Здраво, доколку темава не е соодветна ве молам да ја избришете... Значи, дилемата и потребата ми е за колку што е можно повеќе да си олеснам околу транспортот на месо за спремање ручек на одмор... Кое месо во каква состојба највеќе ќе издржи неколку дена ( да се пренесе во рачно фриждерче секако), дали да биде претходно спремано и на каков начин? Ве молам за совет затоа што сакам разнолико мевце да носам за секој ден да ни е различен... Фала!
Може ќе ти одговорат некои други членки што имаат такво искуство. Но, вака најдобронамерно јас да сум на твое место не би се осмелила на ова топло време да носам месо во некое рачно фрижидерче, зашто месо лесно се расипува, лесно човек може да се испотруе...
Обарено во тегло вакумирано. - Да се надополнам, не знам какво месо и колку време стои. Не сум носела. На сестра ми на факултет и праќаа во тегло вакумирано. Мислам дека свинско, пилешко телешко немаат проблем на ваков начин погдотвени.
Јас си спремам маџички и варено месо пред одмор, се поделено во кесички за замрзнување за секој ручек, и ги носам така замрзнати во фрижидерче. Обично патуваме по 6-7 часа, после ги префлам таму во замрзнувач, и секој ден одмрзнувам по една ќесичка за ручек за ќерката. Дури и за дома спремам месо за неа на помали парчиња и го замрзнувам и по потреба си вадам за да и направам ручек. Свежо или само варено месо (незамрзнато) не ти препорачувам да носиш по жештиниве. Ако толку сакаш свежо, купи си таму кај што ќе одите.
На граница имаат право да ти фрлат се што е над одредена количина што не е спакувано фабрички со декларација. Дали ќе приметат или проверат што носиш е друг муабет, ама ако сакаат, можат.
Исто и јас сум правела. И до ден денес знам за дома за ручеците, да го сварам целото месо и да замрзнам сосе водата во кое се варело порции колку што ми требаат за еден оброк, па по потреба правам манџи од нив. За одмор сум носела во фрижидерче со патрони претходно замрзнато варено месо сосе водата, во пластични кутии и стоеле како патрони и тие.. Зеленчук не практикував, тој брзо се одмрзнува. Пат од 4 часа во просек не е проблем, нема ништо да се одмрзне во фрижидерчето. Да бидам искрена, толку ми се има здосадено сета таа подготовка, сега кога децата ми пораснаа веќе не го правам тоа. Кога беа помали морав.. Дури мислам дека тоа е и една од причините зошто сменивме и дестинација за одмор, односно почнавме почесто во Црна Гора да одиме наместо во Грција. Во Грција храната ми е далеку поскапа, ресторантска храна за 4-ца уште поскапа... Во Црна Гора месото е преубаво, навистина свежо и вкусно, и поефтино е од нашето. Ништо не носам храна по пат и многу големо олеснување ми е. Цените на храната во маркет се како кај нас, а во рестораните покрај брегот има за сечиј џеб, има и поскапо, нормално, ама има и поефтино. Можеш да јадеш прекрасна храна поефтино одколку покрај Охридско Езеро на пр. Е патот е 6-8 часа, зависи до кое место се патува, ама убави се патиштата во Косово и Албанија... има и попатни станици каде може да се паузира, јаде, пие.. Едит: никогаш не ми фрлиле ништо на граница со Грција а имаат отварано гепек во кој сум носела свеж зеленчук Смешки сме биле, лелеее
Ако не патуваш долго, замрзнато од дома со патрони во рачен фрижидер мислам дека издржи и нема да имаш проблем. Конкретно месо за готвење не сум носела пошто на одмор никад не сум сакала да готвам ама вакумирано сувомеснато и млечни производи колку за сендвич на плажа така сме носеле. На граница нит некој ми отварал ѓепек нит ме проверувал што носам.
Во 2017 беше и објавено на вести, повели линк https://sitel.com.mk/carinarnicite-...nje-eve-shto-mozhe-da-prenesete-preku-granica И оваа година имаше нешто слично на почетокот. Сега незнам како е.
