Онлајн платформите за тргување се дигитални сервиси што овозможуваат инвестирање или тргување со финансиски инструменти на светските пазари преку интернет Во последниве години сè повеќе луѓе од Македонија покажуваат интерес за онлајн инвестирање и тргување на светските берзи. Денес постојат повеќе платформи достапни и кај нас, како што се Trading 212 и Interactive Brokers, Trading212 е онлајн платформа наменета главно за почетници и за долгорочно инвестирање во акции и ETF-ови, со едноставен интерфејс и можност за купување без провизии. Покрај инвестирање, нуди и CFD тргување, кое носи поголем ризик и е повеќе за активни трговци. Interactive Brokers (IBKR) е професионална брокерска платформа со пристап до голем број светски берзи и финансиски инструменти. Нуди напредни алатки и ниски провизии, но е посложена за користење и повеќе одговара на поискусни инвеститори. Користете ли некои од овие платформи и кои се вашите резултати?