1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Повеќе од 20 загинати во невремето што го зафати Скопје

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 7 август 2016.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.514
    Пол:
    Женски
    Во невремето што го погоди Скопје досега се пријавени 20 загинати лица во реоните на Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново, потврдуваат од МВР. Оттаму велат дека досега се идентификувануи 13 лица, а до утринава во скопските клиники примени се 22 повредени. Претходно беа пријавени 6 исчезнати, но сед уште се утврдува дали тие се жртвите со оглед на тоа дека првичмните информации укажуваа на 15 настрадани. Полицијата работи на утврдување на идентитетите на останатите жртви.

    По вчерашното невреме полицијата утврдила дека биле заглавени околу 70 возила поради свлечишта кај кучката кај Стајковци према клучката кај Радишани. Свлечиште имало и кај обиколницата кај Ѓорче Петров према Стенковец.

    Полицијата соопштува дека од елементарната непогода која вчера во попладневните часови го зафати Скопје и неговата околина, пријавени се и големи штети: срушени и поплавени куќи и возила.

    Попладнево Советот на Град Скопје ќе одржи вонредна седница на која ќе се разгледуваат мерки и активности за занирање на штетите.

    Поради обилните врнежи од дожд и надојдената вода, сообраќајот по обиколницата од клучката Хиподром до клучката Сарај е во прекин од синоќа од 20 часот.

    Од ноќеска по полноќ, прекин на сообраќајот има на автопатот Гостивар - Тетово - Скопје, кај клучка Југ, а патничкиот сообраќај е пренасочен преку градско подрачје до клучка Север.

    За попладнево повторно се очекуваат поројни дождови, информираат од Управата за хидрометеролошки работи.

    „Македонија денеска ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот, која попладне и во вечерите часови ќе предизвика променливо и нестабилно време со врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи“, велат од УХМР.

    Најпрво ќе бидат зафатени западните делови, а потоа, кон крајот на денот и во вечерните часови, ќе се прошират и во централните и североисточните делови. Невремето ќе бидат поинтензивно локално со пороен дожд, особено во западните делови. Ќе дува повремено и умерен до засилен ветер. Дневната температура ќе биде во интервал од 25 до 32 степена.

    Во Скопје и околината времето ќе биде променливо, а попладне ќе биде нестабилно со врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и со грмежи. Поинтензивно ќе врне кон крајот на денот и во вечерните часови. Дневната температура ќе достигне до 29 степени.

    УХМР апелира во случај на појава на електрични празнења внимателноста да биде поголема, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

    Најмногу дожд во изминатите 24 часа имало во Скопје каде се измерени 93 литри на метар квадратен, соопшти УХМР.
    http://www.slobodnaevropa.mk/a/27905847.html

    Сочувство до семејствата.
     
  2. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Епа коа се е дивоградби, коа има запушени канализации, коа нема одводи, ова ке се случува.
    Жално за настраданите, најжално за детето.
    А со оглед на тоа дека сме Македонија, оваој хаос нема да се среди до пред избори, а може и повеке.


    ЗАГАДЕНА Е ВОДАТА ВО СТАЈКОВЦИ И ВО СИНЃЕЛИЌ: Цистерна има, но потребна е и флаширана вода
    На Фејсбук е направена група за хуманитарна помош за поплавените семејства во Скопје. Таму можат да се пријават сите граѓани кои можат да им помогнат на настраданите
    [​IMG]
    Фото: Телеграф.мк/Радован Вујовиќ
    На жителите на Стајковци итно им е потребна вода за пиење, објавуваат на социјалните мрежи луѓе кои се во Стајковци.

    Водата од чешмите е загадена и не смее да се пие.

    Од утрово има цистерни кои се поставени на патот меѓу Синѓелиќ и Стајковци, но изгледа тоа не е доволно. Жителите апелираат да им се достави и флаширана вода.

    [​IMG]

    Во моментов, во Синѓелиќ и во Стајковци нема ни струја. Ситуацијата уште е критична.

    На Фејсбук е направена група за хуманитарна помош за поплавените семејства во Скопје. Таму можат да се пријават сите граѓани кои можат да им помогнат на настраданите. До сега е утврдена дека се потребни средства за дезинфекција на раце, храна и пелени за бебиња, конзервирана храна, влажни марамици, облека и ќебиња.

    УХМР за вечерва најави нови врнежи пороен дожд.


     
    На angelche16, cresa-jagoda и zhap4e им се допаѓа ова.
  3. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.532
    Допаѓања:
    7.422
    Пол:
    Женски
    И сега Коце,даде оставка или не:?:
     
  4. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Таман работа. Сеа највеке пари се дрпаат. Де оваа ке треба, де она ке треба, повеке од пола во џеб.
     
