Повторно се гледам со бившиот

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од sani002, 16 февруари 2011.

  1. sani002

    sani002 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Вака.. здраво на сите на форумов јас сум нова и имам една голема молба до сиет вас што можете да ми дадете совети. ситоацијата се работи за тоа дека пред 1 недела почнав повторно да се гледам со еден бивши.ни тргна се убаво само и тој самиот ми призна дека сеуште ја сака неговата бивша со која одел 4 години но вели дека никогаш нема да и се врати. можам да кажам дека од мене бара нешто повеке од само гледање (под гледање подразбирам бакнежи и допирања). не сакам да го изгубам но сепак и не сакам да му дадам нешто повеке бидејки можам да кажам дека се мотаме само 1 недела а ниту сме во врска ниту во нешто по озбилно. ве молам помагајте ми некој совет ако може што да направам само за да не го изгубам... фала однапред
     
  2. Idiotka90

    Idiotka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    35
    Ја сака бившата сеуште и ти и понатаму сакаш да останеш со него??? Мислам дека треба да се обидеш да се тргнеш од него и да го заборавиш. Џабе ти е некој физички да е со тебе а со мислите кај друга.
     
  3. k.i.t.t.y

    k.i.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    74
    Штом ти признал дека ја сака бившата, тогаш не се замарај со него, најди си нов што ке те сака тебе :)
     
  4. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.835
    После 4 годишна врска, сака да те искористи за да се издува и толку. Не си дозволувај да му бидеш издувен вентил и батали го, затоа што ситуацијава е повеќе од јасна, плус човекот си бил искрен и ти кажал дека сака друга, а на тебе не гледа како на нешто сериозно. Спречи го додека имаш време.
     
  5. NotInLove88

    NotInLove88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    77
    Постои и причина зошто бил бивши и останал во минатото,никој не смее себе си да си дозволи да биде искористен за нечии себичнни намери (неговите -за да ја заборави неговата бивша со имањето на секс со тебе) ...Не си дозволувај нешто што однапред знаеш дека има краток век и за тебе само несреќа ке донесе......АНТИЦИПИРАНО РАЗМИСЛИ МАЛКУ и мислам дека самата во себе ке го најдеш одговорот...
     
    На Idiotka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mamba-Jamba

    Mamba-Jamba Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2010
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    23
    Дечково бил искрен и јасно ти дал до знаење дека ја сака бившата, а од тебе сака само секс.
    Размисли убаво, дали би ти било убаво да му се предадеш некому и телесно и духовно, а тој цело време да мисли на друга?!
     
  7. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.642
    Девојче паметот во глава и кажи му кога ќе ја заборави бившата да ти се јави . Нема смисла ти некому да му пружаш утеха после раскинување пред се чисто ради себе. Дечкото преку секс со тебе мисли дека ќе ја заборави полесно, но тебе тоа ти прави поголем проблем тој ако ја сака може да и се смири а ти тогаш ќе се чуствуваш искористена.
    Мој совет ти е да го откачиш за да не бидеш повредена, остави го некој подолг период поточно дај му време да ја заборави, па ако ви иде тогаш кога се ќе биде чисто помеѓу вас продолжете.
     
  8. sani002

    sani002 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Vi blagodaram za sovetite, veruvajte mi pomognaa mnogu i tokmu vcera probav da mu kazam deka ovaka nema da prodolzi nisto a najmalce pak da go dobie toa sto go saka, i toj mi veli "ti ne mi veruvaj deka jas so nea gi zavrsiv site raboti pred 4 meseci makar iako me progonuvaat mn raboti posle nea jas ke ti dokazam deka ti mene mi znacis mnogu i deka ne sakam da bidam so tebe od korist bidejki ako mi bese do toa bi se obratil na mn licnosti koi sakale da bidat so mene dodeka sum sega so tebe" .. i jas mu rekov "dokazi mi a ako jas ti poveruvam ke pocnime od dobar pocetok" i toj se slozi ... sto mislite vie dali toj ja zboruva vistinata ili povtorno nesto me laze/
    [mod-kirilica:15vkee6z][/mod-kirilica:15vkee6z]
     
