Најважен и најголем подарок за родителите е породувањето да помине во најдобар ред и бебето да се роди живо и здраво. Кај нас постојат некои обичаи дека таткото треба да и купи подарок на мајката за породување. Тие обичаи и ден денес се почитуваат и повеќето мажи и подаруваат нешто вредно на својата сопруга, додека некои мажи сметаат дека тоа не е потребно и не подаруваат ништо. Дали вашите мажи ви подарија нешто кога се породивте? Дали сметате дека заслужено жената треба да добие подарок или пак дека тоа се џабе фрлени пари?
Во Америка познат како push present, на целиот трошок со бебешката опрема и облека малку претерано ми изгледа, ама нели секој според можностите. Јас не добив и не сум побарала таков подарок, инаку која жена не сака да добие подарок нели доволен подарок ми беше пораѓајот во приватна болница кој ми го намали стравот и ми донесе три дена поддршка и нега кои многу ми значеа да застанам на нозе.
Убав гест е, и мислам дека секоја жена треба да добие. Што не значи дека треба да биде со некоја астрономска сума, битно е вниманието. Јас добив од мм и многу ми значи тоа
Не добив никакви подароци, ни со првото, ни со второто. Доволно ми беше вниманието и грижата што ги имам од сопругот во секое време. Никогаш не сум ни размислувала на оваа тема, ниту пак во моја околина знам за жени што добивале подароци од сопрузите по повод раѓањето на бебето, па ми падна чудно кога слушнав дека има и вакво нешто. Секако, кој како си милува нека прави
Конкретно, кога се породував, не. Глава не знаевме каде ни е, а и он без детален опис на поклонот тешко дека би би се пуштил во шопинг. Покасно следеше симболично означување на некои поклони дека се за породувањето.
Јас добив орбитрек за подарок Е сега после една недела од породувањето ми беше и роденден, така да беше два во едно Оддамна зборевме дека ни е потребен орбитрек дома, па ова искочи баш во тој момент,таман да поработам на килограмите
На една што роди со мене, во икебаната што и ја прати маж и имаше кутивче со златен прстен. И таа целата беше наредена со злато. Јас не сакав, нема потреба од такви церемонии.
Маж ми еднаш рече за секое дете прстен, му велам- спреми си го новчаникот тогаш наравно на шала. Искрено мислам дека поводот е малце смешен. работава -еве дека роди (заслужи) повели. подобро било кој друг ден неголи тој ден.. онака, без ваква смешна причина.
Не добив ништо, ме праша што сакам да ми купи , реков ништо запнат беше огромно мече да донесе, не му дадов , викам ке ми го носиш да ми стои во болница па после дома ке го носам Јас после си купив се што сакав кога се подоправив
нашата традиција вели на црвена лента златни пари и ко венче на глава кај леунката (мислам така се викаше ако грешам нека ме поправи некој) мене ми е смешно.
имаше некаде гледав по нетов една така накитена, тазе породена во Систина... а причава мајка ми ми ја кажа
Ееее кај нас во комшии какви уки буки имаше за оваа Жената си посака поклон златен ланец а ваму се нема финасии па ајде кавги со маж со свекрв аи свекор ке ми купите и крај Е тоа е тоа нашето како сите така и ја сакам и крај
И јас не знаев за ова, а сигурно ни мм не знае . Реално мислам и дека нема потреба од таков подарок. А и зошто он да ми купи подарок? И така двајцата ќе си го добиеме најголемиот подарок, дар од Бога, а друго нема потреба. Мене ќе ми е најголем подарок од мм да биде цело време покрај нас. Секако можеби ќе купи мече или балони, благо... некои такви дребулии, ама тоа за бебето би било, и сигурно ќе сака да го почасти секој што ќе му текне/ го види, и познат и непознат
Ова нели е од турските филмови. Јас се мислам дека ваква сцена имам начекано на турски филм. Убав гест е од сопругот ама секој со можностите и сфаќањата. Јас не ни знаев дека се купува нешто. Маж ми oдамна уз еден муабет спомна за поклон кога би имале дете, си зацртал нешто човекот Одпосле дознав дека купувале мажите, традиција некоја.