До сега нико не отвори ваква тема... Ајде малку да продискутираме за овој вид контрацепција... да споделиме некое искуство.
Ај ве молам информации повеќе на темава. Како се прави, кога и каде? Што треба да се направи (упат, тестови...) Дали би се одлучиле на вакво нешто и колку е подобро во споредба со спирала? Тенх
Ова нешто како “женска вазектомија“ му доаѓа... Можеби ќе имате обврска помалку да купувате кондоми и/или контрацептивни пилули, но постои и ризик од вонматерична бременост, така што ако веќе се нафаќате, осигурајте се дека тоа го правите кај професионалец. Јас попрво би земала кондом и така се заштитувам последниве години. Не би ги мешала коцките на мозаикот, моето тело е така створено со причина и со функција. Зборувам за личен став, а и страв а не за нешто научно докажано. На доволно храбрите од друга страна пак, им посакувам среќа.
Некоја да знае или можеби има ставено спирала која нуди само механичка заштита од бременост, односно без хормонска ај да ја наречам!
Сакам да споделиме мисленје и искуства на оваа тема.дали сте размислувале за овој чекор и дали некој знае кои се негативностите.јас сум бремена со трето дете и ова ке ми биди трети царски.боже здравје да биде се во ред и да ми се оствари желбата за три деца но не би сакала повеке од три а најмногу поради тоа што секоја следна бременост би била високо ризична и размислувам за подврзуванје на јајниците но не сум доволно информирана ке ве молам доколку има ваков случај да го сподели
Според мене ова е најдобриот начин за заштита од несакана бременост. Нема нус појави како при примањето орална контрацепција која содржи хормони ниту го има ризикот што го има поставувањето на спиралата како едно од средствата за контрацепција. Мислам дека многу поефикасно, информираноста за овој метод би влијаела на намалување на бројот на абортуси, него било која кампања водена до сега против абортусот. Подврзувањето може да се изведе или при пораѓај или со лапароскопска операција. Е ама според некои статистики кај 1% од жените методот се покажал како несоодветен затоа наместо подврзуваање се препорачува целосно отстранување на јајцеводите доколку жената нема во план да роди друго дете.
Во последно време често читам за овој вид на контрацепција, паралелно со везектомија кај мажите. Сакав да се информирам за про и контра кај двете. Мислам дека кај оние кој се породуваат со царски рез прилично непроблематично, во текот на истиот, може да биде извршено и подврзувањето. Најчесто кај оние кои имаат расчистено со одлуката дека немамповеќе да раѓаат. Процентуално најзастапени после третото дете. Штета што не може при природен пораѓај, две во едно, да не мора ексѕра интервенција. Мене ми е за психолошкиот момент. Свесно да се откажам од идејата да немам деца во иднина. Иако читав дека може да се поврати функционалноста со втор зафат за одврзување, и кај голем број повторно да дојде до бременост...сепак. Се плашам дека таква одлука би ми преставувала психолошки товар, не олеснување.
За методава имам читано, но не бев знаела колку е користена кај нас, се изведува, колку некој има храброст за изведување на истата. Но се изненадив кога цимерката од Клиника вечерта пред царскиот ми сподели дека ќе го прави истото. Трето бебче и беше, па одлуката паднала покрај царскиот рез да направи и подврзување. Онака храбро и одлучно делуваше, цврсто беше на ставот дека повеќе не сака дечиња. Јас се препотив само што ми текна на истото што и претставува и на @danichap блокада да би го направила истото можеби во иднина. Пробав одоколу и да ја разубедам во одлуката, со тоа што и потенцирав дека е многу млада за таква одлука, дали размислила дека никогаш не знаеме утре што носи животот, на шала потенцирајќи дека четвртото ќе и е девојче.. многу дрско од моја страна признавам!
А зошто не би можела жена после тубектомија да има деца? Може ама не по природен пат. Не ги вадат јајниците, не ја вадат матката. Има жени и кај кои ради медицински причини се извадени јајцеводите се со цел поголеми шанси за успешно ин-витро. Па и кога можат жени со непроодни јајцеводи да имаат деца зошто не и тие со подврзани.