    На kukla21, Girly90, blackwave и 13 други им се допаѓа ова.
  5. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    СЕ ОТВОРИ ДУПКА ВО КИСЕЛА ВОДА: Возило пропадна во канал со вода (ФОТО)
    Сцената на превртено возило е само една од многуте кои денеска можеа да се забележат во Скопје и околината. Најзастрашувачки е на обиколницата околу главниот град каде автомобили се расфрлани низ околните ниви и канали

    [​IMG]
    Фото: Телеграф.мк/Влатко Перковски


    Возило пропаднало во канал во населбата Кисела Вода, а кој се отворил поради надојдената вода за време на вчерашното невреме кое ги зафати Скопје и околината. Возилото е превртено на едната страна, а не се знае дали тоа било паркирано над местото каде се отворила дупката, или, пак, било носено од водата која како река течеше и низ делови од Кисела Вода.

    [​IMG]

    Каналот е на крајот од булеварот „Србија“, покрај улицата која е во близина на фабриката „Усје“. Нема информации дали при превртувањето на возилото имало повредени лица.

    Сцената на превртено возило е само една од многуте кои денеска можеа да се забележат во Скопје и околината. Најзастрашувачки е на обиколницата околу главниот град каде автомобили се расфрлани низ околните ниви и канали. Таму биле разнесени под силата на водената стихија која поминала врз обиколницата.

    [​IMG]

    Апокалиптични сцени има и во населбата Ченто, како и во скопско Стајковци, каде има и загинати лица, а голем број домови се поплавени. Припадници на Армијата, како и на специјалните единици се распоредени на терен и им помагаат на луѓето.







    Да не бидете зачудени ако се пофтори 63та год. Секогаш после полави, се случуваат земјотреси, а овие дупкиве се сигурен знак дека ке се тресе и тоа многу.
     
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Можев и јас да бидам во жртвите и на местото на многумина во било кој дел од градот.
    Такво невреме немам видено во моите 26 години. Пред две години исто вака врнеше, но не со толку силен интензитет.
    Вчера случајно решив да се враќам во мојот град, веќе бев тргната и мајками панично ми се јави дека ситуацијата е страшна и при пристигнувањето да останам на автобуска станица. Прво си реков добро ајде не е толку страшно сме виделе невреме. Ова луѓе не беше невреме, ова беше нешто друго. Такво нешто немам видено до сега, дожд се истураше со сета можна моќ што ја имаше, дуваше силен вечер. Еден човек се симна пред Автокоманда, возачот и ние патниците бевме видно вознемирени, не се возеше од сите страни вода, таа бутка, ветерот дува и автобусот почна да се ниша, возачот се обиде да воспостави контрола, огромен автобус полн плус вода и ветер. Многу се исплашив и сеуште неможам да се соземам, кај клучкната кај Континентал кола заглавена под мост, вода до колена. Имаше и помош, едвај сме поминале. Пред клучката кај земјоделски факултет семафорите не работеа, тоа беше гледка како таа од филмовите ветерот носи се пред себе, ги буткаше практично колите, поспоро се возеше. Многу силно грмеше осетив како земјата се тресе. Вода колку сакаш доволно да пливаш и чамец да помине. Наеднаш видов ЈСП автобус како се доближува до нас реков готово ќе се залепиме среќа возачов сврте лево. Некој од патниците извика да сме застанеле под некој мост, не се застанува под мост луѓе во никој случај. Секој можен мост беше поплавен, само сакав да стигнам дома. А на автобуска тоа не беше автобуска повеќе личеше на кризен штаб, насекаде луѓе голи и мокри, боси...уште неможам да се соберам,сега кога разбрав за жртвите уште повеќе се исплашив. Татко ми сироткиот после пола час од кога пристигнав панично ме бараше на автобуска тргнал по папучи и чадорче. Почна да кажува страшно многу, во нашата населба извира канализација.
    Никому не посакувам ништо, Господ да не чува сите.
     
    На kukla21, evangelina.ina, crazylady и 30 други им се допаѓа ова.
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.577
    Грижа твоја на денот.

    Мајки потребни се памперси. Ако имате дома однесете. Јас пратив кашички. Има бебиња таму. Однесете и вода за бебиња.
     
