Цртаните филмови се нешто кое го одбележува нашето детство.Нема дете кое нема свој омилен цртан филм и лик.Но,всушност,дали сме се запрашале колку погрешни идеали за животот ни создаваат. 1.Физички изглед-Главните ликови се витки,згодни,со "совршени"лица,додека пак негативните се најчесто дебели,стари,со голем нос,уста,заби... 2.Љубовта е единствен идеал-Среќен крај значи убавата принцеза да се омажи за принцот. 3.Добрите секогаш победуваат-На крај секогаш се среќни позитивните ликови.Но во реалноста не е така.Пепелашка остануваше покорна на макеата и своите сестри,никогаш не се бореше за себе на крај пак успеа бидејќи имаше кој да и помогнете .Во реалноста мора да се бориме за себе и не смееме да дозволиме да не газат. Треба да се промениме за да не сакаат-Пепелашка го промени својот изглед за принцот,Ариел ја промени својата опашка во нозе-Сепак кој не сака ќе не сака какви и да сме,зарем не?
Дизни класиците се да, вакви, за голем жал. Ама други цртани немаат допирна точка со ова. Особено поновите цртани кои се борат против ваквите влијанија. Пример, мојот лично омилен Inside Out. Темата не е ни љубов, па да е романтична. Или пак Zootopia. Дури и Дизни почнува полека да се оттргнува од идеата на постоење на вакви погрешни слики во нивните цртани. Добар icebreaker беше Frozen шо му напрај големо фак ју на сите претходни Дизни филмови за кои имаш пишано во мислењето. Дури и негативецот е баш принц чарминг. Како и да е, Дизни класиците постоеја во друго време, во друго време се пишани, во сосем трето реализирани во цртан. Нормално дека некои работи сега ќе ги сметаме за лошо влијание или пак да не се совпаѓаат со денешните стандарди. Што е важно, има предобри цртани сега кои заслужуваат да бидат гледани со многу убави пораки: ментално здравје, важност на семејство, расизам, дека сите сме различни индивидуи итн.
Анимираните филмови имаат врска со психологијата на човекот.Кај кралот лав имам забележано дека на крај на филмот се вели ,,ние сме едно".Во психологијата тоа се вика его. Егото е тоа што ги дели луѓето и коешто има предрасуди. Ама во реалноста дали е така? Неможеш да немаш предрасуди кон некого и неможеш да му ја знаеш намерата на човекот. На крај испаѓа дека сме повредени, скршени итн. Не се сите луѓе цветчиња, за жал така е. Поради тоа мислам дека ова е изместена приказна.
Детската свест не е толку развиена за да може да донесе некаков заклучок, мислење, став или поента брз основа на она што го гледа во цртаните филмови. Што знае едно дете за љубовта на Ариел и нејзината жртва да се одели од водениот свет за да биде со саканиот, за страдањата на Снежана порасната без мајка или љубомората на стрикото на Симба која го остави сирак....
Не постои точна слика за животот, само прашање е кој го воспитува детето и му го креира светогледот, но кој и да бил тоа, детето кога ќе порасне секако ќе увиди невистини и ќе се разочара.