Тука може да се дискутира околу плетењето, дали сте плетеле или плетете, околу тоа каде може да се најде вуница, игли, конци и сл. Колку пари е од прилика вуницата за плетење? И колку е потребно за да се сплете шал? И каде можам да најдам игли за плетење и за нив цена ако може да ми кажете.
Ни знам да плетам,ни плетам,ни заплетувам,ни ми треба време за плетење... ни знам кај има конци,ни вуници,ни игли(знам дека баба ми има може од неа да потражете) ви кажувам да не ми тражете фала многу пријатно
Јас знам неколку плетки, една зима мерак ми беше да плетам (на кој памет не знам), па ја терав баба ми да ме учи. Сега само таа основната плетка (најлесната де) ја знам, а другите ги заборавив. Игли не знам каде се продаваат, а вуница претставувам по тие текстилните продавници. За шал - зависи колкав сакаш. Околу 2/3 клоба вуница мислам дека секако ќе ти требаат. Околу 60-70 денари е едно клобо.
Целиот прибор може да се најде онаму каде што се продаваат конци, копчиња, патенти, игли - оние мали дуќанчиња со све и свашта. Порано кога се учеше Домаќинство мислам во четврто или петто одд. мораше секој да знае . И јас тогаш знаев, ама од чиста радозналост гледајќи ги бабите како плетат, а јас експириментирав на куклите. Денес треба да имаш многуууу слободно време т.е ништо да не работиш па да седиш да плетеш. А од друга страна преплавени сме со евтини плетени работи од Кина и од кај уште не, кои се плетени машински.
Јас знам да плетам од мала мајками ме научи , кога бев помала повеќе плетев имав слободно време сега некое време ич не можам дома да се завртам
Јас си имам сплетено шалчиња, грејачи, капи, и фустанот што го почнав минатата есен е завршен. Инаку волница има во Тетекс на Рекорд, има и една продавничка на Бит-пазар спроти полициската станица, а има и продавничка на улицата во пазарот што води до полициската станица. Волницата е од 30 ден. нагоре клопче, а за шал се потребни 2-3 клопчиња. Во продавничките на Бит-пазар има и игли, тие се околу 50 ден.
Знам да плетам баба ми ме научи а конци, игли и други алатки за плетенје побарајте во фиоката на баба ми и не само тоа.. ке најдете и куп работи од праисторијата
Занм да плетам...Ме научи баба ми, а волјата за плетење ми ја зголеми дедо ми... Тој исто така ме научи на најтешката плетка, која од никој друг не можев да ја сватам... Си имам сплетено многу, но за тоа треба време... Во последно и порачувам на баба ми да ми сплете, она има повеќе време
Мене баба ми ме научи една зима и знам само основнато плетење...Сега сакам да пробам да сплетам нешто но некако ми е страв да не згрешам или па да не излезе лошо
Научив за време на еден зимски распуст во основно. Имав сипаници и цел распуст го поминав кај баба ми, па од досада ја натерав да ме научи и така го сплетив првото шалче. Плетев полека, но сигурно После тоа баталив, се до средно. Најдов еден стар шал од мајка ми, бојата не ми се допаѓаше, па си сплетив ист таков во бордо боја, а баба ми сплете и капче. По извесно време следуваше и џемперче со плетенки ама мајка ми ми помогна да го составам и таа ми ги започнуваше, за да не утнам во ширина Лани почнав да плетам шал, нешто како наметка. Си купив волница од Тетекс на Рекорд, а игли си земав од домашната колекција. Остана недовршен и среќа што ја видов темава па да земам да си го довршам, иде зима.
еве јас пред некој ден купив за 200 денари блуза за мажот ми ! Инаку знам да плетам ама сега немам време ! ако почнам оваа есен еден елек или блуза и за следната есен сигурно ке е готово ха,ха, еве баш денес го побарав еден џемпер или блуза незнам што ке биде за мажот ми лани го почнав и сега гледам веке бев заборавила што е како е предницата фала богу сум ја сплетила па сум имала само зафатено од задот и си викам ке плетам и еве ми ја керка ми скратими пантоли испеглај ми униформа бла,бла, и ништо од плетењето ! ај ако успеам да го сплетам за Нива година ке ве известам ! НЕМАМ НИ ВРЕМЕ ! ЗА ЖАЛ !
Ме учеше еднаш баба ми и основната плетка ја научив, ама искрено со машината за шиење подобар заеднички јазик најдовме. Инаку за „артилерија“ во Охрид има во една продавничка во турската чаршија, кога одиш од Чинар накај Десарет од десна страна. Има во продавничката вуница, секакви некакви конци, монисти...
да во право си имат ама вуниците не и се баш најдобри ! повеке имат некој конци за везење а вуници за жал не може да се најдат веке квалитетни ! Ако знајт некој кај можит да се најдит вуници од Тетекс тие беја најдобри !
Знам да плетам и тоа како. Навистина, мама и баба ме научија 3 вида на плетење. За сега немам нешто посебно со кое можам да се пофалам, некое шалче ако се најде. Уште не сум го достигнала тоа pro-level на плетење.
Знаете ли некоја жена што плете по нарачка, а сепак цените се нормални?Сакам неколку шалчиња и пончо.
Уште од мала знам да плетам, гледајќи ја мајка ми кога ми правеше облека за барбиките . Меѓутоа подобро го усовршив плетењево преку интернет. До сега имам сплетено доста шалчиња болера џемпери додека немам обрски од факултет, инаку слободното време ми поминува во пронаоѓање на интересна шарка за плетење или хеклање!! еве некои од плетките https://www.facebook.com/pages/Goldy-style/160547920706833?sk=wall
хаха секако дека знам баба ми уште кога бев мала беше упорна во намерата да ме научи да плетам и успеа
незнам да плетам а навистина би сакала да научам, ехех темава ми даде поттик да ја натерам баба да ме научи
Ние лани на училиште имавме предмет „Вештини на живеење“ таму плетевме,правевме торти,кутии за накит и накрајот правевме машка носија. Јас тогаш научив да плетам, сега имам подзаборавено но ако ја видам баба ми како плети можам да се сетам, јас научив 4-5 плетки.