Здраво, Ве молам ако можете да ми одговорите дали при оставнинска постапка се плаќа само кај нотарот или и во судот.Во судот плативме 480ден такса за поднесеното барање, ни одредија нотар кој ќе ја спроведи оставнинската постапка и знаеме дека тој ќе си наплати за тоа по одредена тарифа, но дали и во судот се плаќа?
Да, во судот се плаќа такса за поведување на оставинска постапка во износ од 480 денари. Кај нотарот се плаќа за решавање на ставината, износот зависи од вредноста на имотот кој се наследува. Максимално мислам дека може 9.600 денари, доколку вредноста на имотот надминува 15.000 евра. Доколку не доставите оригинални документи кај нотарот (извод од родени, венчани и слично) нотарот ќе ги завери, ама тоа е ситен трошок плус, по 150 денари од документ.
Нoтaрoт истo тaкa ќе требa дa бaрa пoтврдa oд бaнкa (кoјa ќе јa пoсoчите кaкo бaнкa вo кoјa имa средствa предмет нa oстaвинa) и зa тoa ќе ви нaплaти. Мислaм декa беше 500 ден. oд еднa бaнкa.
Да, ама мислам дека тоа е само во случај кога наследниците ја немаат картичката или штедната книшка на оставителот и ако незнаат дали воопшто има пари во банка. Доколку знаат и имаат штедна книшка или картичка, нема потреба да се бара потврда од банка.
Јaс јa знaев тoчнaтa сoстoјбa нa сметкaтa, нo мoжеби зaвиси и oд нотарoт. Ми нaплaти и некoј изнoс нaд тaрифaтa, зa штo не дoбив фискaлнa. Прaшaв штo плaќaм...oдгoвoрoт беше - пa ние тукa трoшиме хaртијa, тoнер ..немaм кoментaр
@Бети-бетче Дoбрo. Јaс плaтив пoвеќе oд тoa штo гo пишувaше нa зaписникoт. Немaв нaмерa сo нив дa се oбјaснувaм. Вo oвa нaше скaпaнo oпштествo, кoгa некoј пaти, му се ситaт нa немoќтa. Мене тoгaш не ми беa вaжни 1000, 2000 пoвеќе. Сaмo сaкaв дa зaврши се. Имaше и мнoгу други нелoгичнoсти, нo се премнoгу лични зa дa ги спoделaм.
Добро,а стом е некој незадоволен од нотарот мислам дека може да се изземе тој нотар, само незнам дали тој нотар наплаќа нешто затоа што е изземен , незнам како оди тоа ,не можи нотариве да постапуваат така своеволно ,мора да има некаде каде можи странката да се пожали на несовесното работење на нотарот
Цената не е од таа на записникот зошто таму пишува само судска такса и нотарска награда...има и други трошоци плус..не ви дадоа фискална? на пример трошоци за спроведување во катастар се плус а не се пишуваат во записникот..исто така трошоци за покани ако биле пуштени..исто така за преписи на документите ако си ги барате назад...јас каде што работам ние никогаш не пуштаме покани за да не правиме трошоци на странките..освен,ако стварно после многу месеци сеуште не се дојдени зошто и нотарот не смее мн да го чува предметот..исто така ако некој донесе оригинални изводи и си ги бара назад,тие само копираме и им ги враќаме а по правило треба да се прават преписи и за тоа да си плаќаат странките плус зошто во предметот треба да стојат или преписи или оригинали ...сепак зависи се од нотарот
Немaше ништo oд нaведените примери...ниту пaк фискaлнa. Искренo не е ни вaжнo. Сo мoјaтa рaбoтa сум честo вo кoнтaкт сo рaзни нoтaри, нo никaде не нaидoв нa тaкoв aмaтеризaм кaкo кaј нoтaрoт зa кoј Ви кaжувaм.
па кажи ни, сподели со нас за кој нотар се работи, да знаеме да не упадне некој од нас во неговите аматерски раце и да биде оштетен а? кој знае колку веќе оштетил
Само проблеми , во врска со наследничка постапка, треба да се закажи рочиште, но другите наследници отидоа во странство на гости ,, имаат ангажирано адвокат, прашањето ми е дали нотаров треба да го извести нивниот адвокат за рочиштето или мора нив ? и уште нешто , во имотот на оставителот за кој тетка ми даде изјава дека не зема дел, треба накнадно да го додадеме движниот имот, дали тетка ми треба повторно да дава изјава кај нотарот дека не зема дел или не мора, бидејки изјавата е иста дека не зема дел ?
Само проблеми , во врска со наследничка постапка, треба да се закажи рочиште, но другите наследници отидоа во странство на гости ,, имаат ангажирано адвокат, прашањето ми е дали нотаров треба да го извести нивниот адвокат за рочиштето или мора нив ? и уште нешто , во имотот на оставителот за кој тетка ми даде изјава дека не зема дел, треба накнадно да го додадеме движниот имот, дали тетка ми треба повторно да дава изјава кај нотарот дека не зема дел или не мора, бидејки изјавата е иста дека не зема дел ?
Здраво на сите, еве ме мене со тема во врска со работата на нотар при расправа за оставнина. Еден од наследниците кој сега е починат има различно презиме од оставителот,така да нотарката која го води предметот на неговата сопруга која е негов наследник и побара да и донеси документ дека тој и е син на оставителот и не закажа рочиште туку одложи на неопределено време со образложение да имаат повеке време за да извадат документ и ги опомени да не биди доллго време и дека во мегувреме и да не донесат таа ке закажи рочиште.Мегутоа бидејки тој е починат а исто и родителите ,не можеле да добијат таков документ и сега нотаркава не сака да свика повторно рочиште , наводно чека да донесат документ некаков , а веке поминаа 5 месеци од првото рочиште.И и реков да закажи ново рочиште и никако не сака .Добро и велам тие можи никогаш да не донесат никаков документ , и крева рамена како да не и е гајле и не закажува рочиште. Прашањето ми е дали нотаркава има право вака да постапува и што можиме да превземиме. Ако има некој да ми одговори -благодарам