За методава дознав на една емисија, реално шоу мислам дека беше, водителката кажа дека ги подврзала јајцеводите. Одамна беше тоа, сум заборавила дури, ја видов темава и ми текна на оваа опција. Убаво објаснила @Sesil , можност за бременост има и по оваа постапка. Оваа постапка е најдобро решение по раѓање на трето дете, особено ако сите три деца се родени со царски, од причина што четврта бременост би била премногу ризична, и телото не би можело да поднесе уште еден царски рез. Доколку мажот направи везектомија, решението е трајно, па нема опција "пу пу", не се важи. Ама ако жената ги подврзе јајниците, има опции повторно да остане бремена, па ова изгледа како идеално решение. Јас би сакала да имам две деца. Трето - можеби, ама мислам дека не би имала храброст. Прво поради промените во бременоста, второ поради обврските и вниманието кое го бараат децата, трето - од финансиски причини. Во случај кога би имала едно дете, а втора бременост близнаци, речиси сум сигурна дека би направила подврзување на јајцеводите. Кога ке размислам подобро, доколку родам со царски, би се одлучила за оваа постапка и по второ дете. Но, ова го пишувам од овој аспект, можеби ке го сменам мислењето во иднина. Спојлер Да дообјаснам, учесниците требаше да откријат тајна на партнерот, и таа даде пример. Откако го родила син и', таа ги поврзала јајцеводите бидејќи била сигурна дека не сака да има второ дете. Тоа всушност беше тајната која ја открила на вториот сопруг.
Секако дека таа опција е секогаш на располагање. Како што кажав, повеќе е некоја психолошка блокада, не и реална и нерешлива пречка. Конкретно, зборував за ситуација кога брачните партнето веќе имаат три деца, па едноставноста и спонтаноста во одлуката да се стане повторно родител не би постоела. Па таа повторна процедура на одврзување или ин витро би ме одвратила од првичната помисла, во стил дали би имала сили... Колку што знам има неколку начини на изведување ма оваа процедура. Клучно е да се зачува медицинското досие со текот и начинот на изведување на истата, па во случај ма премислување докторот кој ќе го избрши вториот зафат да има добар увид во сите детали. Конкретно, јас викам да бевме помлади, би сакала уште едно, по 4-5 години, таман овие да опркнат. Но имајќи го предвид ритамот во кој живееме и силите/времето кои е потребно да им го посветиме на трите, не верувам дека би ја остварила таа желба. По 4-5 год не би имала сили најверојатно... Колку и да викам не би ме би.... пак не можам толку едноставно да донесам таква одлука.
Вчера разговарав со гинекологот на оваа тема. Ме предомисли некако... Рече кај мажите е поефтино(што во случајов не е одлучувачки фактор), поедноставна интервенција и со помала веројатност за компликации. Дека единствен проблем било што кај мажите психолошкиот момент е поприсутен, па не се одлучуваат на стерилизација, но од медицински аспект он попрво би препорачал кај маж.
Како што предходно пишав, со матичниот гинеколог разговаравме за оваа опција па истото го нотираше во мајчината книшка. Кога завршив на итен царски, докторите веднаш ме прашаа дали да извршат стерилизација. Реков да, са извршат подврзување на јајниците. Нивниот одговор беше дека не е воопшто сигурен метод и најдобро се да ми извадат. Како што бев од памет извадена дека завршив на итен царски, уште тоа ми фалеше. Одма им реков не се важи тоа што пишувал гинекологот, да не ме чепкаат. На среде царски уште два пати препрашав и кажав да не ми вадат ништо.
@danichap денес дури бев на преглед бабицата ми го предложи истово,но ми рече дека не подвзувале овде туку ги сечеле за воопшто да нема матката контакт со јајниците.Ми спомна дека бременост после тоа не е можна воопшто ама дека сепак ќе имам мензис,само можно е да имам исто така поболна овулација. Како е можно да имам менструација а да не можам да забременам? Збунета сум ептен
Хормоните ја припремаат матката за бременост, меѓутоа бидејќи јајцеводите се прекинати, сперматозоидите не можат да дојдат до јајце клетката да ја оплодат, не доаѓа до бременост, па жолтото тело се распаѓа, престанува лачењето на естроген и прогестерон, заради тоа почнува љуштењето на ендометриумот, т.е добиваш менструација.
Здраво ја сум нова овде, баш ми е мило што сум дел од Фемина Засегната сум од ова прашање и затоа првин овде коментирам. Значи вака, се работи за следново: Имам 3 дечиња но 4 царски реза. Едно детенце за жал не е веке со нас... На четвртата бременост направив стерилизација. Меѓутоа јас и не сакав баш... ми дадоа документ да потпишам дека ризично е веке да раѓам па морало така да биде итн... Но, еве сега после година дена јас толку многу се предомислувам што дури ми стана преокупација тоа дека веќе нема да можам да раѓам.. психички ме уништува. Сакаме деца со сопругот и посебно после едното губење на бебето, сега секое следно ни е све со потресувања а тек па замислете самата помисла дека неможам веќе никогаш да родам дете. Ме интересира дали некој знае дали оваа постапка со подврзувањето може да се риверсира? Дали може да ги одврзам и како би се одвивало тоа дали е пак со зафат со успивања и сл..? Би сакала утре задутре бар уште едно детенце. Све машки имам копнеам за едно девојче. Благорадам на одговорите