Платформа на Елена Бубало

Дискусија во 'Фитнес' започната од Zfer, 20 јуни 2024.

  1. Zfer

    Zfer Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2020
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Не видов ваква тема, па се одлучив да ја отворам. Дали некој од вас има искуство со платформа за вежбање на Елена Бубало?
    Исхрана, тренинзи, задоволни корисници?
     
  2. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.051
    Допаѓања:
    69.175
    Јас лани ја користев кратко време. Вежбите беа океј, ги правев, ретко која морав да модифицирам. За исхраната не знам, не ја пробав, не ми остави некој впечаток. Откако ми истече бесплатниот пробен период, не се претплатив. Fitness Blender на Јутуб имаа порано добри слични вежби.
     
  3. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    3.384
    Пол:
    Женски
    Ај ако може вака платформи и искуства на повеќе, не само за елена.

    На пример јас вежби можам да правам. Ама исхрана си сакам нешто обично, македонска традиционална храна.
     
  4. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.829
    Допаѓања:
    2.565
    Пол:
    Женски
    Може некој да постира линк или опис да знаеме за што точно се работи?
    Прв пат слушам за оваа Елена.
     
  5. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    3.384
    Пол:
    Женски
     
    На Fraerce4 и Dashing:) им се допаѓа ова.
  6. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.051
    Допаѓања:
    69.175
    @Dashing:)

    Еве од нивниот фејсбук.

    Што подразбираш под македонска традиционална храна?

    Зависи од твоите цели и моментална состојба, ти може да јадеш било што ако е балансирано, не е пржено во тон зејтин, поховано, премногу мрсно, премногу леб и слично.

    Ако сакаш да ослабнеш, мора да си во калориски дефицит и според тоа ја прилагодуваш исхраната. Има доста теми на форумов за ова, разгледај. Има и теми за други тренери и нивните програми.

    Ако немаш многу за слабеење, само сакаш да си фит и со тонирано тело, тогаш исхраната што ја имаш сега најверојатно ти е океј и треба да вежбаш 3-4 пати неделно. Што да вежбаш пак зависи од тебе и твоите потреби, ама тежински тренинг за одделни делови од телото, аеробен тренинг и трчање еднаш неделно е план кој што е сеопфатен и е океј за повеќето луѓе.
     
    На Fraerce4, Mumoftwo30 и Malesia им се допаѓа ова.
  7. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    3.384
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам!
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Fraerce4

    Fraerce4 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2024
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    72
    За мене е страшно во денот ако не извежбам било што, макар да се 10 стомачни. ЈАс гледам во денот да има барем некое тренингче за кое после ќе си правам муабет. Имаше еден поткаст баш зборуваа на оваа тема. Тоа што извежба денеска треба да ти биде како добро утро, го имаше на Томас поктаст :) а не мора да е којзнае каков тренинг, нормално е дека секој ден не сме мотивирани да качуваме 800 м водно.
     
  9. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    3.384
    Пол:
    Женски
    Јас морам вежби за грб, сакам правилни вежби да не се доискривам. Ги барам на јутубеб(Вежбам за да слабеам) Ама и сакам здрава храна.
     
  10. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    12.628
    Пол:
    Женски
    Јас ја купив програмата уште кога платформата беше нова и имам неограничен пристап до неа. Програмата е одлична, од сите програми на кои сум била и од сите тренери, Бубало дефинитивно е најдобра. Кратки тренинзи ама ја осеќаш секоја минута, убаво објаснети вежби, Елена исто така вежба и те води низ тренингот. Храната не ја пробав, не е баш по мој вкус. Се на се, топла препорака од мене за платформата.