Би сакала да слушнам искуства и препораки за пливачки клубови во Скопје. Ќерка ми има 3 години и сакаме да ја запишеме на пливање, но за жал не наоѓам информации никаде. Би ви била благодарна ако споделите доколку знаете.
Здраво, и ние сакаме да го запишеме синчето на пливање, тој има 4 години. Видов дека има школи за пливање кои држат часови на Олимписки Базен. Еве во прилог слика што има на нивниот сајт
Лани син ми почна во борис трајковски да оди, ама базените се камен ладни проба два пати и несакаше зашто многу му студеше. Слушнав дека во школото Димитар Миладинов имало школа за пливање дека било помало и потопло.
На пливање примаат за упис од 5 год нагоре, на 3 и на 4 год не верувам дека ке ги примат и премногу е рано.
Има ама премногу е мал, рачунај колку една училница е, а колку деца има... Со 3години може да се започне на гимнастика, а со 4 на пливање. Не е ова баш тренинг туку занимација повеќе.