Повеќе се доселиле него иселиле?!

Дискусија во 'Политика и настани' започната од DivineChaos, 22 јули 2011.

  1. DivineChaos

    DivineChaos Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    60
    НЕОЧЕКУВАНА СТАТИСТИКА
    Точно 11.635 лица се доселиле во Македонија во периодот од 2006 до 2010 година, што е трипати повеќе од 3.898 лица, колку што се иселиле од земјава во изминативе пет години.

    Само во минатата година во Македонија се доселиле 2.715 лица, меѓу кои најмногубројни биле доселениците од Турција (615), од Србија (552) и од Албанија (537). Од земјава лани се иселиле 1.007 лица, а најмногу од нив заминале во Италија, во САД и во Германија.

    Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека секоја година во периодот од 2006 до 2010 година, бројот на лица што се доселуваат во земјава е неколкукратно поголем од бројот на оние што се иселуваат. Меѓу доселениците доминираат странски државјани што се на привремен или на продолжен престој во земјава, а помал е бројот македонски државјани (303) што лани се доселиле во земјава, откако претходно престојувале во други држави. Најголем број доселеници се на возраст од 20 до 34 години, а речиси е еднаков бројот на машки и на женски доселеници.

    Дончо Герасимовски, статистичар и поранешен директор на Државниот завод за статистика, ваквите трендови на зголемување на бројот на доселеници го поврзува со регулирањето на статусот на странците со потекло од Македонија.
    - Ако се види етничката припадност на лицата што се водат како доселеници, може да се забележи дека голем дел од нив и припаѓа на некоја од етничките заедници во Македонија. Така, доколку станува збор за лица што живеат во странство, а кои се вратиле за да ги завршат процедурите за добивање македонско државјанство, сега во евиденцијата се јавуваат како доселеници-странци - вели Герасимовски.

    Тој не ја исклучува можноста бројот на доселеници да се зголемува и поради отворањето странски компании во земјава, кои по правило менаџерскиот тим го носат од матичните земји.

    Инаку, лани најмногу странски државјани се доселиле во Скопје (676), по што следуваат Битола (83), Охрид (61), Прилеп (52) и Тетово (50). Во текот на минатата година најмногу иселеници имало од Охрид (467), Тетово (103) и во Дебарца (50). Од вкупниот број отселени лица, најмногубројни се Македонците (545), по што следуваат иселениците-Албанци (272) и Турци (55). Во однос на училишната подготовка, лани најмногубројни биле иселениците со завршено средно образование (349), на второто место се иселениците со основно образование (160), а на третото место се иселениците со факултетско образование (68).

    Лани од земјава се отселиле и 8 магистри и 2 доктори на науки.

    http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDe ... anie=22337
     
  2. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.657
    Тие Турците половинта се млади студенти,кои дојдеа тука (Штип) да учат факултет. А од септември ќе дојдат уште 2 илјади.
     
  3. Masnoli01

    Masnoli01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    217
    Па ако погледаат Сител МТВ1 и други портокалови медиуми уште малце странциве ќе почнат на печалба да доаѓаат тука..............
     
    На crazyinlove19 и BoaVista им се допаѓа ова.
  4. loly89

    loly89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    74
    Па нормално некои од нив цел живот го поминале во странство печалеле сега кога ќе земат странска пензија и ооп назад кај нас ;)
     
  5. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    291
    пфф како не бе? Кој нормален што зима 1000 евра (пример) плата и плус уште два тројца од неговата фамилија би се доселил во Мк за плата од 100 евра (во трите месеца еднаш да земаш) едино ако се веке пензионери како дедо ми што направи таман доби решение си се врати во Ср и сега си ужива
     
  6. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.560
    Па можно е доколу станува збор за пензионери, Македонија е мало парче рај за оваа група - има природни убавини, за некој од страна трошоците може и не се така екстремни, понатаму замрената индустрија овозможува свеж воздух во изобилство, има идеални услови за бавење рекреативно со одгледување земјоделски култури или рекреативен риболов, кога ќе се додадат и програмите за бесплатен превоз и другите програми наменети за оваа група рекреирањето во бањи, олеснувања во здравство итн и јас на нивно место би ја избрала како фајнл дестинејшн!
     
    На kate21, JuLleE и zhap4e им се допаѓа ова.
  7. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.069
    Е не се пензионери де, изгледа на некој тренинг за survivor идат :D
     
    На Theodora, zhap4e и Zoza им се допаѓа ова.
  8. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    3.654
    Допаѓања:
    58.607
    Виц на денот, бре бре, таман ќе си легнував, мислев дека неубаво прочитав за што е темава. :rofl:

    Добро, убави се статистикиве, ако ги броеле иселениците само во тие три земји, тогаш да, 3000 лица се. :D Нека се доселуваат, немам против. Тешко на луѓето, ама ајде, си се тешам дека има и бетер од нас. Плус, не се доселуваат од некои јаки земји - Турција, Албанија и Србија. А тука а таму, иста ни е маката. За арно нека е. :D
     
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.277
    Допаѓања:
    5.150
    Не се доселени туку само доаѓаат и земаат МКД државјанство затоа што потоа земаат социјална помош. Знам еден албанец пола турска ја довлечка тука (роднини и пријатели кои имаат некакво си потекло од МКД) за да земат документи и си поднесоа фино лепо за социјална помош. Ова е хит од пролет па наваму, а да не зборувам со албанците кои оваа лето ,,дојдоа на одмор,, во МКД. Страшно!
     
  10. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    2.434
    Допаѓања:
    3.072
    Ако продолжиме економски да се развиваме (уствари, се развивме?) ќе имаме убав наплив од имигранти: индијци, виетнамци, кинези, африканци...полека полека ќе се заборават проблемите со малцинствата и ќе почне да се дискутира за имиграцијата.
     
  11. crtanfilm

    crtanfilm Нов член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    78
    Lele vistina e ova? smeski :D