  9. Astrid

    Astrid Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    23
    Ако мислиш дека на некој можеш да му бидеш САМО рамо за плачење...продолжи со него, но мој совет, остави го нека олади, и кога ќе ја подзаборави бившата, дај му шанса, ако мислиш дека вреди. Но моментално тој имал храброст да биде со тебе и да ти вели дека ја сака бившата тоа значи дека тој сака да биде на јасно со тебе и ти да имаш на ум дека ти не си ТАА со која тој вистински сака да биде. Не дозволувај му да ужива во тебе додека да го побара бившата.... 4 години врска не е кратка и тој не може нејзе да ја заборави за еден ден, месец, но, пак ќе кажам, штом ти признава дека ЈА САКА ( читај: сака да биде со неа, а не со тебе) тој нема намера да ја заборави. :!:
     
  10. Vik-to-ri-Ja

    Vik-to-ri-Ja Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    мислам дека треба да го заборавиш .... сепак јасно ти кажал дека ја сака бившата ... кратко сте заедно а сака нешто повеке хмммм какво однесување доколку вели дека не мисли да и се врати на бившата треба заедно да одлучите дали ке сотанете или не ..... сепак мислам дека треба да го ставиш на местото каде што бил до сега ... и да остане само БИВШИ
    позз
     
  11. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.872
    Па ако ти е тебе дојдено до интимност со него - фурај и ич не му ја мисли. Чувствата и ти да си ги избришеш.
     
  12. Love165

    Love165 Активен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2016
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Вака се смиривме со бившиот ама онака излагаме по кафиња збориме по социјални мрежи ама не она 24/7 се мувавме неколку пати али не му дозволив се..И прерходниот пат зазборевме за смирување и он јасно ми кажа дека не сака женска да има..И ја као не сакам дечко сега а сакам да се смириме пак заедно да бидеме буквално функционираме како дечко и девојка ама он вика несакам да бидеме у врска...Дали да продолжам да се гледам или да прекинам? Зошто сакам да се борам да се потрудам да му го сменам мислењето да бидеме во врска пак ама незнам како..Многу сум збунета хело плис
     
  13. Justicija

    Justicija Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    3.434
    Допаѓања:
    13.637
    Пол:
    Женски
    Си свршила работа што си дошла до бившиот ... Знаеш некои работи колку и да сакаме да ги исправиме , неможиме да ги исправиме .... Замарање за бившиот е само губење време ...
    Можеби не сум достојна да кажувам за бивши , но верувај дека добиен совет од паталец е совет кој стварно треба да го послушАш

    Поздрав
     
    На Плавуша123 и Love165 им се допаѓа ова.
  14. Love165

    Love165 Активен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2016
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Мислам дека вреди зошто поразличен е од другите.Може ќе се смени нешто имам многу надеж и несакам да ја изгубам
     
  15. Dadusicka

    Dadusicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    1.323
    Допаѓања:
    53.780
    Пол:
    Женски
    Е па тогаш што прашуваш за мислење штом си знаеш
     
    На Bitter-Sweet и Justicija им се допаѓа ова.
  16. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    969
    Пол:
    Женски
    Добро девојче тој ти кажал дека не сака врска со тебе. Кога машко каже не сака врска- навистина го мисли тоа. Не си прави филмови дека со тек на време ќе сака да биде во врска со тебе. Знам дека тоа сакаш да го добиеш. А и тоа што одите на кафе и пишувате на фб не значи дека ' буквално функционирате како дечко и девојка'. Знам дека и самата знаеш што навистина сака од тебе, ама не си признаваш. Но, во едно сум сигурна- кој што и да ти каже ти секако ќе продолжиш со него. Ама ќе се научиш од сопствените грешки, само после да не кажеш не си била предупредена. Како што кажа девојчето над мене- слушај паталец.
    Се најдобро. :sun:
     
  17. Love165

    Love165 Активен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2016
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Во право си ја имав признаено ама со постапките негови поинаку ме тера да мислам или она што ја сакам да си го мислам можеби...Но денес ме однесе дома со мајка му седевме несакав са одам како ме домоле и бевме...Прво со мајка му и брат му муабетии таа знаеше за нас порано и се испорадува жената тој уште повеќе несакаше да ме пушти дома...Ми рече доволно ми е да те прегрнам да бидеш до мене секогаш ме гушна во чело и силно ме загрна..И сеа се збунив скроз ..Многу чудно прво нене сеа неможеше да се оддели од мене..Помешано ми е се