Ја пребарав цела категорија и не најдов соодветна тема во која можам да пишам. Се се сведува на негативизам (љубомора меѓу колешки, неправди, мобинг на работно место)... кај мене ситуацијава е следна - поради унапредување заминувам од фирма во која бев како претпоставена. Сега ми требаат предлози што да им купам да им остане онака од мене, за сеќавање... Слики веднаш да кажам дека отпаѓаат, цела канцеларија ни е полна со заеднички од прослави и слични собиранки. Ви благодарам однапред
Персонализирани нотеси може. Сигурно некој изработува по желба на клиентот, прогуглај секако ќе најдеш нешто. Спојлер: Пример http://www.preplet.mk/thematic-notebooks-5/dnevnik-za-kade-i-da-odam
Зависи колку луѓе сте во фирмата и дали сте сите жени, мажи или мешано и на која возраст се повеќето... Ако се помалку од 10, може нешто "побогато" да изнакупиш, ама ако се повеќе од 20 лица да речеме може да одиш со приверзоци или нешто слично. Некој пред мене спомна Преплет, навистина имаат кул персонализирани ствари, од престилки за готвење, шољи, приверзоци, тефтерчиња, подметнувачи, магнети .... што ли не! За пример ќе наведам дека секоја година кај мене на работа играме Secret Santa, со договор да не ја надминуваме сумата од 500 денари. Во рамки на тој буџет правев мини пакетчиња: првата година -тегличка со лак за нокти, молив за усни, кармин и турпија; втората година мало кутивче со персонализирана шоља за чај, а со преостанатите пари изнакупив 3во1 кафиња разноразни; последнава нова година купив убава марама и направив комплет обетки со ланче;
Браво за вас како колеги. И за тоа треба да се сложувате и без „извртоперени“ фаци да се договарате...Кај мене сме голем колектив и мислам дека вакво нешто никад не би профункционирало... На темата, јас сум за гравирани шољи, привезоци, нотеси...нешто во тој стил. (секако зависи што работите)...
Направи им азбука и крсти ја некако измисли некое креативно име слично на alphabet of our work together или така нешто за наслов и тефтерче некое со секоја буква посебен лист и лепи смајлиња цртај глупости да изгледа убаво и секоја буква ќе си ја пишеш со текст на нешто што те потсеќа на нив или сте поминале заедно. Пример прва А - Александар, колегата кој ги слушаше моите љубовни жалопојки и тн и тн ќе си измислиш. В-Винарска визба Лозар (ова лупам глупости) местото каде беше нашето прво пијанство и ќе си редиш до Ш работи што ви се заеднички, смешно нека биде и ќе ги потсеќа и на тебе и на се што сте поминале... Ќе си го направиш таму и со слики со се.