен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2015
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Во текот на денот јадамм 2-4 пати, зависи од обврски, си јадам секаков вид на храна ама и често пијам чаеви од камилица мајчина душица нагезмо.. сите врсти на чаеви. а исто така пред извесен период прочитав и за магдоностот дека помагал при варењето на храната односно како диуретик. па почнав да пијам и магдонос, и да ви кажам ослабнав 2-3кг. во 2 дена. и продолзив да го пијам. исто така не практикувм често брза храна 3-5пати месечно. Не внимавам колку ја џвакам храната. а имам ок тежина . позззз
     
    На Heart *21* и СС18 им се допаѓа ова.
  4. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.609
    Пол:
    Женски
    Јадам повеќе пати по малку, утрото го започнувам со чаша цеден лимон, мед и топла вода. Најчесто доручкувам по некое овошје, па јадам нешто слатко. Ручекот секогаш ми е домашно приготвен, некоја манџа или печено мевце/ риба со зеленчук. Јадам јаткасти плодови секој ден, по нешто различно. На здрава храна сум претежно, но обожавам благо, не можам да го исфрлам од исхраната, ама намалувам :D Брза храна ептен ретко јадам, дали еднаш во месецот. Пијам многу чај, посебно од ѓумбир и од магдонос :lol:
     
    На Heart *21* и СС18 им се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Веќе цела недела сум на следниот план.
    Јебал вас хербалајф.

    Наутро - смути од спанаќ, блитва, црно семе со три парчиња свеж ананас или една банана со козја сурутка во прав
    Ручек - салата од зелка,цвекло,морков и краставица и зеленчук на пареа (каков ми дојде), печурки, басмати ориз, било што да е варено во различни комбинации, без никакво месо и една домашна безглутенска земичка (околу 100 грама), зачини - хималајска сол и сок од лимон.
    Навечер - смути од спанаќ, блитва, црно семе, козја сурутка во прав и лажица мед

    Цел ден литар чај од коприва, направен во термос со две вреќички чај и плус многу вода.

    Од тежок кафепиец... не можам едно кафе да испијам, а будна сум.

    Ебем ти и пролетен умор и анемија и железо и цинк и олово и здравство и све.
    На работа ме гледаат како да сум од Марс, гајле ми е. Порано ќе се потресував, леле, леле, изводам, сега ич, ете им денес ден да ме оговараат ако сакаат.
    Не дека не ми се јаде мрсен хамбургер... еве сега на пример ќе се искушувам, ама здравје, башка ваква кожа, коса и нокти... не фала.
     
    На Heart *21*, Rock.Lady, Hipster и 3 други им се допаѓа ова.
  6. MsMayaM

    MsMayaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2014
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    128
    Јас бев на програм за исхрана од Хербалајф..јас која не верував во такви глупости и сум страшен скептик.. ама ете реков ќе пробам за да докажам дека не вреди..и се зезнав :D После една недела морав да купам каиш за фармерките:D ама си се придржував до се ! За два месеци -10 цм во обем и - 2кг (без вежбање) После два месеци престанав да пијам пропратни работи од хербалајф..сега го пијам само чајот и шејкот извонредни се! Од тогаш поминаа 5 месеци јас ни кило немам покачено.. а од завчера почнав да вежбам да се стегнам малку :P Иначе ритуалот ми е овој:

    Пред појадок -лимонада со едно лајче ѓумбир
    Појадок - Шејк
    после шејкот си пијам чај се до
    ужинката (овошје какво било и имлеко или јогурт)
    Ручек - се манџи почнав да јадам (спанаќ, грав, грашок, боранија....и мнооооогу салата)
    Ужина (бадеми лешници ореви наут...)
    Вечера - шејк или па ако не ми се пие шејк, нешо протеинско внесувам во секој случај.. јајца, пилешки стек,урда, туна...и исто така со мноооогу салата :)

    + ВОДА 2л на ден (а во тоа не спаѓа млекото и јогуртот, значи чисто вода или чајот од хербалајф)

    That's all ! :)
     
    На Heart *21* и СС18 им се допаѓа ова.
  7. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Кога станам пијам чаша или две млака вода, пред школо обично јадам јаболко со малку житарици од црн ориз, на големиот одмор на школо интегрално ѓеврече, а може да се случи да си купам и диетално мало чоколадо, пред теретана јадам банана (или друго овошје) со мусли (или бисквити или rice cakes), после теретана јадам што и да има зготвено дома (ама никако леб) и во помали количини. И до вечер ако пак ми се јаде пијам млеко или чај или јадам овошје. И секој ден пијам по литро и пол или два литра вода.
     
