1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Повлеченост во себе

Дискусија во 'Психологија' започната од maja8, 17 септември 2011.

  1. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Темава ја отварам бидејќи познавам една личност со овој проблем, на кој таа очигледно не гледа како на проблем, затоа што тоа е нејзин начин на живот :(

    Значи вака:

    Станува збор на девојка од 23 години.

    Порано не беше таква, но последниве неколку години многу е повлечена во себе, нема воопшто пријатели, не користи социјални мрежи на интернет, избегнува да зборува на телефон, избегнува да се дружи со луѓе и да комницира. Се запиша на факултет, но не го заврши. Само седи дома и ништо не прави.

    Знаејки за оваа ситуација јас и уште 2 другарки кои порано се дружевме со неа, решивме да пробаме да ја извлечеме од таквиот начин на живот, за да биде се како порано, да се дружиме и да излегуваме. Но , некако не ни успева тоа.
    Таа едноставно НЕ САКА да го живее животот нормално како и сите ние. Јас и другарките направивме се што можевме, неколку пати отидовме кај неа да ја бараме да излеземе, и секогаш вика ЌЕ СЕ ДОГОВОРИМЕ друг пат !

    Веќе премногу се нервирам и незнам што да правам, ама многу ми е жал да гледам на некој како животот му поминува заробен во 4 ѕида, сакам да ја извлечам од таа заробеност за да ги искуси сите убавини кои ги нуди животот. За неа времето не работи... застанало пред неколку години :(

    Што мислите дека се случува со неа? Особено ако има некој што студира психологија ќе бидам благодарна да ми даде мислење и совет.
     
  2. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Можно е да и се случило нешто што многу ја повредило. Неуспешна врска,домашни проблеми,можеби некој ја исмејувал и слично...

    Затоа сега го одбегнува светот,со цел истото да не и се повтори...
     
    На parfemlilav и LittlePinky им се допаѓа ова.
  3. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Па разговаравме и со нејзините родители... Секако не пред неа, но ни тие не знаат што е проблемот.
    И што мислите дека треба да се превземе? Мислам дека психијатар би помогнал, но како да и речам да оди ...
     
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    За жал, во ваква ситуација може да помогне само стручно лице.
    Итна посета на психијатар. Дали ќе ја натерате вие, или родителите, или ќе донесете стручно лице да разговара со неа во домот, останува на вас.
    Од опишанава ситуација, на девојката и се случила некоја траума.
    Низ мозокот ми поминуваат најлоши можни сценарија, напад, обид за силување или нешто слично :( , да се надевате само дека проблемот не е така сериозен.
    Можеби има домашни проблеми, финансиски, љубовни или се соочила со нешто лошо на факултет, како што спомена Маца.
    Останува на вас да направите се' во ваша моќ, за да и помогнете...
     
    На LittlePinky, FBI и maja8 им се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Па не ни можете да направите ништо се додека не побара соодветна психолошка помош.
    Мислам дека се работи за социјална фобија која се повеќе и повеќе млади ја имаат и е страшен тој факт.Штом одбива дружба,па дури и по социјални мрежи огромна е веројатноста да се работи за тоа,што најверојатно е проследена со доза на анксиозност,а можеби и депресија.
    Во секој случај,треба да поразговарате со неа отворено и да ја упатите на психолог. Не можете со муабет да ја охрабрите и поправите.

    Јас познавам една прекрасна личност која страда од истото.Преинтелигентна е,но се повлече во себе,сега е подобра,разговара со тие што и се поблиски,онака како што умее,а со нови или не толку блиски се повлекува,не знае што да каже или едноставно ќе тресне зелена и скроз ќе се обесхрабри за друг пат повторно да се најде во истото друштво...
     
    На maja8 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Сигурно девојкава има некое трауматично искуство од минатото, нешто што многу ја повредило па сега се плаши да не и се повтори. За жал, и јас познавам неколку вакви личности... Навистина е тешко.
    Се разбира дека треба да побара стручна помош, и тоа што побрзо. И ти обидувај се по малку да се зближуваш со неа, но не претерувај.
    Мислам дека се ќе биде во ред, само таа треба да сака да ја надмине оваа состојба, и да верува во себе дека ќе успее.
     
