Вработени и невработени: дали спремате од вечер што ќе облечете наредниот ден, комбинирате или едноставно нафрлате нешто на себе сабајлето? Што ви е полесно?
Не. Пеглам сабајле. Моментна инспирација и занес. Од кај да знам како ќе бидам расположена сабајле?! Тоа одзема време,пред спиење си посветувам време за друга надградба,а не на фасада,мајке ми.
...интересна тема....иако не сум вработена сепак сум одам во школо (средно сум ) никогаш не спремам што ке носам,сабајле кога ке станам кога ке го отворам шифоњерот прво што ке го погледнам го облекувам,а не само за во школо кај и да одам утредента....
Не. Какво планирање бе И тогаш кога сум испланирла, во 100% од случаите ми се расипале плановите заради временските услови. Ова важи и за на работа кога се спремам, и кога треба да излезам. Станувам сабајле порано, висам пред плакар така добри 7-8 минути....и после се средувам.
Па обично не мислам што ке носам, и јас како и погорните членки отварам шифонјерот и што најдам тоа. Е сега ако имам некое ново парче, се мислам со што да го комбинирам, преку ноќ му правам илјада комбинации пред да го промовирам
Најчесто се подготвувам пред работа. Се случува да подготвам (или барем да размислам што би носела) претходниот ден ако имам на работа некој посебен настан, или ако треба да одам да работа саат-два порано од вообичаеното.
Јас обично од навечер се подготвувам,ако оставам за сабајле нема да стигнам на потребното место.Ова е така бидејки имам неколку килограми вишок и сега ми е голем проблемот што да облечам а тоа да изгледа добро
Јас обично од навечер си подготвувам што ќе носам наредниот ден, неможам така да оставам да не бидам подготвена и сабајлето да трчам низ куќа,сакам се да си средам пред да си легнам.
Корисна работа ова шо му текнало со униформите за на училиште. Од сабајле нема планирање, си ја земам униформата, фармерки и тргам на училиште (и си велам дај да поминат побрзо часојте за да си легнам после )
Епа јас не одам ни на работа, ни на училиште ни на факултет. Џаболебар... ама да си кажам... Во основно и средно скоро секогаш планирав од навечер што ќе носам утредента. Кога тргнав на факултет веќе не се замарав. Ама не го правев тоа затоа што нема да можам да спијам ако не смислам туку дека со сестра ми иста гарероба носиме, се ни е заедничко, па си се прашувавме, да не има некоја од нас посебна желба за нешто... И сеуште ме прашува, да не одиш утре некаде, треба да ти оставам нешто?
Секогаш спремам што ќе носам од навечер..Сабајлето само станувам(вршам ХИГИЕНСКИ ПОТРЕБИ) и се облакам...Бидејки како споро бирам што ќе носам или пак тек од сабајле поспана саат време ќе ми треба да одберам или пак набрзинка и ќе бидам како индијка..
Сабајле. Никогаш не сум избрала што да облечам уште од вечерта. Инаку, не нафрлам баш било што. Гледам да биде прикладно. А инаку, за некои поважни денови избирам од вечерта, ама ретко.
Мноооогу ретко. Подготовка можам да кажам најчесто кога следи нешто пофамозно, ден кој што ете е позначаен и кој што можеби бара подобро осмислена комбинација, инаку - не. Некогаш пред да заспијам, си правам комбинации во главата, мислам дека имам дел во мозокот каде што ми се сместени сите парчиња облека и како слики ми се редат во главата, па си велам еј ова, еј она одамна го немам облечено, добро ќе стои со ова, ова и ова.. Сликовито си замислувам, но најчесто сабајлето излегува нешто сосема поинакво. Затоа и доцнам по пола саат минимум, вади ова вади она, ништо не е доволно добро за да се облече истиот ден. Немам навика, во тоа е целиот проблем. Иако, добро би било..
Додека да заспијам навечер правам план што да облечам и кога ке станам сабајле не губам време. Уште вечерта ми е испланирано.
Станувам го отварам плакарот и моментално што ми паѓа на ум тоа облекувам. Или евентуално во случаевите кои ги наброја Изабела, кога се работи за нешто значајно е тогаш планирам предходно што да носам. Никогаш преку вечерта немам испланирано што би облекла утрото. Ми доаѓа на ум нешто, но никогаш не останувам на тоа. Некако се во последен момент се предомислувам.
Јас многу ретко правам план. Кога ќе си станам сабајле ќе го отворам плакарот и што ќе ми фати око тоа си облакам
Да си спремам за тоа што утре сабајле ќе го облечам. Зашто знам дека сабајлето ништо нема да знам што да си облечам само ќе си дремам пред шифоњерот, така тоа ми одзема време и ми отиде времето за на школо.
Скоро секогаш насабајле и скоро секогаш сакам да го носам тоа што е последно во шкафот. Нормално нели немам многу време и шкафот го правам панаѓур!
Секогаш спремно се од вечерта! Цел живот функционирам така, основно, средно, па и факултет сеедно што имав униформа мораше истата да е испеглана и ставена на столче, а исто сега и на работа. Тоа ми е навика, спремам се што ќе носам и си смислувам вечерта, по комбинацијата бирам ташна и префрлам од една во друга се што имам, чевлите во ходник си ги ставам и некогаш ги чистам од вечерта. Мајка ми функционира така, така не научила од мали, памтам секогаш ни велеше облеката и книгите мора да ви се спремни пред легнување. И ете тоа е до ден денес се ми е скоцкано од вечерта. Мајка ми дури и шминките си ги мести од вечерта, кое карминче, кое моливче за очи која пудра ќе ја стави Да пеглам насабајле? Никогаш во живот не ми се десило, нема да ми се деси мислам дека. Ако нешто што сакам да го носам не е испеглано друго одбирам одма, бидејки 95% од работите ми се однапред испеглани и на закачалки. Неможам со такви работи насабајле да се замарам, мене утрото ми е замор, неможам да мислам што да носам и да пеглам тогаш. Не ги ни разбирам оние што се пресоблекуваат 10 пати и ја оставаат собата лом наутро. Никогаш не се пресоблекувам, ни наутро ни навечер тоа не го правам, имам комбинација во глава и таа ја носам и точка. Насабајле станувам и за 20 минути одам во тоалет, се облекувам, се шминкам и искачам. Е проблем е ако не ја погодам временската прогноза, па тогаш да мора да променам облека и тука сум како мува без глава, бидејки тоа не ми е испланирано во оние 20 минути и тогаш секогаш каснам
^ Така нешто е и кај мене, војнички ред... Инаку како што сум често мрзоволна и нервозна наутро уште пеглата во раце ми фали и паники за тоа каде ми е црвената блуза пример...Вака се' ми е спремно а јас имам некоја минутка плус за излежавање...