Поврат на средства за платен производ преку банка

Дискусија во 'Правни совети' започната од ThiccFit, 11 мај 2025.

  1. ThiccFit

    ThiccFit Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2023
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    294
    Пол:
    Женски
    Здраво,

    Бидејќи не можев да се снајдам по темите, извинете однапред ако ја повтарам темава и прашањево.

    Накратко, ситуацијата, и ваша помош што може да биде проблем и потенцијална солуција.

    Купен е производ пред повеќе од месец дена, кој допра требаше да стигне во Македонија. Ветено беше дека ќе стигне за недела дена, потоа станаа две недели, и на крај стана неизвесно бидејќи увозникот од странство имал проблем со транспортот.

    Одлучив да ги побарам парите назад, ја дадов фискалната, направи овој сторнирање и рече демек со стопанска нешто имало проблем, не можеше да се автоматски да ги врати парите на картичката.

    Од банка рекле дека причината е шо поминало повеќе време, и мора лично да иде у филијала и да поднесе писмен захтев за рефундација. Наводно му послале формулар од банка, и он попунил и отишол.

    Наводно.

    Продавачов вика дека банката не можела да му каже кога ќе стигнат пие пари назад. Сметката ми е на Нејтив Тимс, и они често знаат да бараат конфирмација дека се пуштени средствата, за да ми ги дозволат да легнат на сметка. Не знам дали се изразив исправно.

    Ама ја колку шо знам, мора да може да даде доказ дека се пуштени парите или некаква конфирмација дека уплатата е извршена. Секоја банка го има тоа.

    Човекот од некоја причина одбива да ми достави конфирмација, поминаа скоро два месеци, каде се пријавува ова шарлатанско однесување? Дали да се обратам до Пазарна инспекција?