    На Heart *21* и СС18 им се допаѓа ова.
  8. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.599
    Допаѓања:
    23.118
    Пол:
    Женски
    Секој ден го почнувам со чаша-две вода и кафе, без исклучок.
    Доколку треба брзо да излезам и немам време за појадок, јадам банана, а ако сум дома и имам време, тогаш јадам овесна каша сварена со млеко и мед. Ова ми е број 1 појадок.
    Ужина - шејк од млеко, банана, сурутка и мед или пак овошно смуди, со било какво сезонско или смрзнато овошје.
    Ручек - во последно време воопшто не ми се јадат тешки готвени јадења, туку си правам брзи ладни сендвичи, претежно на зеленчук, домат и марула обавезно, јајца, печурки зготвени на повеќе начини, компир салата, риба, пилешки стек на скара со салата и вакви слични брзи оброци.
    Вечера - ако не сум многу гладна тогаш најчесто вечерам овошен јогурт со мусли, кришка-две црн леб со путер од кикиритки или пак повторно овесна каша затоа што сум дефинитивно опседната со тоа и ми е ептен вкусно, а ако ми се јаде малце повеќе или нешто солено, палента со сирење и јогурт ми е втора опција.

    Паралелно со сето ова во текот на денот пијам 1,5 - 2л вода и неколку кафиња, некогаш плус пиво или вино, најчесто за викенд, ама не мора да значи, вино некогаш пијам и со ручекот.
    Исхраната ми изгледа вака 90% од времето. Има денови кога јадам тоа што има за ручек, ама во помали количини, не бидејќи сум на строг режим или на диета, туку како што кажав воопшто немам апетит за тешки јадења и манџи. Има денови, повторно претежно за викенд, кога јадам пица, скара, грицки, ама тоа е у просек два пати месечно...

    Тоа е тоа у глобала...
     
    На СС18 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Rose-tulip

    Rose-tulip Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2014
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    287
    Пол:
    Женски
    Денот ми почнува со две чаши вода, па шоља чај. На работа чим стигнам одма нескафе со топла вода само и без шеќер, па најчесто за појадок јадам банани и урми. Ручекот повеќе му доаѓа како ужинка па јадам јаболка или потрокали или урми(битно овошје да е)...Па после вежбање накај 18 часот, си вечерам лесен, ама обилен оброк- гравче, грашок, боранија, шпагети со доматен сос, печен компир, печен зеленчук, печурки + салата свежа обавезно. Тоа у принцип....не јадам производи од животинско потекло зашто сум на пост, ама сакам да си продолжам вака, супер ми е :) Уште пивото да го решам и совршено ќе е се :P
     
    На СС18 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Nonarta

    Nonarta Нов член

    Се зачлени на:
    23 март 2015
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    И јас сум веган па би сакал да те прашам како ги задоволуваш потребите за протеини ? Што јадеш пред тренинг а што потоа ? За појадок што приготвуваш ?
     
  11. Schizophrenia1

    Schizophrenia1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Па бадеми, лешници, ореви, печурки
    За појадок јадам овошје со ореви
     
  12. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    10.293
    Пол:
    Женски
    Насабајле пијам чаша вода со зелена глина.Потоа чаша млака вода со лимон и мед.Така ми почнува денот.За доручек си варам овесни снегулки во комбинација со банана или со сушена брусница/сува смоква/сушен ананас/манго/свежа кива плус мед.Секој ден различно за да ми биде разналико.Не го комбинирам овошјето.Обично си правам и смуди со што ми се најде овошје по дома(јаболко, банана, кива, портокал, јагоди ако има итн.)
    Ако ми се пријаде нешто покалорично си варам јајце во комбинација со двопек и јогурт.Или пржена белка на маслиново со обарена брокула.Тоа кога сум послободна насабајле.
    За ручек секој ден различно.Некој ден риба-ослиќ или лосос со салата од цвекло и морков плус брокула, месо ако има спремано обично телешко или пилешко у комбинација со салата, леќа, грашок, боранија,спанаќ, ориз со зеленчук, сварен компир со морков и брокула, протеинска салата со туна марула и јајце.
    За вечера што ми се јаде.Овес со јогурт и ленено семе или салата, ако сум погладна варено јајце со двопек.

    Преку ден пијам многу вода и изладени чаеви.Обично пијам од нане и зелен чај.Кога ме фаќа криза за благо во текот на денот јадам урми, брусница или суви смокви или свежо овошје.
     
  13. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.407
    Пол:
    Женски
    Devojki kako e pravilno da se vezba, pred obrok ili posle ? :?: Znam deka posle vezbanje bi odelo ovosje, ceden sok ili eventualno nekoja salata. Kako vie vezbate?
     
  14. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски
    ^ Оброкот се јаде после вежбање дефинитивно!
     
  15. СС18

    СС18 Активен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    37
    Jas vezbam pred obrok i toa sekogas..posle vezbanjeto pravam ceden portokal\limon ili pak nekoja salata
     
    На LaraSolare и Heart *21* им се допаѓа ова.
  16. Aquarius21

    Aquarius21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    530
    Пол:
    Женски
    На сабајле пијам 250 мл млака вода со една кафена лажичка ѓумбир, после половина час за доручек јадам мусли со млеко или овес со јогурт, првата ужинка ми е едно јаболко, за ручек половика час пред да јадам пијам 250 мл вода потоа јадам обавезно салата, некој денови јадам риба, пилешко, ориз, леќа, грашок, спанаќ во зависност што ќе имам тој ден. После ужинката ми е некое овошје само не банана пошто не јадам. И за вечера јадам салата. Во текот на денот пијам по 3 литри вода, 1 литар зелен чај и ѓумбир.
     
    На Heart *21* му/ѝ се допаѓа ова.