    На maja8 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Знам точно како ти е, затоа и јас го имам истиот проблем со моја другарка. Буквално те руши тоа што не можешд да му помогнеш на некој што ти значи, или што е уште полошо ни тој не сфаќа или признава дека му треба помош.

    Искрено, според мене кај нас праксата за посета на психолог не е многу развиена и се уште има предрасуди на таа тема. Имам другарка која студира психологија и баш заедно зборевме на темава но не дојдовме до никаков заклучок. Пробавме повеќе пати да зборуваме со девојчето ама таа едноставно не сака да се отвори.

    Според мене можеби треба да се даде простор таа сама да размисли за работите. Затоа што колку и да се трудат сите додека таа не реши да направи некои промени се е залудно. И да одмкнеш некого со сила на психијатар ако тој одбива да му се помогне нема да има голем напредок.
     
  8. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    МИло ми е што најдов некој со истиот проблем.. Ама па колку простор да и се даде... не се во прашање неколку дена или месеци... Туку неколку години. Ама јас нема да се откажам, ваљда ќе успеам некој ден да го постигнам тоа што сакам.
     
  9. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Ако најдеш решение, те молам кажи ми :D

    Имам поминато толку саати по телефон обидувајќи се да ја убедам да излезе, и 90% било неуспешно. Не можам да сфатам зошто, знаеш. За 5 години што се дружиме ниту еднаш не сакала да дојде во дискотека на пример, ете ќе речеш ќе играш ќе се опуштиш. Млади сме, ако не правиме глупости сега кога. Таа не сака ни да помириса алкохол, а за дечко да не праиме муабет. А што е најтрагично не е дека не им се допаднала на луѓето, едноставно таа сама ги одбива.
     
  10. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Ако најдам решение ќе ти кажам :)

    Инаку исто ама баш исто и оваа мојава се однесува. Ех да имавме шанса да ги здружиме :)
     
  11. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Можеби малку себично од моја страна ама таа девојка има ли родители? Зар тие не гледаат што се случува со нивното девојче.
    Тоа е сигурно последица од некој стрес, факт е дека и треба стручна помош ама зависи само од неа колку таа сака да си помогне самата себе си
     
  12. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Најверојатно има клиничка депресија, а таа најчесто се случува во апатични периоди од животот...

    Незнам... нека оди напрвин на психолог...
     
  13. iamwhoiam

    iamwhoiam Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    А зошто мислите дека има депресија или социофобија само затоа што е антисоцијална личност?
    Можеби не сака да биде во ваше друштво. Сте помислиле на тоа? Можеби ја интересираат други работи кои несака или неможе да ги прави со вас и едноставно сака да си биде оставена на мира и да си биде сама.
     
    На antilla и Antonija123 им се допаѓа ова.
  14. verica94

    verica94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    се е со причина..
    сигурно некој многу ја повредил па се осека празно и осамено..
    се надевам дека е само период и дека ке биде на подобро..
    ако сака да е сама остајте ја сама и праите полошо со сила ако ја терате...
     
  15. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    познавам 23 годишно момче, многу затворено во себе
    со студиите заглавен, сега пак се обидува да почне од почеток на друг факултет
    нема друштво, ниту девојка, компјутерските игри му се единствена занимација
    мислам дека е последица на домашните недоразбирања, и татковото алкохолозирање
    детство -катастрофа
    одбива да поразговара со стручно лице
    секогаш кога излегувам, го канам да дојде со мене но ме одбива
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  16. honesty

    honesty Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2011
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    296
    Ех, не може да и е до толку убаво дома да седи. Можеби не сака да оди по дискотеки и кафичи. Пробајте прво демек крукче низ маало на пола саат, па постепено и до подалеку, или запишете се на некој курс или аеробик, било каде за да се меша со луѓе... можеби и ќе запознае некого што ќе ја натера да мисли поинаку. А секако можеби и финансиите се проблем...(сето ова е од лично искуство).
     