А бе види ако не ти се случило незначи дека неважи. Законот си постои еве го и на страната на ЕУ читај го делот за патување на нерезиденти. https://www.google.com/amp/s/europa...ravel/carry/meat-dairy-animal/indexamp_en.htm
Зашто идете на одмор ако треба и таму да сте у кујна од сабајле да готвите? Ај тоа ви си знаете, ама пренос на месо и млечни производи (сирење) и те како ке ви фрлат на граница. Ние што си идеме два пати годишно едвај една тегла ајвар ке пренесеме, за сирење наше може да сањам само. Јас не би се одлучила да пренесувам месо поготово не за неколку дена одмор, реално ке се снајдете за тие 7 дена што да јадете.
Има логика само ако одиш со бебе, особено ако ти одбива купечки кашички, а и не може да јаде само тоа цело време. Според мене нема потреба месо да се пренесува, топло е секако, не ни можеш којзнае колку месо да јадеш. Ако човек сака да заштеди, попрво би зела суви спакувани работи, на пример палента, тестенини (сега ги има и поздрави - леќа, хељда итн), овес, булгур. Евентуално нешто конзервирано, туна и слично. Таму ќе купиш некое сиренце, и некои додатоци, ќе поминеш за 7 дена. Со инстант работи можат да пројдат и повеќе луѓе и да не си заглавен во кујна кога веќе си отишол на одмор. Плус ризик е 4 саата пат, па и 2 саата на граница чекање може да фати, месо на тие температури во кола искрено и ризик ми е. Подобро да се земе од Лидл нешто свежо или слично каде цените не се драстично повисоки. А па неколку дена да чуваш месо во мало фрижидерче како што е пишано во воведот на темата ми е стварно премногу.
Главно да ти е замрзнато, може да ти е неспремено, па таму да си го направиш, а можеш и готово да ти е само да одмрзнеш таму. Во фрижидерче, со патрони, плус замрзнато, нема гајле неколку саати, кога ќе стигнете ќе го ставиш веднаш во замрзнувач во фрижидер. Направи си план што ќе јадете секој ден, за да носиш точно онолку колку и што ти треба. За на граница, секогаш е ризик и може да ти фрлат, но реално ретко се случува тоа, горе долу не проверуваат гепек, а и да отворат да видат, прогледуваат низ прсти и не прават проблеми најчесто.
Ако планираш да готвиш, подобро купи месо од местото кај што ќе одите. Штом спомнуваш рачно фрижидерче, претпоставувам ќе одите некаде со кола: Грција, Албанија, Црна Гора или Бугарија како најблиски до нас. Има ефтини маркети во овие држави, подобро купи си да не те боли глава, отколку со саати да го мислиш месото во фрижидерче. Тие фрижидери се повеќе наменети како за пијачка или некоја ситница ептен од храна, како на пример чоколатце некое да не се истопи, барем според мене. Гледам погоре полемики за границите и да, не е легално да пренесуваш месо од дома направено во друга држава. Треба декларација да има на него како оние пакувањата што ги купуваме во маркет. Ако досега сте носеле и не сте имале проблем, не значи дека е правилно. Зашто да ризикуваш и да си направиш проблеми, кога можеш да пазариш таму кај шо ќе одиш и чао пријатно.
Каде и да одиш на одмор месото е поефтино од овде. Уште од годините кога сме купувале - пр. во Грција е било иста цена. Не ти се исплаќа розикот.
Ако баш сакаш да носиш, свинска, телешка или јунешка кртина можеш да ставиш во тегли и да ги свариш. Ама сметај дека 3-5 часа треба да се варат во зависност од месото. Стојат и над 1 година така во тегла без проблем. Меленото така во тегла мене не ми е убаво, може за мусака евентуално ама не ми е убаво.. Пилешки стек/обескостен батак исто во тегла се става ама теглата се полни со пилешка супа бидејќи не пушта ништо стекот. Замрзнати ако ги носиш во фрижидерче немаш проблем, а на граница треба да си ептен малер да те застанат за 3-4 кила месо.. Колку и би носела.. Во тегла можеш да вакумираш и готови манџички.. Ќебапи и мелено повеќе од 2 дена незамрзнати (но во фрижидер/че) не чувај. Тоа ако ептен сакаш да носиш.. Иако кај и да одиш нема многу да заштедиш со тоа што ќе носиш месо од тука.