Гуглајќи налетав на овие слики и се случи љубов на прв поглед. Немам потреба да зборувам за нив- тие зборуваат самите за себе. Секое парче на свој начин уникатно. Не бев мрзешлива и побарав на Youtube туторијали за плетење, еклање или како сакате наречете ја оваа техника. За мене претставува преубав детал и веднаш се фрлам на учење на оваа техника. На истиов начин можат да се изработуваат привезоци за клучеви, торбички за мобилни телефони, обетки, прстени, нараквици, каиши, брошеви и сл. Темава ја отворив со цел да дискутираме за ваквиот тип на накит, да ставаме туторијали, да разменуваме совети и идеи и нормално да се пофалиме со готов производ.
Од сите видови на накит овој плетениот воопшто не ми се допаѓа, заедно со накитот од филц. За накит сакам цврсти материјали, а конец и ткаенини не ми го прават ќејфот ич. Им се восхитувам на тие што знаат да го изработуваат и убав ми е за гледање, но за носење не го сакам. Кога ги гледам сликиве некако се ежам од помислата да носам таков ѓердан и да сум во некоја топла просторија, и тоа цветовите да ми ја собираат потта.
Јас многу го сакам, кога бев на еден остров во Хрватска една жена продаваше плетени алки и си купив една многу ми е убава, но неможам да најдам туторијал на youtube да си направам јас сама. Иначе ланчево многу ми се свиѓа, ќе пробам да најдам туторијал и ќе си го направам
Имаме девојка на форумов што хекла накит и има блог за тоа. Тоа е DrenkaC. Инаку се е ствар на вкус, ми се допаѓа кога го гледам кај други кои знаат да го комбинираат и кои се облекуваат во тој стил, ми одговара во бохемиан, хипи и кежуал некои комбинации. Сепак не е мој стил, освен некои хеклани брошчиња кои би ги носела и имам всушност такво едно брошче, го ставам во последно време на капче Eве неколку слики за љубителите на накитов Јас имам прашање само какво е неговото одржување? Зашто овој накит се прља, се наводенува, треба ли да се суши, зашто ако не се суши вајда може да се умириса, како се чисти? Алкава ми се допаѓа ептен Дали има некое линкче како се прави алкава и дали е тешко за аматер? Да пробам
Ќе се одржуваат најверојатно како и миљенцињата за маса Па од ист материајл се напрвени. Само без штиркање. Се шегувам,некои парчиња од овој накит,што успеав досега да разгледам се направени и од волна, а некои дури и од плетена монистра.Ќе се одржуваат лесно со рачно перење. Мене ептен ми се свиѓаат и некои ептен обични комбинации ги освежуваат како убав зимски додаток.
Од плетен накит ми се допаѓаат само алките. Имам некои и понекогаш ги носам. Еве група со плетени алки. Јас имам нешто слично на ова.
Повеќе ги гледам како моден додаток отколку како типичен накит. Инаку преубави ми се. Ми се допаѓаат шарените, во живи бои. Тоа на првата слика во темава ми е фаворит.
http://www.facebook.com/media/set/?set=a.185151991495086.45756.100000008609225&type=1 плетен накит и други плетени работи
Вака на слики многу интересно ми изгледа има многу прекрасно изработени парчиња.Би сакала да умеам да плетам вакви убави работи но лично јас да носам не ми се допага.Има нешто исклучок што би ми било мерак да го носам но сепак ќе кажам не за плетен накит До пред некое време носев една плетена колбичка од оние што се friendship bracelets бидејки ми беше подарок од најдобрата другарка а и боите ептен беше ми ги погодила па ја носев со цел мерак.Дрг плетен накит немам ставено на себе.
[/quote] Ги обожавам најомилените плетени обетки баш во мојот стил и едни од моите омилени бои кој сака да ми сплети
јас плетам накит капчиња итн... исконтактирај ме овде, ако сакаш да ти исплетам вакви обетки па дури ако сакаш и некои други модели http://www.facebook.com/pletenikolachinja
Многу сакам плетени работи, вклучувајки го и плетениот накит. Си имам сплетено шнолички, цветчиња и многу ми се интересни
Не носам плетен накит од причина што не се вклопува во мојот стил на облекување, но ми се допаѓа. Особено ми е интересен кога е искомбиниран со монистри, вметнати се некои други парчиња платно или служи само како додаток на обетки и кога и да сретнам луѓе кои продаваат ваков вид накит подзастанувам за да се восхитувам на трудот и убавината.