  17. Stairways

    Stairways Активен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    A ако таа не сака да оди да го прави тоа што вие го правите, зошто не пробате да го правите она што таа го сака? Веројатно само не седи и гледа во sид, можеби гледа ТВ, или пак решава крстозборки или нешто... Значи ако успеете само така седите со неа повеќе време можеби ќе ви се отвори или малку по малку ќе се опушти, кажете и виц пробајте да ја насмеете, не можете одма да и пристапите со треба на психијатар да одиш како прво нема да појде,а како второ ќе мисли дека ја сметате за луда. Мислам дека вака би требало да постапите. :worried:
     
  18. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Морам да ти го прокоментирам мислењево, зашто ми личи на многу од ракав пишано и непроанализирано. До душа можеби од лично искуство кажуваш дека си избегнувала некои другарки, но најверојатно имаш други кои повеќе ти одговараат.
    Во овој случај не е така:
    Прво, би било логично да избегнува нечие друштво, ако сепак има други другарки- ама нема.
    Второ, и да не сакаш нечие друштво, за толку години ќе успееш да им дадеш до знаење.

    Во ваков турбулентен свет, кој сепак нуди многу можности за забава и комуникација, не може ништо да не ти биде интересно. Да не разговарам на мобилен???? Па, не можам ни да замислам.

    Маја8, дефинитивно е многу солидарно ова од ваша страна. На девојкава навистина и треба помош. Само што јас мислам дека таа не би ви се отворила на вас, за тоа што и се има случено.
    Можеби и траумата не била толку голема, можеби траела краток временски период, но сепак сега девојката поради тоа нејзино затварање, смета дека не е “доволно добра“ за да излегува во диско.....или пак се плаши од некое одбивање од околината.

    Не знам што е, но, можете и да се обидете со разговор на само....можеби ќе каже нешто, ако успеете да ја испровоцирате.
     
    На maja8 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. princesssss

    princesssss Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    5
    Немојте премногу брзо да реагирате и да се обидете да ја однесете во дискотека или кафуле. За почеток земете некоја добра комедија и појдете кај неа на кафе со предлог да го гледате. Ако и тоа го одбива, сепак нели ви е блиска другарка, па сами пуштете го филмот, смејте се, кажувајте скечови, гледајте си на кафе. Едноставно, ако таа никаде не оди, вие одете кај неа и обидувајте се да ја расположите. Јас имав сличен проблем со другарка, секако, не до толку далеку, меѓутоа не излегуваше навечер. Беше тешко за неа, за да може да има некој и да биде во врска. Проблемот го режив со тоа што и раскажував како сум си поминала, кого сум видела, што сум облекла, што сум пиела... На тој начин се јавува позитивна љубомора, така и другарка ми си рече ,,Јас можам да се облечам поубаво, па и јас слушам таква музика, и јас знам да се нашминкам,, и така почна еден пријателски натпревар, и сега сосема е подруга. Пробајте и вие, можеби не и одговара нешто што вие правите , но, во почетокот правете го она што таа го прави. Можеби не сака да разговара за тој проблем, па не ја ни притискајте, правете се како да нема ништо и таа ќе се опушти, воопшто не ја притискајте, но, дајте и до знаење дека вие нема да ја оставите сама никогаш... Со среќа.
     
    На maja8 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Noname7

    Noname7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    2
    И јас сум ваква особа верувајте многу е тешко, сакам да комуницирам со другите ,но никако да си ја опустам душата, страв ми е да не ме повредат, страв ми е од се ,многу мала самодоверба имам ,по дечкото кој ме изневери 4 пати ,незнам каков муабет да правам, сакам да им дадам до знаење дека сум добра личност но го изгуб тоа чуство ,немам осет со лугето ...а не бев порано таква
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.