    На daylight, Tinushka, Mari* и 8 други им се допаѓа ова.
  8. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.072
    Допаѓања:
    17.214
    Пол:
    Женски
    лелее највеќе ме страв од вакви работи, од се има спас мислам ама од вода нема, нека не чува господ сите и нека ни е на помош. многу ми е жал за загинатите, нека почиваат во мир. и нека нема повеќе поплави.
     
  9. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.500
    Пол:
    Женски
    Бог да ги прости починатите :(
    Дај Боже вакво време да не се повтори .
     
    На Petar80, Tinushka, crazylady и 2 други им се допаѓа ова.
  10. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    5.947
    Допаѓања:
    50.030
    Пол:
    Женски
    Страшно многу страшно од вода и огин нема спас. Кај нас откако знам за себе никогаш не е имало поплави се надевам дека нема да има ни тука ни низ цела Македонија. Дај Боже да нема повеќе вакви поплави.
    Бог да ги прости починатите :(
     
    На angelche16 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Да дадам малку удел. Не знам каква е инфраструктурата на Скопје, и колку ќе помогнала канализација во ублажување на состојбата. Во Велика Британија, славните дека нон стоп врне кај нас, во цела летна сезона средно земена сума е 200 литри дожд на метар квадратен. Во Скопје пола од таа сума падна за еден ден. Таа вода нема канализација што ќе а сопре. Не ги занемарувајте предупредувањата за невремето час. Ако сте на ниско или покрај вода качете се на угорнина кај роднини или пријатели. Куќи и покуќнини се градат, не се оставајте на ризик.
     
    На PaLaVa, larrachi, galapce и 14 други им се допаѓа ова.
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.577
    Проблем повеќе е што од силината на дождот не е само вода... носи дрва, гранки, ѓубре и таму кај што има каде да оди водата, се затнува.
     
    На Tinushka, Mari*, angelche16 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    47.812
    Пол:
    Женски
    Во поплавата 1962 немало жртви,а сега 50 и кусур години подоцна 20 човечки животи.:x
    И да не се меша политика?
    Ете колку се спремни градските власти и кризните штабови.
    Не ми се коментира...
     
    На kukla21, Tinushka, blackwave и 22 други им се допаѓа ова.
  14. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.564
    Пол:
    Женски
    Бидете среќни што Вардар не не поплави, туку само дождов.
    Татко ми ми има кажувано за таа поплава 1962 год, колкави дрва носел Вардар со себе и истите тие заглавиле на Камени и Нови мост, па на нив цело ѓубре се собрало, водата едвај течела измеѓу и ете ти потоп.. Они живееле кај Холидеј ин со години, се било утоп..
    Сега со сите мостови можам да замислам еден бор како би се протнал низ мостот на како и да се вика тој со статуетките:x
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.940
    Sekogas se molam Gospod da ne cuva od pozar I poplavi. Nema postrasno.
     
    На Petar80, koritsaki, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Па носел Вардар ама не ви кажале дека и од Треска вода пуштале и браната ќе пукнела, морале да го намалат притисокот и помала да биде штетата. Практично спремно и планирано била дочекана поплавата.

    Нејсе, не правете чичковски муабети, дајте нешто паметно да се преземе.
    Дечко ми на пункт е некаде. Татко ми отишол да волонтира.
    Мајка ми кука дома ми оди да ја кренам, ама паничар пушти.
    Јас имам работа, да довршам и искачам дур се може, дур не фати второ невреме.
     
    На kukla21, Tinushka, blackwave и 5 други им се допаѓа ова.
  17. mentol

    mentol Активен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2015
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Машки
    Дури се овие на власт че биди се полошо и полошо. Не организирана власт која да се најави невреме 24 часа пред невремето после невремето че кажат. ИЗННЕНАДЕНИ СМЕ ПОРАДИ НЕВРЕМЕТО
     
    На Rama, iloveyou29 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  18. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    9.191
    Катастрофа Господ нека ни е на помош,ако на некому му треба помош за вадење вода или било што,стојам на располагање(иако сум болен) ке помогнам како што Господ ми помага мене.

    Со сите сили луѓе со сета снага да помагаме онаму каде што треба и можеме.

    Чувајте се
     
    На Rama и mariatim им се допаѓа ова.
  19. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.500
    Пол:
    Женски
    Денес се користи истата канализација од 1962 година , само сега има згради на секој кош , и све е натрупано , и затната е целата канализација!
     
    На Petar80, PaLaVa, kukla21 и 5 други им се допаѓа ова.
  20. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.034
    Допаѓања:
    26.581
    Луѓе јас сакам да помогнам да дадам облека и вода.Ама не знам како,пошто не сум до Ск.
     
    На SAMIRA и okcenzi им се допаѓа ова.