Плетење „класје“

Дискусија во 'Рецепти' започната од Candy-girl, 29 октомври 2011.

  1. Candy-girl

    Candy-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    2
    Сестра ми бара некој рецепт, односно незнае како се плети некакво класје (нешто како плетенка) ме отру и се јавува на мајка ми па вчера мене во 2 саатот вечерта и си реков ајде да побарам за неа нешто но не најдов си реков ајде овде на фемина ќе побарам нешто. Ве молам помогнете ми. :(
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.290
    Допаѓања:
    5.181
    Плетење „класје„

    :D :D :D ништо не ми е јасно, сигурно е нешто што се прави од тесто и како погача му доаѓа. Пиши некој детал па ке заплетеме ако треба ;)
     
    На stilas7 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    298
    Плетење „класје„

    Мајка ми обично прави милиброд или козињак за Велигден или за Божиќ и најчесто го прави како плетенка.
    т.е тестото откако ке го измеси, го дели на три дела ги сучи долгунесто и потоа ги плети како плетенка и така го става да се печи. Најверојатно за тоа станува збор. Моментално го немам рецептот , ама ќе го побарам и ќе го напишам подоцна ;)

    Разделете го тестото на пет еднакви делови,
    оформете пет еднакви по дебелина ленти од тесто
    и поставете ги една до друга на работната маса,
    на хартија за печење.
    [​IMG]


    Притиснете ги едно до друго горните краеви
    на лентите од тесто. Тестената лента (1)
    префрлете ја над лента (2), под лента (3)
    над лента (4) под лента (5)

    [​IMG]

    Сите ленти изместете ги надесно и потоа
    земете ја најдесната лента и поставете ја
    над лента (3) под лента (4) над лента (5)
    и под лента (1)

    [​IMG]

    Повторете го дејството од слика 3 колку пати
    што е потребно, секогаш започнувајќи од
    десната страна. Добро притиснете ги краевите.

    [​IMG]

    Еве што најдов на интернет, овде е направено со пет ленти. А може да биде и со три. Зависи како сакате :)
     
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.525
    Еве имало тема, за малку ќе отворев нова.

    Јас уствари сакам да правам милиброд, најдов и рецепт, со тоа што тестото не ми е воопшто проблем, но откако 2 пати ќе стаса - не сакам да плетам плетенки и чуда, сакам да има повеќе мармалад, но како, колку ленти да направам, должина, ширина од прилика, одат ли една врз друга со мармаладот, па потоа виткањето, како оди?
    :(

    Еве го рецептот.
    http://www.kulinar.mk/recepti/Milibrod.html
    Сепак мислам дека една тема за благи традиционални јадења нема да ни е на одмет, м?
     
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.290
    Допаѓања:
    5.181

    Пробај го она второто што се мота како ролат. Расукај ја кората одприлика како тавче бр. 32 (ама сум сликовита :lol: ). Ако имаш повеќе тесто подели го на 2 дела па направи 2 ролата. Кога се печат нараснува тестото. Незнам како да ти објаснам... :D сакав да ти кажам дека прво посоли мак-афион на тестото па потоа џем од сливи-мала слатка тајна на извонреден вкус ;)
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.525
    ^ Фала многу Славица, разбрав од прилика, ролат ќе биде. ;)
    Јас за почеток ќе правам половина доза, значи ќе имам едно ролатче и се надевам ќе испадне ок.
    А дебелината на расуканото? Подебело, потенко, :?:
     
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.290
    Допаѓања:
    5.181

    Потенко, 5-6 мм - 1 см :) затоа што нараснува тестото.
    Ајде па ќе чекаме резултати, инаку и мене ме намами да ти кажам право :D ај ај утре месам јас
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    14.465
    Допаѓања:
    80.056
    Пол:
    Женски
    Јас ќе напишам еден рецепт за козињак ( само што го испробав ) :) Рецептот е грчки , на грчки козињак се вика цуреки :)

    Козињак

    Прва смеса:

    120 мл. вода
    120 гр. свеж квасец
    1л. брашно

    Vтора смеса

    7 гр. махлеп
    2 гр. мастиха
    1 ванила
    ренден портокал


    Tрета смеса

    100 гр. маргарин
    200 гр. шеќер
    2 гр. сол
    4 јајца
    200 мл. млеко
    1 кг. брашно


    Nајпров се мешаат состојките од првата смеса и се остава да стаса. Vо блендер се става втората смеса и се се меша. 100 те грама маргарин се матат со шекерот , се додава втората смеса , па млекото , јајцата и првата смеса со квасецот. Pотоа полека се додава брашното и се оформува тесто. Tреба тестото да не се лепи./ Sе остава да стаса во сад подмачкан со маргарин 1 саат. Pотоа се премесува и стасува во истото место уште 1 час.Sе плете во вид на плетенка и се премачкува со жолчка од јајце.Mене лично ми излегоа 3 плетенки :) Rерната се загрева на 150 степени , а се пече додека не се зацрват плетенките :)